Камо да се понуди некој да ми купи една, а не пак 2 ве постелнини! За што се натпреваруваат жити Господ, бебето е наследник на сите подеднакво! Има значи чурук луѓе, не ми е јасно.
јас сама си купив алишта при крајот на 6ти месец. мајками ми купи количка, а сатрами релаксатор, а другите поблиските ни дадоја пари. а веќе кога се роди син ми, и кога почнав да го ранам свекрва ми и свекор ми, ни купија столче за ранење. и кај нас имаше ,,расправии,, кој да купи, и што да купи. сето тоа е на почеток убаво, ама по некое време е многу заморно.
Јас со ова прашање многу многу не се оптеретував, свекрва ми рече следниот месец завесата, постелнината, облека за од болница и некоја ситница ќе докупела - што е ОК. Толку мисли дека треба и може и нема лутиш... Мајка ми пак, од пусти мерак, до сега се живо изнакупува...и дури културно си се договорија, облеката ќе е од свекрвами а плик/ќебето од неа ... за и двете да купеле нешто кога ќе се изнесува. Свекрва ми на друг начин ни помага овие месеци - неможам да речам зошто не купила нешто. Затоа пак мајка ми ми помага во областа со бебушко. Количката ми е исто подарок, едните мои баба и дедо и другите по пола ја платија.... Тетка ми ми купи седиште за во кола.... Јатрва ми си кажа....нека се роди живо и здраво после ќе му купам-никогаш не сум купувала пред време. ОК....секој со својот став и нема љутиш. Дури јас не ни очекувам некој да ми купи нешто, првенствено си викав ухх се ова не чека нас, но ете се погоди многу работи добивме од другите. А со маж ми до сега ништо не сме зеле...рековме кога ќе влезам во 9ти ќе купиме нешто....зошто за почеток искрено имам доволно работи. Подобро да сочувам пари и понатаму да му купам нешто. Прво да видам колкаво ќе се роди и слично.
за бебето ние си купувавме што ни треба иако беа малку работи затоа што се ни дадоа, или си биравме и викавме од таму тоа да се купи. искрено немавме воопшто такви расправии кој, што, како.... сепак гледавме да ни се допаѓа и ако не културно ке им кажете да ви го заменат. па сепак вие ќе ги користите тие работи.
Секако дека треба да купат, но треба да ги испочитуваме во смисла да им дадеме слобода тие да одберат што да ни купат и како тоа да изгледа. Глупаво е ти да им наредиш креветче купи од таму, ова од онаму..... Исто и јас би се почувствувала не само глупо туку и навредена, доколку сестра ми или золва ми, ми кажат, тоа и тоа купи ни па плус и од каде. Значи ако не ти држи газот финансиски, тогаш секој поклон е добредојден, а не кај шуто па и боде уште ќе кажува што и од каде. Порано се знаело ниту на свада ниту за вакви работи не се бира поклон, а сега те кани на свадба и ти кажува што да и купиш. Е тоа кај мене не пали, јас не сум баба мразица, да исполнувам желби. Јас кога ќе имам дете секој подарок ќе ми биде добредојден и никому нема да кажам ниту сугестивно да посочам што да купи. Битно ми е да биде од срце и да биде онолку колку што можат тие луге, а не да ми исполнуваат мои хирови. П.С Како нема што да се меша односот сна, свекрва? Ем не ја поднесуваш што оопшто го гледа детето ем од друга страна бараш да ти даде. Каде го има тоа?
Воопшто не е наредување. Факт е дека сите сакаат да купат. Отчекувала ти или не. Барем кај нас (а гледам и кај другите) е така. Поентата е, некои прашуваат што ти треба да ти купат, и ти ќе си кажеш што ти треба. Се разбира некои купуваат без да речат нешто. Затоа кога некој ќе праша ќе кажеш, да не имаш 30 лигавчиња а ниту едно капче. Тие штом прашуваат посекако сакаат да земат нешто па зошто да не го земат она што ти треба. Мене ме прашувале често и јас свесна дека финансиски не се сите исти сум набројувала повеќе работи што ни требаат па они си бираат што ќе купат, во рамките на тоа што можат да си го доволат. Не е просење, не е барање или наредување. Јас би рекла, практичност е. И радост е. Освен тоа што знам некои од работие што ќе ги купатмајка ми и сестра ми затоа што ми ги кажале, ги гледам шушкаат нешто таинсвено и знам дека ќе купуваат нешта што мене ни на крај памент не би ми паднале Нека уживаат. Нема да им ја скратам таа радост
Ние купувавме се што треба. Купивме само облека за излегување од болница и еден пар тренерки. Не купивме ништо друго, бидејќи моја братучетка ни даде алишта кои што ги носеше нејзиното синче. И свекрва ми купи неколку парчиња облека.
мама ми накупи доста работи и плус и креветчето ке биде од нив многу се радуват господ здравие да им даде
Нема правило кој купува за бебето, секој што сака да учествува е добродојдено, само да се направи ред за да не се дуплираат работите.На сите трошоци што одат со бременоста, прегледи, контроли, пораѓај, прирема за бебе...големо олеснение е кога има кој да појача. Ние од родителите добивме количка од едните и креветче од другите, од внук ми наследивме тон гардероба што не стигнавме ни да ја облечеме, а се останато си купивме сами.Многу е полесно кога можеш сам да си купуваш од ќеиф без да се стискаш, отколку да не знаеш што попрво и со кои пари да купиш. Единствено јас на почетокот имав замерка за работите што ги гледаше свекрва ми, па се договоривме кога ќе има желба нешто да купи да одиме заедно за да не фрла пари за нешто што јас никогаш не би го искористила и така тој договор си функционира до денес.
Кај мене никој ништо не купи од причина што скоро се имавме од внуците од двете страни. И крупните ствари, количка, креветче, транспортер, седиште, столче за јадење, онакво за пеповивање...буквално се, и еден куп облека. Стварно немаше потреба да се трошат нашите родители. Па кога се роди син ми, моите му дадоа пари, а свекрвами златен приврзок. Е се случи случка. Свекрва ми изрази желба да купи облека за бебето за изнесување од болница, јас викав не, но инсистираше. Ок викам. Само несакала пред време, не било убаво, дур сум јас во болница ќе средела. ОК. Знаете што се случи. Си спремаше мекици два дена и не стигна да ги испере и исуши работите. И беше фрапирана колку брзо ме пуштаат од болница, па ми викаше оди речи им да седиш уште еден ден, рано е за искачање. И на крај мм зема работи од дома што веќе ги имавме. Па кутриот донел повеќе комбинации да бирам, да не утнел. Наравоучение: се да ви биде под контрола. Значи и друг да купува контролирај од каде е, кога ќе го купи, дали е добро.
Креветчето е од моите количката од неговите за алиштенца повеќето сама ги купував по мој вкус само ме караа дека од 5ти месец почнав да купувам барем до 7ми да сум чекала ама јас сакав дури е пролет да си се спремам да не шетам на лето на +40 Спојлер А не дека не шетав сите продавачки ме научија на крајот се шегуваа со мене дека на улица ќе го родам а јас велев за на улица не знам ама сигурно црнче ќе родам го скапав сончање обично имам мака од жешкото ми се врти и сл. а ова лето паметот само за шетање и во најжешкото излегував некогаш гајле немав .А има и од свеки и од мајка ми купени алиштенца ми го знаат вкусот и немаме проблеми за тоа пошто слишни сме во вкусовите 3те.Свеки сама бираше ск кога беше и се ми се допадна.За од болница прво направивме комбинација од нејзините алиштенца и 1 ден пред породување бевме излезени по пелени и видовме едни шпикозни со машна како костум што личат и рече јас ова го купувам колку сака нека е и јас ајде да го земиме во ова и наново направивме комбинација ама немав време да го исперам и испеглам оставив на неа.
Ние одбравме количка, транспортер, креветче, душек и постелнина и целата сума ја поделија мајка ми и свекрва ми, по нивна желба секако. И повеќе од доволно ми е, им реков се друго ситници и алишта ќе докупиме јас и мм. Добив и некои подарочиња од мои роднини што не се од тука, а и другарки ми имаат купено некои многу потребни работи.
Пред да се роди, почнав сама да си купувам. Алишта и се што е потребно. Е после кога се роди, како доаѓаа на гости така сите донесуваа по нешто. Најчесто во договор со мене што ми треба, за да се искористи да не остане промашена сезона или бројче. А количката беше од неговите родители, а креветчето со душек и перниче од моите. Така се договоривме.
Со мм се сами си купивме количка,креветче,релаксатор,гардероба,козметика,корито со мерач на температура и со сталажа, постелнини,шишиња,цуцли за бебе итн. Меѓутоа сестра ми и зет ми ни купија лулка убава со мрежа и со корпа одоздола, вујко и вујна пари и златник, свекор и свекрва исто пари, гардероба, ќебенца и др.работи,кумот и кумата ни купија седиште за во кола,јатрва и девер хранилка ни купија,секако претходно ме прашаа што да купат за са може да биде искористено, како и сите други роднини,пријатели што дојдоа истотака носеа потребни работи.Инаку алишта,тетра пелени почнав да купувам уште од 5-от месец од бременоста за да бидам припремена
Nie sega sme vo fazon kupuvanje...si kupiv jas nesto sitno alistenca kako da go skrsam mrazot I da pocnam da kupuvam Sega sum 30 nedela pa mislam e ok da se aktivirame so kupuvanje. Inaku prethodno imav dva strasni spontani vo 5 mesec I sega nekako shube ni bese I strav da se opustime. Ama ete gotovo. Vcera maz mi kupi transportno krevetce so dusek. Inaku da se zivi I zdravi moite I merakot sto go imaat za ova nase bebe. Ke kupuvaat I ke davaat pari znam, samo cekaat da im kazam GO!!! Od drugata strana bogami nisto...se nemaat a I nisto ne me prasale. Na mm mu bese nekna nezgodno duri I vika plakarceto od niv ke bide...a nikoj ne se ponudil...zboram so sveki na tosho se pravi...mislam bog da cuva kako komsice da ke se Rodi. Ete si kazav polesno mi e
Nemozam da razberam samo kade e merakot za prvo vnuce od dvete strani I toa od na mm familija nemaat ni brat mu I nie posle nekolku drami sega eve ke ne pomiluva gospod so edno. A toa moite samo kupuvaat za vnuka mi I trgale na strana sto ke kupat koga jas ke im kazam deka moze da kupat Neznam kako da ne go varam toa nekako...dali deka mi e prvo bebe dolgo cekano...da bese za mene nemase da se zamaram ama vaka kako navredena se osekjam..maka mi e