А зошто навредена? Сепак, бебето е ваше и логично вие треба да си купувате. Јас не ни очекував од другите, ама ме иритираа прашањата јас ова, јас она и на крај вие рековте не треба.
Ние исто бевме спремни сами да си купуваме. Бабите и дедовците имаа мерак да купат нешто, па ни дадоа пари па се припиша од едните креветче, од другите количка. Вака е најдобро зошто после свекрвица што купи сама без да праша музичка играчка за креветчето ми се плачеше. Една ужасна непријатна музука. Жива среќа ја спасивме со нов дел за музика од чичко али
ние исто се сами.И подобро така.Ако нешто мразам тоа е кога некој ке ми даде нешто па после нонстоп само за тоа ќе зборува.Сами плаќавме се сами си биравме се и мирна главата на сите.
Pa sto znam valda praviot zbor e MAKA. Dali deka mnoogu godini cekano bebe pa sum si ocekuvala nekoj da saka da I kupi nesto...I vaka sum se razocarala...ama kako I da e nie sme si spremni se da si kupime..nasata principesa ke ima se od mama I tato...a mama ke se nauci da se spravuva I so takvi situacii
Да знаеш дека потполно те разбирам што сакаш да кажеш и како се чуствуваш! Ќе научиш да неочекуваш премногу од луѓето бидејќи се безобразни и ќе се носиш со тоа, а коа ќе дојде они да побараат нешто од вас е тогаш ќе се подразмислиш ако ти е полесно за издувавање пиши ми лп да не пишуваме тука, поминав низ истото верувај
Кој купува за бебето? ^мама и тато! Ние речиси се сами си купивме, од никого не побаравме, ниту очекувавме да учествува во опремувањето, па како што се сакав да видам и сама одберам немаше ни да дозволам, уште па некој со мене да се бутка и бира јок Цела облека, постелнини, ќебиња, пешкири се сами купивме, тракатанци како козметика, памперс, цуцли исто, е за покрупните ствари моите се наметнаа откако беше избрана и уплатена количката од нив да биде, со светковци истото бидна на веќе нарачан шкаф, комода. Откако се роди бејби исто не очекувам дека треба да купат тоа што не сме купиле, а ни треба, а те како искачаат ствари што се неопходни. Речиси цела облека што беше купена (56-62) бејби ја надрасна, па не ни очекувам дека некој треба да ја обнови, освен мама и тато. Најубаво секој сам што мисли нека си купи и без очекувања дека некој од мерак треба да купи нешто. @kukla21 мојава збори и ќе купи, ама после на секое го потенцира (,,ова од нас,,) и споредба со моите што колку дале/купиле па и тоа е безврска, ама јас сум толку free што не ми чуе, ако пресечам и речам немора, неможе па ќе речат не ми дава и лоша ќе бидам вака китката на десно @Ano е супер што се спасивте од ѕиу лиу @MarioliMia исто и ние доооолго очекувано бебче, лошо минато, па не сум со очекувања и замерки. Секако дека се радуваат и тие и тие, само некој радоста инаку ја искажува, по мене ако не купи (а има) не значи дека не се радува или не му е мерак, туку е таков карактер
@emkaemka дури и ја сака сега. И се смее и и прави муабет. Туку ти не презентираше како излезе комодата. Ја погодија ли или готова најде
Е да, ај да сликам, ќе најдам темата и ќе постирам. Се погодија освен полиците, поглупо неможеше да ги направат, ама беше се готово недела пред да се породам, а ние во фрки па оставив, ама на наредно кречење ќе преправам, ама барем не сметаат во пресоблекување
Ех, се сетив како беше со првото бебе, кога воглавном се ни требаше, и кога толку бевме среќни да си купиме се потребно, па си спремивме една солидна сума пари и решени бевме да одиме во малце поголем шопинг и да уживаме во купувањето за бебето. Наеднаш ете ги баби, дедовци, сестри, браќа, блиски другарки... сите се понудија да учевствуваат финансиски во тој наш шопинг за бебето. ОК, се сложивме и ова го сметам за многу голема помош и олеснување за нас! Купив креветче од едната баба, количка од другата баба, транспортер од бате, релаксатор од даде, од друг постелнина... И така ем они задоволни дека купиле нешто вредно, ем ние солидна сума пари ставивме како заштеда за бебката. Нас ни одговараше така, а и ним! Сигурно немаше да ми биде баш сеедно ако јас не си ги бирав работиве, ама за среќа сите беа свесни за тоа па ме оставија јас одлучам кој модел и во која боја, се разбира во согласност со сумата пари која ја понудиле. На оваа тема немавме проблем! Исто и облека ми купија по нешто за малата, па и тоа ми беше олеснување! Е сега за второто дете пак прашуваат ,,Што да купиме?,, Е што де кога се имам во здрава состојба, и облека и опрема од правата ќерка! Мене ова со купувањето ми е како помош која ако се дава од срце треба да се искористи. Ама ако мислите дека ќе ви го потсетуваат ,, ова јас го купив,, или ,,облечи му ги алиштата од мене,, тогаш размислете дали ви смета и дали сакате таква помош.
Се сами. На мајка ми и сестра ми им беше ќеф и ни дадоа пари за креветче. На другиве кога се породив им текна да се јават и да прашаат-што немаме, што треба да се купи Потоа му дадоа на бебе пари ко за количка. Ги тргнавме настрана , ќе му се стават на штедна книшка. Не ќе беше лошо да се учествуваше со нешто. Се испотрошивме многу цела бременост. Барем со покрупните работи. Ама и да нудеа , маж ми немаше да прифати. Сакаше сами да купуваме.
Јас како полицаец сум. Се да видам и одобрам, низ раце да ми помине. А купуваат и двете баби од мерак , и чичо и тета исто. Дури почнаа рано на што јас се лутев. Ама мерак, па нека им е . Големите работи ќе си ги купиме сами. Рекоа ќе учествуват парично. Ама и да не, не се лутам. Помош е добредојдена секако. Вишок нема да ни бидат. Во друг случај спремни сме ние да си ги сносиме трошоците. Сметам дека нашо е прцулето и нема лутиш ако не платат старите. Ќејфот е голем пред се.
Ee toa e toa zeni moi merakot. Jas sto se prasuvam celo vreme pa neli im e merak... Ali...nema veza, koj sakal donel, koj ne nemora... Ponatamu ke se podrazmisluvam I jas za sto merak ke teram...a ne kako dosega, se od srce davam, pravam, pomagam na tie isti luge...nema da moram poveke ic.. Vo pravo se starite koga vika vikaat "ke vidis kako boli za svoeto"
Зборуваше со нив околу купување или очекуваш дека треба да се понудат. Ти си само 30 недела. Може се од тие што им е шујбе да спомнат купување пред да се роди бебето. Има и такви луѓе. Јас имам другарка на која првото бебе голо ќе и останеше зашто се породи само што влезе во 37 недела, а сакаше да купи се откако ќе влезе во 9 од страв (лесно остана трудна, никакви компликации во бременост само паничар е). Дента кога се породи јас и мајка и трчавме по облека. Јас се купував после 30 недела, само количката ја купивме кога бев 29 недела зашто моравме до Солун да одиме по неа. Комода нарачавме кога бев 32 недела. Креветче добивме користено и душек купивме после 36 недела. Облека исто после 32 недела купував. До тогаш ми беше страв зашто и моето беше долго чекано бебе.
Нема зошто да се лутиш ако имаш уште многу до пороѓај. Кога влегов во 9ти сите работи ги купив. Едино во 8ми нешто купив од мерак. Кога се породив креветчето не беше уште готово, дека мм го правеше. Од моите беше креветчето, душек, постелнина,количката иако беше користена и еден куп алишта исто користени. А од на мм родителите голема елка со еден куп лампион, пред 2 месеци ги купија. Исто од нив имаше некои работи како корито, козметика, торбица и др работи кои ми ги купија пред да се породам. Јас си купив некои алиштенца, нешто од козметика и други ситници. Баш пишував овде дека немам купено ништо додека бев во помала бременост. Некако ми беше шубе порано да купувам. Ама на крај кога стигнавме дома со бебе се беше цакум пакум и сѐ си имаше.
Mene planiraat 33-34 da stignam I da me porodat.. Ne se od tie sto im e shube da kupat, trust me I know. Denes mi e polesno I ne se nerviram...nevazni stanaa za mene... Bitno si bevme na dr, beba e ok, poleka al sigurno si raste I toa e toa sto me pravi srekna.. Ma sve ke I kupam da mozam I svetot ke I go donesam na dlanka, samo da si ja doneseme doma ziva zdrava.
Jas sfakjam sto sakas da kazes Nekolku pati sum spomenala za istovo, pa neli im e merak, i znaes sto sfativ, jas ako taka se odnesuvam (citaj kupuvam od merak), ne sekoj treba da se/se odnesuva isto. Za bebeto moe, od prvata kontrola pocnav da kupuvam, spremna bev se pred 9ti mes. Moite ni kupija mn raboti, namestaj, a drugite od sram dadoa pari i veruvale ili ne gi prerekoa, deka edvaj se snasle i za tie *mocani* xxx evra (smesna suma, no ne potcenuvam, se zablagodariv!). Na mm mu prerekle. Mu rekov da gi vratime, rece ic ne im se zamaram. Ke gi vratam jas eden den, bez da znae so fina poraka od togas pa navaka, eve 9 mes, par trenerki i cevli od niv. Toa e se. Ne mi ni treba, nego neli zborime kako ne im e merak. Sami si vikaat ima se, nisto nema potreba da kupuvame Ic nisto od nikogo ne ocekuvaj. Poarno ke ti e. Nie za se sami se snajdovme i mn mi e lesno na dusickava ama. Bas nisto ne mu fali na bebus.
Јас па ништо не купив сама. Пола од работите ни беа дадени од пријатели чии деца пораснале, а другата половина ја добив за baby shower. Докупивме само уште неколку работи и толку. Искрено, како за некој што живее надвор од Македонија без роднини и блиска фамилија, бев спремна се сама да си купам, буквално ништо не очекував од никого, но испадна обратното. Бевме пријатно изненадени со мм, баш си рековме очигледно имаме повеќе пријатели отколку што сме свесни за тоа.
Баш ми е жал кога вака читам за малограѓанштинава и пререкувањето кој и колку дал, посебно кога се работи за внуче, за нешто најмило Ние за среќа немавме таков проблем, сите купуваа од мерак, многу работи ги добивме, но за тоа што се купи сите се заложија колку можат повеќе да помогнат бидејќи тогаш бевме со една плата. Просто речено ние можеби и ништо не купивме, само некое алиштенце. Сега за второ тоа што ми фали од опрема планирам да докупам, зашто имавме случка со првото кога беше 4-5 месеци ни го земаа сталакот со пресоблекувална и кадичка за друго бебе (ни беше зајмен, но прерано го побараа назад) па кичма страдаше во наредните месеци Мајка ми уште сега се најавува дека сака да ми купи комплет пресоблекувална со комода, а и од другава страна кога слушнаа што имаме за докупување (транспортер, ново креветче) одма се пријавија дека нешто од тоа ќе биде од нив. Многу се кул и изрелаксирани двеве страни, кога можат помагаат, купуваат од ќеиф, знаат и да прашаат- дали ви фали нешто. Се на се, задоволна сум
мене свекрвата ми купи алишта за од раѓање до 3 месеци и ми даде 9.000 денари за количката а другите јас и мажот ми креветче транспортно ми купи сестра ми а дрвено мајка ми и друго се јас и мажот ми а и другата сестра алишта ми донесе да не купувам воопшто