Јас си купував алишта сама и креветчето си го купивме, мајками ми ја купи количката 3 во 1, седиштето за В кола, алишта, играчки, пари и златно ланче со крст, златна цуцла и за мене златно ланче. Свеки дури бев бремена ништо не купи демек не се купувало. После купи некои алишта, хранилката, дубак, играчки, пари, златно ланче и белегзија и мене приврзок. Играчки постојано купуваат и двете баби. А алишта јас сама си знам што ми треба и си купувам. Инаку сите пари од бебуш му ги собирам во касичка и мислам има повеќе од мене . Планирам да му собирам пари и кога ќе порасти да му ги дадам или ќе му ги ставам на картица. Инаку јас се си одбрав, освен дубакот.
И ние скоро се сами си купивме. Поточно мм остави повеќето од работите јас да ги бирам. Неговите ни дадоа пари и ние купивме креветче и некој ситници. Моите учествуваа во повеќето работи, поточно мајка ми понекогаш идеше со нас за друштво и знаеше да купи многу работи за бебо, но јас ги бирав Свекрвата му купи напочеток некои алишта ама виде дека не му ги облекувам и како да се подналути ми преговори неколку пати демек на вас ништо не ви се допаѓа и мм убаво и кажа ако сакаш да купиш нешто подобро пелени или млеко или пак дади пари ние ќе купиме од тебе И сега така прави. Од моја блиска братучедка а и другарка истовремено добивме подарок хранилка и тоа баш како што сакавме од Chicco Polly слончето. Вујко ми ни даде пари за седиште во кола кое веќе и треба да го купиме и така.. Воглавно ние се си избравме
Се сами му купивме,сакав се по мој вкус да му биде. Иако во двете страни ова е прво внуче буквално се тепаа кој што да земе, ние со мм им кажавме дека сакаме сами они можат накнадно да купат. Свеки не не послуша па додатно креветче му купи и пари и златник на малиов ни даде. Моите злато за мене и алка на малиов и пари. Ние ништо од никого не побаравме не сакав никого да обврзувам бидејки сметам дека тоа е наша обврска да му купиме на бебчо се што му треба. Да немав можности би почекала со одлуката да родам дете бидејки трошоците не завршуваат со купување на креветче и количка.
И ние све сами купуваме...и на нашите им е прво внуче и од радост само купуваа..ама им дадовме до знаење дека не треба до толку трошкој...подобро да ни дадат пари или кога нешто навистина ќе ни биде потребно да купат ама ние ќе им кажиме...