за суви раце најдобра крема е бепантен, незнам дали ја има во македонија, јас ја имам и многу корисна е..
Девојки јас ја користам Bioten кремата за раце со црвено капаче, презадоволна сум. Еднаш случајно ја купив во тинекс некој 70 денари, али се испостави дека кремата е одлична. Топло би ви ја препорачала
и јас ја земав оваа со гратис ацетон исто на Афродита. Мене кремата ми е супер, а мирисот го обожавам. Цело време си ги душкам рацете
јас употребувам само еден крем здравје другите што ги купував некако ми ги сушеа рацете па не користам повеќе само овај го користам
Воопшто не сум задоволна од кремата за раце од Авон со арганово масло. Кога ќе нанесам слој од кремата веднаш се впива, но ако по неколку минути сакам да наненсам уште малце чувствувам како да ми се формираат грутки од мртва кожа. Да не зборувам за тоа лошо чувство дека после секое миење на раце имам потреба да нанесувам од кремата... мноогу лошоо
Не сум задоволна некако како да ми ги суши многу рацете Сега користам две креми за раце Од Aвон со какао и путер и од Балеа со лешник што е, од двете сум презадоволна.
Дали некој ја користел кремата за раце Dove? Јас ја имам користено неколку пати, ама ич не сум задоволна. Брзо се суши, така што рацеве не се долго време мазни. А и лошо мириса.
Вчера си купив некаков концентрат за раце од Балеа , против студ и сушење. Ептен ми се погоди. Два пати нанесов , и рацеве неможам да си ги изнагледам Мириса одвратно , али ми омекнаа , не ми се познава црвенило од ладно... Топло ви го препорачувам , а и некаде 50-60 денари е.
Си реков ај онака да си ставам на рацете крем 48...кај ставив кај запустив! Рацете ми се сега како на стодишно крцкалче то ест баба на 70тина години бе...се изнервирав така една недела ми се...ај ставам малку од здраве кремот и понекојпат и од букет нешто така некој крем за раце од орифлем...кожата ми е сува како да распукала некоја карпа на милион парченца здробени наоколу..ете така...и ај сега...порачав еден крем порано што го користев од авон,си сум задоволна од него и ќе го користам,но во меѓувреме некоја препорака за моето мини проблемче? Не сакам рацете на матурата да ми бидат како олд лејди стајл... м?
Препорака за некоја крема за раце, да не е на база на глицерин, да се впива брзо, а да е хидратантна и убаво да мириса. До 300-400 ден.
@Avery, Нивеата е со масло од макадемија и е околу 200 ден додека авоновата крема во наредниот каталог ќе биде 59 ден
Најдобриот крем за раце дефинитвно, предобар е . Во новиот каталог малку е поскап ама вреди за парите.