Сега има многу креми, ама според мене најдобра крема за овој период е 48,рацете за една недела стануваа многу нежи, меки и,и го враќа сјајот на кожата
Жити се мила, од кај ја наоѓаш? Изгледа во погрешни маркети барам.. Порано ја користев, сега користам бекутан ама
Jas koristam krem za race na dove Takva krema mm koriste ja kupi od marketot zdravec vo strumica pred nekojden
Значи ,ќе си пукнам.Од жена со негувани раце и нокти,дојдов до тоа да имам распукана кожа на прстите.Не е на сите ,туку само на палецот и показалецот,најверојатно зашто тие ми се најизложени кога работам.Да не сликам,да не ве фати уплав ама ситуацијата е критична.Прстите ми се како пустината во Сахара. Пробано се од Нивеа,Гарниер,Балеа,48... ништо не ми помага. Помагајте!!!!!
@lunicka Да пробаш со маст од невен и масло од кокос? Невенот Ја регенерира кожата и за брзо ја враќа во нормална состојба. Пред две недели ми беше испукана кожата само ма десната река,пресушена беше и на некои места крв имав, само со неколки мачкања на невен маст и кокосово масло (заедно измешано) ми се нормализира
Кокосово користам редовно,не помага. Од невен не сум користела,иако веќе и не знам што да купам,само фрлам пари а ништо нема ефект.
Пробај навечер пред спиење кокосово масло и какао путер,и купи си памучни ракавици за спиење.Јас земав едни од Авон 100 и нешто денари,кога ќе ставам масло да не ја мрсам постелината.
Оваа ја користам од Орифлејм, мирисот е преубав, го имав и сапунот од оваа линија, непреболен ми е. Ама иако јако мирисаат, вака кога ќе се измиеш/нанесеш од кремата оставаат некој благ мирис на кожата.
@lunicka, пробај да мачкаш со Мелем, исто и со Цера ди купра (роса), која иако е првенствено наменета како крема за лице за сува кожа, одлична е и за раце. Многу ќе ти ги направат мрсни рацете ама важно помагаат и лечат (прашај паталец!)
Многу е убава цера ди купра, ја имав истава "роса" многу е мрсна таман за сува кожа, додека другата верзија "бианка" не е толку мрсна, за нормална кожа беше таа мислам. Оваа е одлична и многу помага, таман за периодов. Сега сум на dove
Факт е дека 48мицата е незаменлива и за квалитет и за цена, али ова нешто е прекрасно! Дава сјај и брзо се впива во кожата, и мириса прекрасно..
Да, јас ги користев. Мене ми се допаѓаат многу. Немаат некоја масна и тешка формула и бргу се впиваат, а сепак убаво хидрираат и не оставаат чувство на сува кожа по нанесувањето. Фино мирисаат, ама кај нас се прескапи. Ако можеш да си ги купиш од Америка супер, таму се доста поевтини.
Моментално овој го користам како крем за раце, на двајцата мои индијанци не им се погоди како крем за тело, ама мене ми е совршен за раце, на работа нонстоп се мачкам. Мојот е во старата амбалажа, на плаво што е.
Погуста е од останатите креми на Балеа, но не е воопшто мрсна. Веднаш се впива и има неутрален мирис. Мене ми е незаменлива. Цена: 119 денари