Рацете ми се како суви на некој места ставам бетаметазон,но потоа ми остануваат како црвени флеки И изгледа многу неубаво,незнам како да опишам Инаку имам некој вид егзема затоа користам бетаметазон,но да ми препорачате некоја навистина добра крема
За раце, лакти и пети веќе некое време го користам ова кремче Многу ми се погоди, ај реков да го пробам и не е лошо. Имајќи предвид дека имам проблем со сува кожа на рацете од ракавици и пречесто миење, кремчево го средува тој проблем. Во Белина го има, околу 200 денари е, 100мл. Ама многу малку треба за меки раце. Помага и за суви лакти, колена и пети (донекаде), ама за некој што нема проблем со пукање на кожата на петиците, кремчево ќе биде топ.
Како лепак... Карбон лепакот од наше време Не е баш пријатен, ама мене не ми смета. Мислам дека е од шеа путерот, иако содржи и масло од шипка и кокосово масло. Кокосот воопшто не се осеќа,
Дечки, ве молам препорачајте ми замена за кремата Мелем. Никаде ја нема а мене очајно ми треба крема што ќе ми ги смири рацете Пробав со Аквафор на Еуцерин ама не е тоа-тоа @Annath, кремов што погоре го имаш постирано, мислиш би помогнал за раце што се вцрвуваат и пукаат од сувост? Мене и ранички знаат да ми се направат што крварат и затоа морам што побрзо да најдам замена, обичните креми за раце ич не ми вршат работа.
Не знам дали би помогнал, јас едно време имав таков проблем, плус неуродерматитис, само Антикорт кремот на Фрезидерм ми помогна. Во Зегин го има. Самото име кажува, не содржи кортикостероиди, а има ист ефект. Оти сува кожа со рани асоцира на егзем за кој се користи кортико крем.
Долго време ја користев protective care beeswax на Nivea ама кога ѝ се вратив по кратка пауза, кожата ми регираше со црвенило и чешање. Се префрлив на silk proteins на Ziaja. Квалитетен производ со ниска цена, што инстантно ми ги омекнува рацете и има прекрасен мирис. Поради употреба на различни дезинфекциони средства имав силна реакција и моменти кога кожата буквално ме пржеше, проследено со ужасно чешање. Пантенол кремата на Галеника прави чуда! Не треба дебел слој, лесно се размачкува. Единствено ми пречи што е мрсна, и затоа ја нанесувам само навечер пред спиење. Во аптека ми имаат подвалено pantexol со тврдење дека составот им е ист. Не, не им е, можеби се слични ама се чувстува разлика. Тешко се истискува, треба поголема количина за мала површина и има непријатен мирис за мене. Јекодерм маст, по тешка изгореница, ми ја оправи раката како ниту една друга крема.
Како и повеќето, и јас имам проблем со сува кожа на рацете во зима. Може ли да ми препорачате некоја крема за раце, да ја носам постојано со мене и во ташна? Не ми е важна цената, само навистина да помага