Од Зиаја таа со церамиди што е. Сега и друга една добив на поклон, уште не сум ја пробала да видам како е, другиве што ги имам почнато да ги дотрошам. Или за на Dove ме прашуваш?
Баш таа денес ја купив сосема случајно, па сега ми текна да прабарам на форум да видам дали добар избор сум направила и баш се израдував кога видов дека си задоволна и дека и за егзема ти помогнала. И јас мака мачам со егзема, некогаш и срам ме фаќа
Катастрофа ми беа рацете едно време ради егзема. Сега ја држам под контрола егземата, ништо не се познава, освен ептен на допир малку посуво местото каде порано имав егзема, но ништо страшно. Заморно е само, на ден 4-5 пати крема ставам, ако не и повеќе, никако не ги оставам суви рацете и без крема. Ама за егзема ја си приметив и што друго ми смета и пазам и на тоа. Пример пожешка вода, ептен жешко ако ми е во собата ноќе, тешки сапуни и детергенти, латекс ракавици, а и стрес, па и сува кожа кога е ладно и ако не нанесувам крема за хидратација. На се ова пазам и гледам да е сведено на минимум и последниве месеци добро е.
Предлог крема за раце? Користам на Зиаја ама само моментално ми ги омекнува рацете после тоа пак исто,не ме хидрира доволно. Рацете како шмиргла ми се
Јас сум многу задоволна од оваа крема, а пак мирисот колку ми е навлекувачки, неможам да си легнам ако не го мирисам на рацете
Кај ја има оваа крема? На што сака нека мириса само да ми ги опраи рацеве зошто ко шмиргла ми се ич несакам вака.
Мојов вечити проблем овој период од годината. Иам користено све и свашта, од најефтини до поскапи варијанти и еве, 26 години лејтр уше не можам да си ја погодам кремата. Веќе и рани почињаат да ми се прават. Барам крема без мирис, да не лепи онака грозно коа ќе се нанесе него убаво да упие, да хидрира, али да не ја суши уше поише кожата ради тоа шо е екстра мрсна… Совети? Цената не ми е битна.
Мислам дека ја земав лани али дека ми лепеше така ко шо ептен ме нервира. Ама прочитав неколку страни од темава, дефинитивно ќе и дадам уше една шанса. Фала многу!
На мајка ми повеќе и одговара таа во туба за раце што пишува, а мене па ми одговара повеќе оваа во кутивче што пишува дека е за лице и тело, ама јас за раце си ја користам. Ги имаш во аптеките, но и во продавниците, дури и во ДМ ги има.
Бепантен да пробаш? Јас за тетоважи ја користев, ама мајка ми имаше рани од алкохолите шо ги користевме за дезинфекција. Рече дека многу и' помогна. Ептен малку треба да ставаш за да не остава мрсно. Од Зегин ја земам, околу 200 денари е.
Рацете не можев да си ги оправам цело зимо, дури и егзема ми се појави, па купував кортикостероидни креми. Егземата ќе ми се повлечеше, па по некое време повторно ќе ми се појавеше. Ја земав кремава која што видов дека ја изнафалија членки на форумов. Рацето буквално ми се препородија. Цела егзема ја снема. А рацете помеки никогаш не ми биле.
Предложете ми добра крема за раце, имам суви раце и сега на едната рака и хемиска изгореница. Се спржив од средства за чистење