Сум се мачкала со секакви креми, ама немало којзнае колкав ефект за мојата сува кожа на рацете, нарочито во зима. Сега само со вазелин се мачкам и најдобро ми се покажал до сега.
Кремава за раце ја купив пред некој ден. Сега за сега ми е супер. Ми ја прави кожата мека. И има мн пријатен мирис, на крема за сончање, а јас го сакам тој мирис. Има ли некој друг да сподели искуство?
Баш се мислев која да ја земам. Оваа чинам последна беше, па си реков сигурно и други ја купуваат, значи убава е. Ко ќе ја потрошам, ако ми се погоди до крај, ќе ја земам и другата.
Овие две ми се најдобри за многу сува кожа, мене и двете ми помогнаа. Првата ја користев кога ми пукаа рацете од сувост, а во нормала само втората ја користам.
Оваа конкретно ја немам пробано, но другите нивни креми се сите супер. Често се и на попуст и многу евтино излегуваат за 100мл, а и навистина долго траат.
Оваа крема за сува кожа не е, јас имам сува кожа, ставив на раце еднаш, бетер барут ми ги направи, пробав со друга на зјаја бетер се откажав од брендов
Здраво на сите! Рацете ми се пресуви веќе и преболни стануваат. Дали имате некоја препорака за добра крема?
мене само оваа од Неутрогена ми помага https://zegin.com.mk/mk/neutrogena-koncentriran-krem-za-race-bez-miris-50-ml само сега малку е изменето пакувањето
@Ѕвезда_23, Од мене имаш топла препорака за следнава крема: Го дознав од форумов кога се зачленив и од тогаш цело време го имам со мене. Можеш да мачкаш раце, усни, лакти, петици...Мене рацете ми се пресуви, дури и крв ми тече па имам пробано се што може да се најде кај нас во Мк и Мелемот ми се има покажано како најделотворен. Го има во аптеки и подобро снабдени маркети. Поголемото пакување е околу 300 денари (ама често се начекува на попуст). Мрсен е и по многу малку се користи па така долго трае и ја оправдува цената.