Во последно време рацете ми се испукани цели, заради тоа што користам лосион против акни со солиден процент на алкохол, па ми се уништуваат. Користам Силк од Орифлејм. Не е нешто вау со зачудувачки резултати во однос на заздравувањето, ама сепак ги оменува рацете доволно, за потоа да имам нежна кожа. А мирисот е сон - нежен, ме асоцира на свила. Кога ќе подразмислам, ми се допаѓа целава колекција, ама дефинитивно сум имала креми кои давале позадоволителни резултати.
Моментално ја користам оваа крема за раце Ја купив од Зегин, задоволна сум, и многу убаво мириса, така на свежо.
Само што ја пофалив и во една друга тема Кремава за раце од кам ми е омилена. Преубаво мириса и ги омекнува рацете,а што е најважно не е воопшто скапа.
Ова ми е најдобрата крем за раце што воопшто постои. Премногу ги хидратира рацете, одлична заштита дава и преубаво мириса. Малку е поскапа (околу 130 ден. можеби), ама по помалку се става зошто е помрсна, а и лесно се размачкува.
Лично е користам бидејќи постојано работам со масла и сл. препарати од кои ми омекнува кожата,ама кај мене дома сите употребуваат 48 крем за раце . Многу се задоволни од неа,а и не е скапа.
Прво ја згрешив темата ама сега нема каде да бега. Кремот за раце на мис меџик од бадем е најубавото нешто што и се случило на мојат кожа на рацете. Многу лесно се впива, преубаво мириса, и не се ептен мрсни рацете потоа, од некои креми телефонот на тач не ми фаќа бидејки се зејтин-мрсни. Еве како изгледа.
Да ги испофалам кремите за раце и нокти на Авон и тука! Од кога ги откривме, нема ден дома да немаме на залиха некоја од нив. Сите се исти, со глицерин, калциум и витамин Е, само ги има во повеќе амбалажи. Ги има некогаш и сите одеднаш во каталог, но некогаш и само по една,две. Цената им оди највисоко до 150 денари, ама секако дека секогаш ја нарачувам најефтината кога се исти и со најчесто иста количина де. Вели дека е и за зацврстување на нокти, па може е и вистина-ете не ми пукаат ноктите (не дека сум имала проблем со ова ), ама рацете ги омекнува и брзо се суши откако ќе ја нанесете и мирисаат убаво. :up: Еве овие,а моментално ја имаме црвената за 99 денари.
Се сложувам за кремите од Авон,убави се.Морам да ви препорачам една крема за раце,значи прекрасна е,никогаш не сум имала по убава,по ефикасна крема за раце од оваа. Има грозен мирис,морам да признаам,ама преубава е! -Многу ми пукаат рацете и ми стануваат многу црвени,со само едно ставање од кремата,одма ми се враќаат во нормала.Кремата е од бадем,поточно од масло од бадем и екстракт од невен. Еве ја,пробајте ја!
Потврдувам и јас за кремава ставена погоре-кремата од бадем. Прекрасна е, само пофални зборови имам :up: Мислам дека во секунда ги омекнува рацете. П.С. Мене не ми мириса лошо