Не знам зошто,но ако не ставам крем на рацете се чувствувам суво. . Го користам кремот од Бекутан и од Авон една крема.
Јас ја користам кремата за раце на Далија веќе долго време и никогаш нема да ја сменам, освен ако не престане да се произведува. Има повеќе видови, ама мене најубава ми е онаа со алое вера, со пантенол и витамин Е. Мириса прекрасно, лесно се размачкува и ептен брзо се упива. После 2 минути од нанесувањето исто како да не сум ставила крема, рацете не ми се воопшто мрсни и го немам она лепливо чувство. Топло ја препорачувам :up: Еве ја:
Дефинитивно најдобра, моментално ги омекнува рацете и ги одржува влажни подолго време. Ја препорачувам, спас за сувите рачиња во зимскиот период.
Неможам да најдам слика од кремчето кое јас го користам, од Кам La Ligne, од камилица. Многу убаво ги влажни рацете, убавко светат, не изгледаат суво. За 65 денари сум презадоволна од кремчево.
Кремата за раце не е толку битна како што е битен сапунот со кој ги миете рацете. Задолжително е во зима да се користи сапун кој содржи глицерин. Разликата е очигледна до толку, што можеби со добар сапун нема ни да имате потреба од крема. Проверено!
Се соласувам со маја8 дека сапунот е многу побитен отколку кремата. За овој период треба сапун со мнооогу глицерин. Јас инаку повторно ќе ја испофалам кремата на Атрикс. Повторно си ја купив не знам по кој пат, а сега во вакво пакување :
Јас со години ја користам кремата за раце и нокти со глицерин, калциум и витамин е од Авон. Незаменлива е, посбено за во зима Топло ја препорачувам.
сега за сега користам павловичева бидејќи во зимаљ многу ми се суши кожата на рацете и ми пука па така да павловичевата ми ја омекнува
Dali bekoj ja ima probano kremata lejdi sikret ??? Pred nekoj den ja vidov vo prodavnica i se mislam dali da ja zemam ili nz zosto ne znam dali e ubava
Спојлер http://www.facebook.com/photo.php?fbid=474859305881998&set=pb.319748168059780.-2207520000.1359251550&type=3&src=http%3A%2F%2Fsphotos-f.ak.fbcdn.net%2Fhphotos-ak-prn1%2F535707_474859305881998_1167933921_n.jpg&size=897%2C863 Вакви си користам... Најдобар ми е оној од алое, а тој со екстракт од Роза има преубав мирис
Ми се допаѓаат кремите за раце на авон. Пред некој ден купив во кам маркет крема за раце со маслиново масло зa само 65 ден, убава е, рацете ги прави меки и нежни.
Се посува кожава ми стана од кога користев една крема од Џамбо,и сега си се вратив на Бекутан и Нивеа.Дефинитивно ми се најубави и највеќе ми помагаат за сувава кожа