Немам некоја одредена крема за раце, користам што најдам во мало паковање за да можам да ја носам со мене во ташна. Ама не одам никаде без крема за раце. Едно миење и толку ми се сушат рацете што мислам дека ќе се мрднам од паметот ако не се намачкам со крема...
Дома секогаш имам Глицемил крема мојте ја користат, не е заменлива..а јас си зедов демек посебна една од Орифлејм од јаготки ама можи само да му се фати на Глицемилот
не чини и јас се затрчав само по паковањето шарено и се зафркнав само мирис има ништо друго. и јас неможам без крем за раце само си се мачкам и убаво ми иди ептен сува кожа имам
Кремата за раце од Авон си ја носам секаде во ташна ми стои,мн сум задоволна и многу убаво мириса Исто така и овој крем за раце е совршен , обично после миење садови многу ми се суши кожата на рацете па ставам од овој крем.
Мојата кожа на рацете ми е супер и мека, ама во зимскиот период ми се испукува. Па најчесто ја користам оваа на втората сликата од Oriflame, но многу ја кажуваат и таа од Avon дека била добра, ама јас ја немам таа.(прва слика)
Прекрасна е. Ја добив на подарок и можам да кажам дека е една од поквалитетните и одлично ја потхранува кожата.Мириса на лето.
Најдобри досега ми се покажале овие две. А, најлоша крема за раце е оваа, за разлика од кремите за лице од истата фирма од кои што сум многу задоволна. Едно кило да ставиш мислам нема да се впие и после рацете се повторно суви.
Најдобрата крема за раце што некогаш ја имам пробано. Одма се упива, одма ги омекнува и има прекрасен мирис на шеа путер.. Препорачувам!
Незнаев кај да прашам, па ајде тука ако знае некој нека ми каже. Правев салата со лута пиперка па рацете ми горат, ме печат, страшно нешто, неможам да поднесам. Помош некоја, да ги измијам со нешто, да ставам нешто ...
LALIGNE CARE - OLIVE (Со маслинки на сликата) 60 и нешто денари е во Кам маркетите и предобра ми е сите ја фалат
Си го нарачав овој крем за раце од орифлејм, и не мириса баш убаво, но многу е мрсен рацете ги прави меки.
Ретко користам бидејќи рацете ми се потат многу, знаат да ми бидат и мраз ладни ама испотени. Имам од нивеа , долго време ја користам.