^Мене оваа ми ги опраи рацеве. Ја купив од ДМ,околу 70 денари,демек да ја пробам.Подобра крема во живот немам користено.Препорачувам
си купив прекрасен крем за раце од ессенце преубав е,прекрасно мириса. Iма розево на анего,ама 2 дена не ми текнува на која овошка ми мириса а знам дека е некоја
Пред некоја зима кожата на рацете страшно ми се исуши и испука, пробав неколку креми и немав никаков напредок додека не ја земав црвената крема за раце од Гарниер. Наменета е за многу сува кожа, по само две ставања пред спиење кожата како на бебе ми се направи. Инаку ми се чини дека на времето околу 130 - 140 денари ја земав, ептен ја препорачувам за суви раце и испукана кожа
za ispukana koza koristejte Dahlia krem od aloe vera navistina pomaga jas imav ispukani race no veke nemam
Моментално ја користам од Зиаја cocoa butter Мене ми се допаѓа. Хидратира, брзо се упива и рацете не ми се масни откако ќе ја нанесам. И преееееубаво мириса. Немам зборови со кој можам да го опишам мирисот
Бидејќи нема соодветна тема за прашањево, ќе го поставам тука. Каде има вакви гелчиња за суво миење на рацете?
Најзадоволна сум од нивеа и обично само неа ја користам. Онаа сината. Некогаш ставам и од онаа на дав, а пред некое време си порачав една од орифлејм на база на праска... е таа беше совршенство преубава, нежна и многу убаво мириса. Треба пак да ја побарам
Оваа е навистина добра крема. Јас ја користев долго време, после сакав да ја пробам таа од Кам на La Ligne со маслинки. Сега неа ја користам, исто многу добра крема, а и ефтина.
Јас моментално ја користам оваа крема и можам да кажам дека сум презадоволна,рацете ми се меки и нежни.
Дефинитивно најдобра е,само не знам дали сте забележале дека и го менуваат пакувањето постојано Секогаш е поинакво,но јас запазувам да има витамин е,цалциум и глицерин Јас имав проблеми со рацете алергии оваа крема ми ги среди,а со редовна употреба ги зацврстува по малку и ноктите Постојано ги менувам производите за нега на кожа ама кремава не ја давам за жива глава
Јас веќе неколку пати по ред ја купувам на Неутрогена кремата. Не е мрсна, брзо се упива, и супер ми ги прави дланките. Спојлер
Јас како зависник од креми за раце и лабела, морам да си кажам овие на неутрогена се креми со најубав мирис дефинитивно. Професорката по Биохемија кога и да дојдеше да предава, цел амфитеатар мирисаше преубаво, и сите се прашувавме што парфем користи, а оно да ти било кремава. Искрено малку се скапи за таа количина ама мирисот е Спојлер Дома морам да си ги имам овие две на Нивеа, исто со преубав мирис. Едната е против стареење, ама мирисот ми е љубов, и нон стоп си ја имам во ташна. И уште една крема, со убав мирис, за некои си шеесетина- седумдесет денари Малку е послаба, ама јас си ја шлапам по дома, нон стоп. И како што можете да приметите изгледа мирисот ми е најважен. Ама морам да се пожалам од оваа. Спојлер Мирисот не е ништо посебно, ама тоа немаше да ми смета толку колку тоа што кога ке ја наесеш остава како некој слој, буквално како обвивка да имаш околу рацете, дали е пораги силиконот што го има во својот состав стварно незнам. Башка еднаш таман си ставив од неа, си го облеков капутот, бидејќи зима беше, кога го видов, од црн побеле од кремата каде што сум го фатила
Убави се,имам пробано од таа првата,нежни ми беа рацете,меки ...а за цена незнам,мајка ми ја купила тогаш кога излезе,да ја пробаме.