Користам крема за раце од La ligne care,од маслинка. Кремата ја купив од Кам маркет за 65денари. Презадоволна сум од неа,ја препорачувам!
Го користам овој крем за раце и навистина е предобар. Ги омекнува рацете и ги заштитува и зајакнува ноктите.
Ја користам оваа крема за раце на Aroma Green Line, CHERRY Омилена ми е. Убаво ги омекнува рацете, а и прекрасно ми мириса. Ја има во Веро - 50 ден.
Јас ја користам таа крема од маслинка што е од Кам маркет ја купувам. Ефтина е кремата, многу убаво ми ги прави рацете мазни и пред се убаво мириса на маслинка. Тој што има ваква крема знае.
Го користам од Авон Avon Care Glycerine НО исто така доста добар е и тој еден медицински 80 или 75 ли како имаше бројка.Пакувањето му е во розева,бела тубичка за паста.
Многу малце очекував од оваа крема ама мене ми се погоди. Ја земав во ДМ на попуст беше. Има убав мирис, а рацете ги прави баш нежни и меки.
Кремава ми доаѓа да ја изедам, прекрасно мириса. Добро хидратира и мирисот на рацете се задржува. Имаше и од банана и од киви, се мислев меѓу бананата и оваа, ама сепак се решив за јагода. Нареден пат ја земам таа од банана. Инаку цената е 149 ден. Можда малце преценето за Есенс, ама па стварно е добра.