http://nl.oriflame.com/catalog-images/p ... 0114_1.png http://gb.oriflame.com/catalog-images/p ... 5491_1.png Ги имам овие два и од двата ставам секогаш ралзично. Убави се и кожата ја прават нежна и мека.
Ја загледав во аптека, ама ај да ги потрошам овие што ги имам прво си користам Cera di cupra rosa за лице 5 е кремата
Овие се одлични Сестра ми дека масира, цело време рацете со масло има преубави меки раце као на бебе газе
Порано ја користев оваа крема од Авон, но воопшто не ми се погоди, остануваа бели траги по цели раце и да нанесиш малку крема,не ги омекнуваше добро рацете, освен убавиот мирис ништо друго не ме бендиса. А сега ја користам од истата линија ама кремата со глицерин, ова е многу подобра ја омекнува кожата, лесно се впива и не остава бели траги. А и миристо не е лош
Naturally, каде ја виде за 75 ден.??? Јас ја барав во ДМ, и ја најдов, но беше 150 ден.... Пиши ако знаеш.
Бекутан користам и за лице и за раце. Али во последно време почнав да користам бугарска крема од козјо млеко, слика барав нема.Ептен е погодна, мирисот и е добар и рацете ги прави меки.
Сите креми кои ги имам користено последниве неколку години, на почетокот ми се добри (додека ги пофалам ), потоа по старо, ми се сушат рацете, дури и ми пукаат понекогаш. Конечно решив да си земам еден од веќе проверените Glicemille или Atrix (ги користев пред едно 10 години) се надевам сеуште се квалитетни. Дали тука има од Глицемилот во туба, немам заприметено, а попрактичен е за носење? Колку им е цената отприлика?
Ја купив Атриксот 120 денари, 100ml. Кремата стварно е добра, добро, со само 2-3 дена користење, и се надевам нема да сменам мислење после некое време, како што беше случај со други креми. А инаку и мирисот е таков каков што го памтам, и тоа ми дава надеж дека и квалитетот е задржан.
Јас ја користам оваа на Aroma Greenline Cherry и сум многу задоволна, пред се затоа што мириса прекрасно. Доста е евтина ~ 50 ден.во Веро. Ја користам повеќе од година дена и немам ниедна замерка, погодена ми е. Ви ја препорачувам
Не користам крема за раце, имам нежна кожа и многу многу ретко може да се деси да ми е сува. Инаку се дешавало, да користам крема за раце чисто ради мирисот.
Неодамна го купив овој крем за раце. Морам да признаам дека ме привлече амбалажата и мирисот кој го има. Не се надевав дека ќе излезе толку добар, баш каков што сакав. Има мирис на чоколадо со нежни тонови на јаготка, не е мрсен( што за мене е мн важно, мразам мрсни кремови), рацете ми стануваат меки, свиленкаста кожата и најнај убаво мирисаат. Го купив во Дм 149ден. Ви го препорачувам.
Долго време го користам кремот за раце Express hydration од Nivea. Има лесна текстура која брзо се впива, не создава чувство на лепливост,а кожата ја прави мека и нежна. Мирисот е дискретен и долготраен.Го користам само навечер.Цената е 140 ден. Ви го препорачувам
Ја користев оваа крема од Орифлејм, Love is in the Air. Брзо се впива, но потоа ги остава рацете суви, какви што биле и претходно.
Имам многу нежна кожа и ако еден ден не ставам крема за раце, веднаш ке ми испукаат. Ставам задолжително пред спиење, и наутро кога е ладно, зашто студот ке ми ги уништи рачињата Ете и слика од кремата што ја користам отсекогаш
На Афродита мене ми се преубави. Лесна формула имаа и брзо се впиваат, рацете ги омекнуваат и ги прават мазни, мирисите им се феноменални. Кога ќе ставам со таа од бадем ме прашуваат што парфем имам иставено. Ја немам пробано само таа со невен. Цената им е тука некаде, нешто помалку од 200 денари, ама често се на попуст па се наоѓаат по 120-130 денари.