Pantenol кремата е наменета за сува и осетлива кожа. Може да се користи и за кожа што е третирана со агресивни производи за лечење акни, а самата таа не е за акни.
Против акни користев BB protect, 3 пати на ден, за бебиња е, но многу помага. Покрај тоа што ги чисти акните, спречува појава на нови.
Против акни јас користам мицеларна вода H2O која навистина ми помага за моето лице,исто така ја чисти шминката на лицето.
Поздрав до сите што го читаат ова, се надевам дека дека ќе им користат моите предлози и мислења од долгогодишни искуства (на оваа проблематика) а кои можат заинтересираните да ги добијат како совет во директен разговор со конкретно прашање во DM, чисто од практични причини и заштеда на време. Во тој смисол би можел да го издвојам последново искуство, кое за разлика од сите други претходно е клучно. Без разлика на пол, возраст или тип на акни, делува. Делуваше кај мене а овде дојдов одкако им помогнав на други кои всушност и ми го предложија форумов. (Подолу пишаното не се однесува на оние кои периодично имаат акни но истите доколку продолжат со читање можат да го пренесат на друг кој можеби имал слично искуство и нема да се чувствува како единствен) - Оние со лесен тип, можат да поминат само топикално со креми и некој козметички третман, другите можат само да пробаат и да се надеваат залудно. А затоа што тоа не е тема, нема тука да именувам дерматолози и козметички студија иако годините искуство позади, збори само по себе колку тие и нивните методи се ефикасни. Нема да именувам страни дерматолози и козметички центри каде меѓудругото се прават и креми по нарачка. Но ќе спомнам дека сум користел (ро)акутан во неколку наврати а за повеќе, може да се обратите приватно. Додатоците во исхрана по рецепт на специјалист, претпоставувате сум ги имал како искуство дури повеќе од сите препарати наменети за надворешен третман. И нив нема да ги именувам поединечно (кои / како делуваат) затоа што не делуваат долгорочно или барем не ВО СПОРЕДБА СО Б5 кој е присутен под разни имиња и пакувања дотолку повеќе на големиот пазар надвор од државава што големи се шансите да се избере, набави и купи погрешната варијанта, со сомнително потекло и мешан квалитет како оние што се во ситен прав присутни на големите интернет продавници како AliBaba и слични. Кремата на база на пантенол односно кремите со органски пантоненски киселини и цинк одат по дупла цена а со дупло помало, пократкорочно дејство од правилно избраните суплементи со гарантирана чистота кои се пијат по потреба но без никакви контраиндикации. НИКАКВИ <----- најбитното нешто а воедно и најзапоставено од локалните специјалисти кои свашта предлагаат без да напоменат дека една крема која е наменета за надворешна употреба неретко знае да води до повраќање, нарушен сон и стомачни болки или (во случај на) дерматолошките третмани со активни киселени кои предизвикуваат главоболка и нарушена концентрација. За разлика од проверените и сертифицирани B5 суплементи кои се продаваат без рецепт и без проблем се набавуваат преку интернет и минуваат беспрекорно на граница, исто како омега 3 суплементите и некои протеински додатоци што не бараат посебна контрола. Летово имав искуство со еден млад бодибилдер кои никогаш немал проблем со акни но откако почна со користење на повеќе додатоци во исхраната кои одат со активен тренинг, кај него со тек на време се јавуваа на грбот за кои велеше дека му се од стрес но покасно во неврзан муабет ми спомна дека вршел набавки на суплементи од интернет и од познаник надвор од земјава, на што јас му посочив да проба со B5 кога веќе има прилика од надвор затоа што од тука неможе ниту да се нарачаат преку интернет а тогаш кога ги има на располагање, доставата важи само за земјите во ЕУ. Истиот по кратко време ми кажа дека не само што му делувале на акните туку и стресот го снемало а одпосле (со консултација) разбрав дека B5 главно се препишувале и како анти стрес терапија. И се ова се горе доле познати работи а низ интернет кружат многу информации и брендови под тоа име. Она што заклучно и одговорно го тврдам е дека во мојот случај САМО една комбинација на B5 ТАБЛЕТИ - ДЕЛУВАШЕ како треба. Но по претходна консултација со специјалист надвор од земјава и затоа што тука ги немаше, набавив повеќе одошто ми требa и моментално имам неколку отворени можности: 1. Да ги вратам во пакет со гаранцијата - неотпакувани; 2. Да ги продадам во аптеките по договор - каде ќе бидат препродадени; 3. Да ги понудам на интернет и помогнам некому непосредно - по набавна цена; Иако рокот на траење е три години, неотворениот пакет, по празниците ќе биде вратен со приложена фискална сметка од каде што е купен а отворениот се надевам дека ќе биде своевремено достапен на оние на кои им е највеќе потребен B5 и секое инфо понатаму може да го добијат приватно но и јавно доколку прашањата не се косат со правилата на форумот.
Морам да пофалам еден крем кој многу ми помогна. Се работи за природна козметика LA SOY (има штанд во веро џамбо). Кремот се вика пенаст шеа путер за бебиња иако е наменет за иритирана бебешка кожа одлично помага за бубулици. Кремот е доста мрсен па затоа го ставам на вечер и следниот ден видно е намалено воспалението. Цената е 360 денари. Од мене голема препорака
Zdravo devojki! Sekoj so svoj problem,no ke kazham deka tipo os pubertetski akni i onie cisticni so soodvetna terapija mislam se chistat! No,dajte reshenie za onie kako mene,jas pak maka si macham so onie komedoni (podkozni topcinja)! Znam deka bi se reshile so stiskanje,no probuvav ednas na kozmeticar i povtorno se vrakaa,imav po nekoe na chelo i na liceto na samo eden del,no po preporaka na dermatolog sega koristam AknefugKlindacin,Sona i edna krema sto se pravi! Ajde vo red,pecenila,pecenje,perutanje...se e normalno no,sega takvi komedoni imam nasekadeee i kade sto nemav! Dali imal nekoj vakvo iskustvo,dali i toa e celta na Aknefug da izvadi se na povrshina? Eden mesec redovno koristam,ili pak mozebi e rano za bilo kakov rezultat?! Vi blagodaram
Aknefug е benzoyl peroxide и се користи за акни. Ако не ти помогнал тогаш можеби немаш акни, можеби станува збор за malessezia foliculitis кои личат на акни а всушност е габа која се храни од масла. За ова имам доста читано на редит. Пробај да се чистиш со тоник кој содржи салицилна киселина и мачкај се со вазелин (не е комедон вазелинот, молекулите му се преголеми за да би навлегле во порите) Најверојатно е како последица од користење антибиотици. Избегнувај да ставаш масла како кокосово, маслиново и слично. Еве и линк убаво опишано се што треба да се избегнува од масни киселини и естери во составот на производите за нега https://simpleskincarescience.com/pityrosporum-folliculitis-treatment-malassezia-cure/
Dijagnozata od doktorot mi e Acne vulgaris,a ti najverojatno mislish na onie beli topcinja koi najcesto se i nasledni,koi ne izleguvaat so stiskanje! Ako mialish na tie,ne se Sepak ti blagodaram Daj Boze! Nema da prekinam,ke prodolzham,inaku citav i jas za benzoyl peroxide no nikade ne prochitav deka ima dejstvo da isfrli uste poveke,i malku me fati strav iskreno,po liceto sum ko da me kasale insekti...
Пероксидот не предизвикува нови, туку може да ги иритира веќе постоечките. што значи делува спротивно од некои антибиотици за надворешна употреба. И наместо да го пишам моето искуство, ќе оставам времето да покаже а моментално би се воздржал од било какви прогнози (ако успее кај тебе би сакал да знам за да го имам во предвид како исклучок и позитивен пример) Дотогаш, наместо трпение би ти посакал среќа.
Preporacajte mi krema protiv akni dva pati stavav kokosovo maslo na lice i celo lice mi se isfrli so akni potkozni
Кокосово масло не се става на лице поради тоа што ги затвора порите. Ти ја препорачувам на Логона кремата со жалфија и нане а исто така презадоволна сум од линијата на Алверде со глина против акни и нечиста кожа , моментално лосионот го користам и е одличен , а и гелот го имам користено
Имам искуство. По терапијата состојбата на кожата ми се влоши, но не како што беше предходно. Повторно имав цисти околу брадата и масна кожа. Пиев и роакутан и имам подобрување од роакутанот, ама не е тоа што јас го барам. Во оваа борба за чисто лице треба многу да си трпелив.
Биди претпaзливa сo рoaкутaнoт дaвa мнoгу сериoзни несaкaни ефекти и терaтoген е, дoлгo време му требa нa oргaнизмoт зa дa се исчисти.