Да, јас во комбинација со маската од глина, обично што и да земам само ја влошува ситуацијата, а сега имам подобрување од нив. Веќе 2 пакување го користам и сум задоволна.
Девојки , во последно време имам приметено дека кога ја користам оваа крема пред спиење , не ми се појавуваат акни на лицето ( ама јас понекогаш заборавам да нанесам пред спиење и тогаш чат-пат можат да се јават). Може на некого да помогне .
Не е крем туку гел за сушење акни поединечно. Мене ми врши работа при пмс кога ми избива лицето. Ставам навечер на неколку акни и оставам до сабајле.
Го има у ДМ ама сум гледала и низ некои аптеки и поголеми маркети. Цената е некаде од 200 до 300 а тоа е маленко можеби некои 20 грама. Јас ретко го користам и ставам по малку па ми трае.
Здраво, сакам да ве прашам дали има некој користено нешто за акни со плус розацеа? Акните се во активна состојба и цело лице воспалено со црвенило активни акни и предизвикува чешање. Па некој ако имал сличен проблем дали може да помогне
Пред неколку години го имаше во Виола аптеките, не сум сигурна дали вопшто ќе го најдеш сега, провери во Виола, ако го нема пробај да се снајдеш да ти го донесе некој од Грција
Здраво, дали некој има број од д-р Коста од Дермаплус. Не бројот на ординацијата туку на докторот, ако сака да ми сподели. Фала
Дали некому skinoren kremata му правела црвенило. Ја користам за хиперпигментација, ми ја препорача кожен лекар