Јас пред некој ден првпат ја купив Здраве, па сакав да прашам дали си е таква кремата „тврда“ и густа?
Јас ја користем Doctor's Antiacne Cream,а од скоро почнав да ја користам и Здравје.Наутро си го чистам лицето со лосион,а потоа ставам од Здравје.Навечер исто така си го чистам лицето со лосион и ставам од Докторс кремата.Многу сум задоволна од кремата Здравје.Сега ми е почисто лицето,а и помага за флеките.Ми дава еднаква боја на лицето,а не како порано некаде бело,некаде црвено..(уште малку и портокалаво фалеше) Само треба да се внимава колку се става,за потоа да не изгледаш како дух во лицето и да ги плашиш луѓето околу тебе На оние што имаат проблеми со акни им ги препорачувам и двете.
[/quote]Каде може да се купи кремата Здраве? [/quote] Може во Аптеки, ама нема во секоја. Јас ја купив од пазар, кај жена која стално ја носи. Види на пазар, само види го датумот на траење.
Девојки само што се вратив од продавница. Забележав една крема од докторс анти акне и опаковката беше со камилица, цвеќето на камилицата, или некое слично такво, незнам. Па незнаев дали да ја купам. А ефтина беше, околу 70 денари. А во последно време ептен се изнафрлав со акни па... Вие што мислите, да се вратам да ја земам или?
^ Мене кремава на Докторс и не ми даде резултати какви што очекував. Едно време ја користев како подлога за шминка (кога ја користев Менхетн пудрата) и така успеав да ја подистрошам малце. Па и не е скапа, можеш да пробаш - секое лице различно реагира. Ја пробала некоја оваа од линијата на Јанг Дерм?
Можеш да пробаш,а и не е скапа.Инаку ти ја препорачувам и Здраве,таа многу помога за акни.Јас ја користам и многу ми помага.
Си ја купив и едно мачкање, па тоа било супер Го дава тој мат излгед и кожата потоа не сјае и оние мали брунчиња почнаа да ми се мазнат ицрвенилото полека да се повлекува, а двапати се мачкав само. Прекрасна е ,за тие пари екстра!
Бев скептична да ја купам кремава Здраве, бидејки е само 52 ден.. Но ајде вака така ја зедов. Има резултати уште одма. Неверојатна е, ги суши акните, а и воопшто не е мрсна. Ја препорачувам
^pufi-cufi на кремата стои дека е против кожни раздразнувања, и сите ја користат, најверојатно одговара на секој тип кожа..
Многу е мрсна кремава,јас ја користам.Па ако веќе сакаш да ја употребуваш,стави само на проблематични места,затоа што многу споро се упива и стварно е ептен мрсна.Мене лично ни малку не ми помогна,ама кај тебе можеби ќе има резултати.
Крема не користам, но една течност во шишенце. Бетасалик се вика, го земав од аптека. Т.е мама го купи. Многу ми помага, го нанесувам од кога ќе ги пукнам брунчињава и сешто на лицево и ги гори, па веќе следниот ден ми ги нема. Здраве ја имав јас порано, не ми помогна воопшто, но се е до кожата мислам.
Здраве и мене не ми помага за акните, само ми го прави лицето малку почисто, поубаво, а акните не ми се губат...