^ Не се сеќавам колку пари беше, не оди на рецепта, но не беше скапо. Во шишенце е, со како цуцла, се нанесува на чепкалка за уши или нешто танко, и се става директно од кога ќе пукнеш брунче. Малку пече, но ги гори веднаш.
женски абе користев јас хлоракол,лосионов што е против акни и исчезнаа,во суштина имам многу чисто лице,сепак ми останаа како црвени флеки 2-3..незнам некоја крема предлог?
Можеш да пробаш со кремата Здраве,ете погоре има ставено слика.Мене не ми помогна за акни,ама за црвенило да.Инаку е околу 60ден.
ја користев ама никаков ефект немаше,користев и на докторс против акни пак ништо,сега купиб бекутан со рибино масло,добра била за црвенилото,па да видиме..
Вашите искуства со ова кремче Имекс крем, бугарски, каде може да се купи во Мк ? Ако е тука Магица може да каже во врска со Имекс.
Кога сум имала акни, сум приметила дека никоја крема не помага. Знае малку да ги потсуши акните, но никогаш реално не го го решава проблемот. А, сум пробала и многу скапи креми, но без ефикасност... Напротив знае и да го влоши проблемот. Да ја исуши целата кожа и да ја впие целата потребна маснотија од кожата.
Имам многу сменето, од Орифлејм ми биле сите, една од Авон.. и една од аптека. И до сега никоја не ми помогнала Освем тоа што почнав да користам сапун за лице.. Дали тој помогна или нешто друго незнам точно Сега имам малце флеки од акните
Јас ја зедов од една аптека 460 ден 5 мг е ,и е како пудра ставаш само на мозолчињата,освен што покрива таа е и антибиотик , ако имаш некој во Бугарија може од таму да ја земи 6 лева е некаде... ако сакаш нешто подетални пиши ми ЛП
Не знам дали е спомнато овде , ама ако ви излегуваат акни повремено , пробајте со енбецин маст за очи 40 и кусур денари е , значи многу помага . Мене ми се наоѓа ептен ама немам проблеми со акни туку повремено кога сум во пмс , се јавуваат 2-3 несакани гости Ја препорачав на братучетка ми која има доста проблеми со кожата , и после толку скапи препарати конечно кожата на лицето и е смирена и исчистена