Дали вие што сте користеле Имекс на почетокот ви се нафрла лицето? Докторката ми кажа дека така требало
За имекс маст да прашам Го ставате само на мозолчиња или на цело лице? Прашувам бидејќи лицето ми е со дупчиња и флеки од акните, па дали би ималло врска ако ставамна цело лице? Инаку и јас ја користв здраве кремата, и мозолчињата што излегуваат ги снемува за 2 дена
Девојки тука таму имам уште понекоја акна но и доста црвенило како резултат на долгогодишните пубертетски акни...па има денови кога ќе ми поминат и тие акни што се појавиле но јас сеуште неможам да излегувам без пудра поради црвенилата многу лошо стојат ми го прошаруваат лицето....ја прочитав цела тема и гледам има многу позитивни коментари за сината крема Здраве и решив да си ја купам деновиве па сакам да ве прашам дали да ставам на целото лице и колку пати во денот??? Инаку имам мрсна кожа со црвенила од акни и тука таму понекоја акна..и за колку време отприлика се гледаат резултатите??( јас знам дека се зависи од кожата ама на вас за колку време почнаа да ви се гледаат резултатите да знам колку да почекам да видам дали ќе има ефект на мојата кожа за залудно да не ја мачкам долго време непотребно). Однапред ви благодарам
Од белиот чај јас се исфрлав уште повеќе, прави голем дитокс. Ако го пребродите тој период со упорност, има ефект и на долг план. Ама променете и исхрана тој период, џабе ќе ви е се, ако не го промените начинот на исхрана. А она пилингот со овесни снегулки онака го пробав и дојдов само да кажам дека има супер дејство. Само чисто ми е сега лицето, ама премазно од овесот. Сега осеќам дека ќе се опседнам со овесни снегулки.
Можеш да ставаш на цело лице не е страшно мека крема е таа Навечер, измиј си го лицето и стави си ја можеш и да си легнеш со неа Јас така ја користев, но посебен некој резултат... нема мислам Овесот е добар за кожата има избелувачко и смирувачки ефект Неможам често за жал да го користам бидејќи користам друго средство за миење на лице , но радо го ставам понекогаш па и како маска ДОбредојден е
ај ако може да кажете како се прави ова со овесот сум приметила кога ги внесувам лицето ми е повлажно и некако црвенилото од акни кое повремено ми се јавува како да ми се намалува па би сакала и на лице да пробам
Некој што користел Имекс или некој што знае да прашам, постои имекс маст и имекс крем? Јас како што гледам имам маст (прозирно ) не е како боја на пудра како што имаше некој погоре спомнато. Во секој случај, се става само на акните и каков е ефектот кај вас, за колку време суши така поголемо тврдо мозолче според вашето искуство?
и кај мене е ко боја на пудра инаку почнав да ставам пре 3 дена ставив само 1 и можам да кажам за првпат ок е ми се засушија ама мене повремени ми искачаат и меки ми се накај средни ама штом за 1 вечер осетив позтивна разлика значи помага и во потешки случаеви ке бидам малку поредовна па ке пишам генерално како се покажала иначе се става само на акни сабаље и навечер ја ставив ина едни флеки засушени акни ама не осетив нешто да ми се осветлат или изгубат така да само за акни добра е до сега ке видам за понатака па ќе пишам
Јас повремено ја користам кремата Имекс.Презадоволна сум од неа. Има боја како пудра,и ја ставам само на акните. А ефектите се забележливи веднаш,за 2,3 дена ми поминуваат акните. Еве и слика во прилог
Порано ич не забележував разлика, но можеби бидејќи кратко го користев. Сега ставам само на бубулиците, наместо на цело лице како претходно и сум задоволна, за кратко време ги суши.
фала, инаку и јас имам крем Имекс не маст како што си мислев, кога ја отварав малку прозирно излезе мислев е маст ама сепак крем со боја на пудра. Инаку ја имам турската и се е на турски напишано па не разбирам ништо. Ставав само на акните , а ставив еднаш и на цело лице и требаше да излезам па над кремот ставив и пудра. Можам да кажам се изненадив колку добра подлога излезе кремов на ненамислено. туку пижи ми колку пари го зеде ако ти е од Бугарија, овој од Турција 7 евра.
Значи кремата ја набавувам по порачка преку бугарска аптека,а тие ја увезуваат од Турција.Во последно време тешко е да се најде,затоа само по порачки ја увезуваат. Цената е 6 лева,или 180 денари
Да ве предупредам! При консултација со доктор ми го препорачаа овој крем против акни. Си го земав тоа во ќоше, белото. Само сакам да ви кажам. Никако под никаков услов да не се излажете да го земете. Лицето ми стана толку суво и повеќе акни почнаа да излегуват. Едвај во нормала го вратив. Многу често го купуваат кремот, а не е добар. Иако е само 100 денари, да ви кажам искрено ни за 10 не вреди. Ви го пишувам ова пошто во сите аптеки кога им барате крем против акни тој ви го даваат, никако не го купувајте.
И јас го имав користено порано и уште толку ми го расипа лицето после се изнервирав и не ставав ништо на лицето едино вода и ми се управи е сега пред циклус ми е хаос
Спојлер Значи не генализирајте.Ако вам не ви одговара кремот,не мора да значи дека е катастрофа. Јас го користев/користам сеуште по потреба,тој кремот во десниот агол што е,затоа што е ноќна крема за сува кожа.А мојата е претерано сува..Искрено,за тие пари и те како сум презадоволна од истиот. Индивидуално е сепак
каде тоа генализирам јас ? Си кажав дека мене не ми одговараше а имам мрсна кожа Тебе може ти одговарал напиши си мислење да мене ми одговара а не одма закачки се прават
Си кажав мое мислење, не е забрането тоа нели? Како и да е, јас се изјаснив за кремот. Кој сака ќе си го купи, не можам да наредувам. А и убаво напишав дека само ве предупредувам, сепак тоа е моето искуство.