Мене ова ми личи на генерализирање, иако во случајов не доаѓа од тебе. Еден крем, бесконечно многу различни лица и кожа. Кај секој има различен ефект.
јас користам essence:my skin и сум многу задоволна..имам повеке креми и лосион,мајка ми ми ги купува од еликсир тие парфимериите
јас за моите акни незнам што немам пробано секакви маски креми сапуни и делумно нешто ќе помогне но тие пак си излегуваат по некое време..засега најдов прибежиште во тоникот и крем за чистење на лице од avon care: 3 in 1 with aloe and ginger..го користам само 2 недели но има некое подобрување а најважно ми ги исчисти флеките од акни ..
Би сакала еден совет од сите што имаат проблем со акните...ама најпрво да ви ги опишам моите.Значи вака: моите акни или што се и јас не знам, најпрво се појавува црвенило на кожата, а потоа боли како синило, значи поткожна е...никако не ја фаќам. После 2-3 дена станува бела, стасана за стискање...ќе помине и тоа, но проблемот е што после брунката останува белег, црвено, а и никако да престанат да ми се појавуваат нови... Како да ја спречам појавата и како да ми помине белегот од истата? Ви се молам за помош, бидејки ако продолжат да ми излегуваат секој ден нови, моето лице ќе стане цело црвено
Јас имам 10 години проблем со акни, моите се хормонски. Најефикасен крем што досега го имам користено е Epiduo, тоа е комбинација од adapalene и benzoyl peroxide. И двете компоненти влијаат на инфламаторни цистични акни и на обични површински акни. Кремот го нема во Македонија, јас го купувам од Грција и чини околу 20 евра. Кај нас има крем SONA само со adapalene така да може и тој да ви делува.
Зa акните дератологот ми препиша антибиотик Minocin...дали некој ги има користено ? и дали имаат некои несакани ефекти ????
си земав упот од кај матичен и бев на кожен,и тој ми ги препиша..ама треба само 10 дена да ги пијам и да одам на контрола.Е сега читам се и сешто демек кај осетливи жени може да дојде до некоја инфекција,па сува вагинална флора...а и страв ми е да не ми се влоши состојбата со акните затоа барам некој да ми каже дали ги има пиено и ефект?
кој ја има користено кремава?? 1000 ден. е дали е добра да се употреби за против акни? Всушнст и за тоа е наменета за против акни но незнам дали ќе помага??
Јас ја користев, али искрено мислам дека не вредеше за парите. Ги суши акните, али неподносливо пече. Можеби кај мене не делуваше бидејќи не ја дотрошив цела. Инаку ми ја препорача д-р. Анчевски, така што најверојатно си зависи од кожата.
Значи моја препорака да не ги купуваш апчињата Јас ги пиев, ми ги препиша дерматолог каде што одев порано. Апчињата се хормонски, може да ти направат многу проблеми, јас закачив кандида оти е многу јак антибиотик и цела се нафрлав со црвенило. Апчињата треба да ги пиеш подолго време и кај мене имаше ефект ама тоа е периодично, кога престанав да ги пијам пак ми се нафрла лицето, така да само проблеми си направив. После тоа кога бев кај Др. Нина, кога и кажав дека сум ги пиела, ми рече дека апчињата биле забранети и многу биле штетни. Така да поарно најди го лекот за да се излечиш засекогаш одколку привремено + проблеми.
Од мое искуство, најефикасна крема против акни е DALACIN C. Всушност се работи за гел кој по својот состав е клиндамицин фосфат. Кај син ми не само што делуваше на акните туку, му исчезнаа и црнките. Целосно му се исчисти лицето. Ми ја препрачаа на форумов, но во друга тема. Чини 440 ден, а се наоѓа во аптеките на Виола.
Мислам дека после првата недела акните не беа веќе црвени и воспалени. После еден месец лицето целосно му се исчисти. Сега бидејќи е во пубертет излегува по некоја сеуште, но со Далацинот не се воспалуваат премногу и брзо се сушат.
^^ Леле, Пеперминт... баш ми е мило што му се средило лицето со Далацинот. Знам дека прашуваше тука. Само упорност треба.
Znaci jas prasav ginekolog,sto e mnogu ceneta i najdobra kaj nas vo gradot i taa mi rece deka ne se stetni dokolku gi pies pokratko vreme,znaci jas gi piev samo 12 dena kolku sto ima vo edna kutija za da mi se smirat vospalenite akni.Ti kolku vreme gi piese? a sega koristam i nadvoresen blag piling (losion + tecna bela pudra sto se stava direktno na aknata) Значи моја препорака да не ги купуваш апчињата Јас ги пиев, ми ги препиша дерматолог каде што одев порано. Апчињата се хормонски, може да ти направат многу проблеми, јас закачив кандида оти е многу јак антибиотик и цела се нафрлав со црвенило. Апчињата треба да ги пиеш подолго време и кај мене имаше ефект ама тоа е периодично, кога престанав да ги пијам пак ми се нафрла лицето, така да само проблеми си направив. После тоа кога бев кај Др. Нина, кога и кажав дека сум ги пиела, ми рече дека апчињата биле забранети и многу биле штетни. Така да поарно најди го лекот за да се излечиш засекогаш одколку привремено + проблеми.[/quote]
Дали кремата Dalacin C може да се зема на своја рака без препорака на дерматолог и како се употребува?
Може, не е страшно. На претходно исчистено лице (со гел за миење) и потоа добро исушено се става од антибиотикот 3-4 пати на ден.