Здрааво! Имам 12 години и веќе 2 години се расправам со моето лице.Стварно си го мразам На челото имам бубулички и црнки. На брадата и малце на носот имам исто така црнки. Незнам само колку пари имам фрлено на скапи и ефтини кремови (од познати и непознати брендови) Досега НИШТО НЕ ПОМАГАШЕ! Па седев со саати на интернет пробувајќи да најдам некои природни мелеми(со сода бикарбона,лимон,лук и незнам више што све не)-ни тоа не помагаше Но,пред околу 3 месеци ја најдов оваа крема на Докторс за акни што е со камилица.МОРА ДА ЈА КУПИТЕЕЕЕЕ конечно најдов нешто што ми помагаааа.СЕ разбира не помага после 1 ден но дефинитивно оваа ги сушеше и веќе се проретчуваа. ПС. пред неколку дена најдов и природен мелем кој го користам секој ден и ми се чини дека работи убаво (МОРСКА сол и вода го ставате на лице за 20 минути и плакнете) СО СРЕЌААА
Јас ја користам Здраве (таа со цинк што е) и ми помага се додека не го измијам лицето со вода. Пред некое време почнав да ставам на лицето 1 лажица (супена) мед и 1 лажица лимон. Морам да кажам дека лицето значително ми се подобри. Планирам да купам од Doctors кремата против акни, колку пари е?
и јас имам ист проблем како твојот само кажи ми колку пари е таа кремата на Докторс со камилица и каде може да ја најдам? инаку ова со морската сол помага ли? -фала ти однапред
Јас на акните ставав од пудрана што е за сипаници, и мене тоа ми помогна, најдобро секоја вечер пред легнување да се стави за да стои подолго време и затоа што нема никој да те види цела бела, покрај тоа што ми исчезнаа и лицето ми стана помеко.
Само кога сум пред добивање ми излегуваат бубљички по челото и тоа не многу по една или две. Користам Здраве крема и сум презадоволна веднаш ми ги суши
планирам да ја купам кремата на здраве читајќи ги вашите искуства и коментари па решив да ја купам па ќе видиме ..па и ефтина е!
Јас имав мнооогу акни, немаше производ кој го немав пробано, и САМО еден ми помогна: Acne Out. Порано го имаше само во Бугарија, ама сега го има секаде низ МКД. Лосионот и кремата се must have за акни. Јас користам и сапун за лице и хидратантна крема. Дефинитивно го препорачувам за сите што имаат проблем со акните!
Би требало во сите аптеки да ги има, јас ги купувам во Деметра. Кај нас се околу 500 денари кремата и 500 денари лосионот. Во Бугарија истите се на пола цена (за 10 евра двете). Инаку еве ја целата колекција, само последните 2 црвени се доволни за почеток (лосион и крема).
Дали може некој со комбинирана и чувствителна кожа да ми препорача (од искуство) некоја крема против акни која врши хидратација на кожата? Ама да не е премногу скапа. Благодарам.
Јас користам лосион LEA со клиндамицин е (има и таква крема ама ја немам користено) и стварно сум задоволна и тоа мнг мнг пред тоа што се не пробав ама имало спас и за мене и моите акни ... секој ден го користам обично по еднаш само за време од 30 мин а може и 20 мин а препорачано е по 3 пати на ден ама тоа ретко ми се случува кога ќе заборавам или не сум дома.... (понекогаш и користам паста за заби за некои поголеми фулички) Пробајте го навистина е одличен....
Знам дека е грозно ама навистина ми треба помош. Дали некој имал ваков проблем и како да го решам? Секој ден го мијам лицето со nivea all in one со гранули, го мачкам со хидратантна крема на Johnson&Johnson и навечер ставам хидроциклин на акниве ама ништо не помага секој ден ми излагаат нови. Интересно е што имам сува кожа а вакви грозни акни ми излагаат. Ми е страв да а одам на козметичар зашто ќе ми ги стискаат а овие се цистични акни и не се стискаат. Дајте ми некој совет.
Секој со својата мака, ама верувај не си видела грозни акни што се. Не можам да ти пишувам што да користиш за сува кожа, бидејќи имам мрсна, но би ти препорачала дерматолог. Нивеа нема да ти помогне за вакви акни, ти треба нешто како Еуцерин, Авене... сепак консултација со соодветно лице ти е најдобро. Јас имав многу полоши акни од овие, користев Далацин и Авене, па се смири прилично ситуацијата. На форумов многу девојки со ваков проблем го користат Далацин, тоа ти е антибиотик, го има во Виола и е околу 450 ден. Ако сакаш на своја рака пробај, но сепак дерматолог е дерматолог.
Иста бев ваква, пробував се и сешто и фрлив мало богатство додека го најдам решението. Земи си акне аут лосион и крема - црвените најдесно од сликава, само тие 2 ти се доволни. Ефект ќе имаш за неколку дена. Го суши лицето ама ќе издржиш на почеток додека ти се исчистат да не ставаш друго, а потоа ќе си тераш + со хидратантен. За мене само тоа беше спас. Се надевам ќе ти помогне и тебе. Поздрав