Во сите подобро снабдени аптеки.. Околу 1000 денари се и двете, а ако имаш некој од Бугарија да ти ги донесе за 10 евра се и двете.
Исто така и во сите аптеки ја има кремата за акни (исто така и за алергии се користи) "ЗДРАВЕ",делува брзо и ептен ефикасна
Мене ми го препиша овој лосион дерматовенеролог ама не можам да го најдам,го нема ни во Деметра,ај те молам кажи ми ако знаеш каде го има во Скопје или во другиве градови кај нас.Фала
Значи девојки вакаа имамм прилично сува кожаа и ми излегуваат мозолчиња амааа не по мн, бидејќи се ги стискам, а не можам да не ги стискааам, и си правам ранички и сеаа имам по некоја флека, знае некој нешто што навистина помага против флеки и нормално против акнитее ..
@blady здраве кремата е околу 60 денари мислам А за проблемот со акните не сум многу искусна да ти кажам нешто повеќе ама за почеток престани да ги стискаш, со тоа само ги предизвикуваш повторно да ти излегуваат по извесно време и си ја оштетуваш кожата.
Здраве кремата содржи жива, како и сите останати бугарски креми.Разлистај ги мислењата погоре, ќе најдеш нешто подобро.
Не сум користела такви креми. Имав многу акни, но со нега на природна база ги исчистив. Бавно ама трајно. Користам кокосово масло, Е витамин, алое вера гел... и правам пилинзи со шеќер, лимон , белка , мед.... Имаш посебни теми за тоа.
не жива,цинк оксид така пишува и одозгора на капачето.Цинкот ги суши акните за многу брзо време. Живата колку што имам читано е опасна и нема некој препарат што соджи жива.
Мене не ме бендиса нит помогна. Каква и состојка да содржи , не сум задоволна. Ете секоја кожа е различна.
Па душоо тогаш не шири дезинформации... Жива е едно, цинк е друго, сепак сл се амаа живата е опасна... Како и да ее тебе ако не ти помогналоо тоа е една стварр, а другаа е што повишеее ја фалат..
Хм, јас го купувам во Деметра. Во Куманово на пример го има во скоро секоја аптека. Еве изгуглав и ми излегува дека го има во Зегин: http://www.zegin.com.mk/home/products/product-detail.html?uuid=b367802c-3adc-42d8-93b9-d3f8d2d7b3c0 така да побарај го таму и лосионот и кремата.
Мене досега најмногу ми помогна кремот Имекс.Откако почнав да го користам(околу 3 месеци),помалку ми се јавуваат акни и плус многу брзо ги суши.Малечко е,5 грама(боја на пудра има),ама еве уште ми трае. Фала многу на сите феминки што ја споделија информацијата за Имексот А,да,заборавив...го порачувам од Бугарија,6 лева е =180 ден.
http://www.zegin.com.mk/home/products/product-detail.html?uuid=06d5fc28-da0e-406c-84f5-043da5c0a3c2 дали некоја го има користено ова за лузни од акни?