Zeni ajde vreme e da priznaeme,eve jas prva ke pocnam. Jas bel den ne gledam,aj sto mi e ogradata mnogu visoka,nego maz mi duri i resetki na prozor mi stavi. Sekoj den ke go otvori Kuranot i me tepa spored instrukciite napisani tamu,deka neli,vo sveta kniga ima takvi raboti.
Ок бе кажи ми со ролетниве што да правам ги мислам сега? А во кола кога се возиме како се штитиме да не не гледаат? Те молам сега просветли ме...
Ти гледаш од друга страна на Куранот,јас друга страна на Библијата,и не можи да го читаш Куранот како нас муслиманите и да го осеќаш како нас,свакаш? Многу паметна се правиш,ако имаш прашања поставувај ако не не ја расипувај темата со глупости.
Ако не те интересира Куранот што бараш во ова тема насловот го читаш? @Zeynep Какви сте вие албанците Зејно?
Јас имам многууу прашања на оваа тема ама знам дека прибидејќи нема да знаете да ги одговорите ќе се нафрлите со лични навреди.А и ништо чудно религијата ви дозволува на тоа.Ама ај барем да се обидам. 1.Дали зборот на Алах може да биде променет или што тој каже тоа е закон и нема промена? 2.Колку ангели зборуваа со Мерјем? 3.Колку долг е алаховиот ден? 4.Кој избира ѓаволот да биде пријател со неверниците? 5.Дали сите евреи и христијани ќе одат во пеколот? 6.Дали Мухамед бара надомест? 7.Како треба евреите и христијаните да бидат третирани? 8.Кое дојде прво небото или земјата? И ова прашање кое Tanjamm ви го постави а кое е најконтрадикторно и кое секој може да си одговара како сака.Прашање кое има два одговора.Прашање кое одговорите наликуваат како да бркаш два зајака во различни правци. 9.Дали секоја личност е слободна да верува или не во исламот?
Ќе се обидам да одговорам. 1. Последниот збор на Алах е Куранот, не може да се менува и не може да биде контрадикторен. Значи последен е. 2. Со Џибрил 3.Не може да се спореди наш еден ден со траењето на денот на Алах. Само знаеме дека е многу подолг па е сппредуван со 1000 наши години (или 500000) 5 и 7 Со оглед на корените ние веруваме во истиот Господ. Но, христијание и евреите себе си се сметаат за Божји деца, а всушност тие се исти како муслиманите и според Куранот треба да се молат на ист начин како муслиманите. П.с не е признаено тројството кај нас, ниту Исус како Божји син туку како посланик (не ми текнува на мкд зборот). Евреите и христијаните не треба да се прифаќаат како заштитници наши, тие си имаат свој пат и се додека не војуваат со муслиманите заради верата и верски причини и се додека не се обидуваат да ги одвратат муслиманите од верата и ги почитуваат- ќе бидат почитувани, а во спротино ќе се сметаат за непријатели. 6. Не знам дали тука мислиш на Умра? 8. Прво земјата, а потоа небото т.е седум неба (како катови) 9. Ако не верува, на тој свет ќе биде казнета. За 4то не сум сигурна за одговорот.
samo nadovrzuvanje za 4to prasanje: Nikoj ne izbira gjavolot da bide prijatel so nevernicite. Ti gjavolot ne go gledash pa da si razgovarate, toj tebe te gleda i se obiduva da te otstrani od patot, na razni nacini. Samo sto gjavolot go ceka istoto kako i nevernicite na ahiret.
Ајде да видиме дали е баш така 1."Ниеден ајет Ние не го поништуваме а ниту, пак, забораваме а подобар или сличен на него да не донесеме. Не знаеш ли дека Аллах, навистина, е Кадар за се?" "И кога Ние еден ајет ќе замениме со друг... па, Аллах најдобро знае за она што се објавува! Зборуваат: „Ти си, навистина, лашко! „Но, мнозинството меѓу нив не знаат!" 2.Еве ти стихови каде се спомнува за повеќе ангели. "И кога мелеките рекоа: „О Мерјем, Аллах, навистина, те одбра и те очисти; Он те одбра над сите жени на светов!" "Ете, тоа се дел од кажуванјата за Тајната, што Ние ти ги објавуваме. Ти не беше таму кога оние ги фрлаа перцата свои за да видат кој од нив ќе се грижи за Мерјем, и ти не беше меѓу нив кога се караа." 3.Контроверзни бројќи од "совршена" книга. "И бараат побрзо од тебе за казната, но Аллах не ќе го изневери ветувањето Свое. Еден ден кај Господарот твој е како илјада години кои вие ги броите." "преку кои се качуваат мелеките и Џибрил до Него, за еден ден кој изнесува педест илјади години;" 4."О синови Адемови, нека Шејтанот не ве заведе онака како што ги изведе од Џеннетот родителите ваши, соблекувајќи ја облеката нивна за да им ги покаже срамните места. Шејтанот и неговата дружба, навистина, ве гледаат отаде од кадешто вие не ги гледате. Ние ги определивме шејтаните, секако, да бидат заштитници за оние кои не веруваат." "Едни ги упатуваше а други, со право, во заблуда ги оставаше: овие, навистина, ги земаа шејтаните место Аллаха за заштитници, мислејќи, секако, дека се упатените!" 5."Сосем не веруваа оние кои зборуваа: „Аллах, навистина, е Месих, синот на Мерјем.“ А Месих зборуваше: „О синови Израилови, обожавајте го Аллаха - Господарот мој и Господарот ваш! На оној кој ќе Му припише здруженик, Аллах му го забрани Џеннетот и престојувалиштето негово е - огнот! Зулумќарите немаат поддржници никакви!" "На оној кој сака друга вера освен исламот - нема да му се прими. Но, тој на Ахирет ќе биде меѓу поразените."-- ---"А оние, пак, кои веруваа - Евреи, христијани и Сабејци - и оние кои веруваа во Аллах и во Денот ахиретски, и кои работеа добри дела - па, за нив има награда кај Господарот свој, навистина! Оние не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!" "Оние кои веруваа и кои станаа Евреи и Сабејци и христијани ... кои веруваа во Аллах и во Денот суден и кои работеа добри дела - та, не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!" Контроверзно нели?Затоа чекам одговор дали ќе одат во пеколот или не? 6."И знајте дека, навистина, од она што ќе го заплените во борба, тогаш, една петина му припаѓа на Аллах и на пејгамберот, и на роднината негова, и на јетимите и на сиромашните, и на патниците доколку верувате во Аллах и во она што е објавено до робот Наш, и во денот во кој се одделија вистината и невистината, во денот во кој се судрија две војски. А Аллах е Кадар за се!"----- "И ти не бараш од нив награда за тоа. Тоа е само Опомена за световите!" "Следете ги оние кои од вас не бараат никаква награда, оние - упатените!“ 8.Еве цитат дека прво небото:"Потешко ли е вие да се создадете или, пак, небесата? Он нив ги создаде,па, го подигна сводот нивни и потоа го среди,ноќите нивни реши темни да бидат, а деновите, пак, светли да бидат,и Земјата потоа ја израмни,......." 9. ДА :2.256 18.29 109.6 Не:3.32 30.45 18.29 3.85 3.28 4.89 4.144 5.51 60.1 Неверниците отворен непријател и цел за напад:4.101 9.12-14 9.29 9.123 Да се убијат неверниците:4.89 9.5 Контрадикторности колку сакаш. Друго прашање кој е првиот муслиман?
Се обидуваш да го побиеш тоа што сум го пишала со статии од интернет? Сериозно мислиш дека со прочитана статија ќе знаеш повеќе од некого кој чита за тоа 7 години? Bruhhh..... колку самоуверено пристапи. Јас очекував искрено повеќе, со оглед на прашањава кои си ги поставил/ а. Не ти имаат логика прашањата со одговорите, особено првото, па потоа за статусот на христијаните или евреите. Одговорите твои ми изгледаат како да се обидуваш да ми кажет дека тревата е плава. П.С. Велите не знаеме да одговориме на прашања. Еве, ти одговоривме. Ми реплицираше со работи кои не се поврзано со прашањата и се од извори кои никогаш не ги признавам во дискусија. Збори ми за факти од книги. Па криво ви е кога испаѓате глупави.
Сега веќе ми се свиѓа начинот на кој дискутирате.Не е како пред тоа бегавте од одговор и се расправавте.Али за жал те мрзи да читаш.Еве ќе се повторам за да разбериш.Ти одговори дека прво земјата е создадена така?Како го заклучи тоа кога има друга реченица која кажува дека небото е прво? :"Потешко ли е вие да се создадете или, пак, небесата? Он нив ги создаде,па, го подигна сводот нивни и потоа го среди,ноќите нивни реши темни да бидат, а деновите, пак, светли да бидат,и Земјата потоа ја израмни,......." Кажи ми како заклучи дека прво земјата?
Не можеш, секако. Не сите муслимани можат да го разберат, а камоли немуслиман. Тоа и во Куранот се објаснува (http://quranx.com/3.7) дека некои ајети се јасни и прецизни и тие се лесно разбирливи. Додека други ајети се алегорични, со скриено значење. Но тие во чиишто срца постои скршнување, перверзија, сомнеж (како во твојот случај) ги следат нејасните, алегорични ајети тежнеејќи за интриги и сопствено толкување. А толкувањето нивно (и нивното скриено значење) го знае само Аллах. Во ред. Куранот вели жената треба да се тепа. Во еден хадис нашиот пророк се опишува како Куран кој чекори или жив Куран. Од друга страна, во еден ајет (http://quranx.com/33.21) пишува дека нашиот пророк е најдобар пример за однесување. Во друг ајет (http://quranx.com/68.4) пишува дека пророкот има висок карактер. Кога ги заклучивме овие работи, прашањето ми е дали се пренесува преку Куранот или хадисите дека некогаш нашиот пророк ги тепал жените или било кој друг? Дали како дел од “високиот карактер“ нашиот пророк го имал и тепањето жени? Секако дека не. Најстрого што направил е што со мисвак (четка за заби) ја удирал по рамото една од неговите жени како знак на строго несогласување со неа. Ете тоа ти е тепањето жени. Ајт. Изгледа оваа девојка скоро ќе го прифати Исламот.
Фала ти за убаво напишаниот одговор! Конечно некој смирено да напише нешто. Затоа сметам дека не можеш да имаш рационална дискусија со многу од Муслиманите. Со тоа што слепо се следи секој напишан збор во Куранот и не се бараат одговори на она што „обичен“ човек не го разбира (затоа што, Господ ги знае сите одговори, а на нас не ни е дозволено да мислиме и прашуваме), се исклучува користењето на разумот, а последователно на тоа наместо да има прогрес во науката, технологијата и медицината во муслиманските земји, има регрес. Никој не може да знае (па макар и оние кои тоа го тврдат) која е вистината, се до судниот ден, но попрво би горела вечно во пеколот, отколку да го поминам овој живот следејќи една книга, и занемарувајќи ги сите останати кои постојат во овој свет. Поздрав
Како што била Андалузија и Отоманската Империја некогаш во регрес, оти биле муслимански империи. Oбјавата на Куранот започнува со зборот икре што значи читај (http://quranx.com/96.1). Со оглед на тоа што многу други ајети и хадиси зборуваат за важноста на знаењето, до тој степен што нашиот пророк во еден хадис вели дека "барањето на знаење е обврска за секој муслиман и муслиманка", јас ти посакувам многу успех во читањето на најразлични книги, а никако ограничувајќи се само со Куранот. Тоа е и карактеристика на правиот муслиман/ка. Така и Господ ќе те издигне на високо ниво со твоето знаење (http://quranx.com/58.11). За тоа дали e подобро вечно да си во пеколот, ќе дознаеш во моментот кога ќе ти заврши овоземниот живот, кога ангелот на смртта ќе ти ја одземе душата и кога Господ ќе те праша "О човеку, што те измами тебе во однос на твојот Господар кој е Дарежлив?" (http://quranx.com/82.6).
Поставуваш прашање, чекаш одговор, па си ги пдговараш сам..демек аха сеа ќе ти кажам дека си грешка. И ок би било тоа, јас не знам се, ако сум згрешила би сакала некој да ме исправи па да знам како е точното, но пишуваш неповрзани работи. Колку само да е напишано. Џоа сенилна баба- едно ја прашуваш она друго си одговара. Тоа ми кажува дека со крајни намери си во дискусијава. Биди ми поздравен/ а