Мухамед е тој кој го открил светото писмо, во таа смисла, а иначе да, Исус ќе суди, што не е логично затоа што викаат дека само Бог може да суди, а во меѓувреме велат и дека Исус не е Бог.
Јас да ве вратам малку на темата, од погрешното читање и толкување на Куранот има онаков хорор во Чаир и други делови со непрогресивно муслиманско население. Мене ми смета забулувањето и не го сметам како чин на покажување на верба во нешто. За мене она шетање во црна облека, па очи да не се гледале, па ракавици раце да не се гледале, па за празници жената да не одела по гости, па онака дуздисана во црно да не смее да се движи без придружба е навреда за времето на исклучителен технички и технолошки развој во кое живееме. Најискрено, тоа е огромна навреда за жената. *И муабетите дека жените се за приплод се исто навредливи.
Би се изненадила, но има жени кои доброволно се покриваат. Си живеат така. Не се сите мачни напатени со сила покриени. И има разлика меѓу хиџаб и бурка.
Некој назад рече дека Исламот е совршен, а верникот не е. Јас како неверник, ќе речам секоја религија е совршена за верникот. Верникот не е. Ама верникот ја прај та религија и можи да придонеси кон одредена стигма кон истата. Иако лично, јас сум фасцинирана од религии, шо од каде иди верувањето, зошто некој верува па се до самите верски објекти кои ми имаат толку голем уметнички квалитет. И сметам дека сечие верување треба да е почитувано кон некоја повисока сила зошто на многу силен начин влијае на ментално и емотивно здравје. Ама, строго вервам дека сме способни да имаме морален суд сами. Голем личен ick ми е ако некој мора да прати книга за да е "морален" и та книга да ја наметнува на други и да прај да се осеќат грешно ако не ја пратат или не се по терк на тие норми, место да одбери само за себе и да кажи дека ова е само негова вистина. Пошто понеморално нешто да наметниш свој став на други шо би донесло до рестрикција и несреќа кај некој - нема. Зато општествени норми, за мене, се предлог. Се дур нема повредени од одредена акција, кои сме да наметнуваме?
Луѓе што се расправаат чија делузија е поточна. Иначе и двете религии потекнуваат од постари религии и верувања.
Значи која неписменост, грев е да зборуваш нешто што не си го видел, пишувало во Куран да се тепало жената. Жената во исламот е кралица бе човек оди читни молимте и дојди пак пишувај.
Све, све ама тоа дека можеш лагано да се ебеш со братучед ми е врвот. Едит Значи ја сосема разбирам кога некој си наоѓа душевен мир во молење, постење, одење во џамија/црква што год, ама друг живот да упропастуваш, не. Има еден документарец за децата во Пакистан и на нивни доселеници во други земји колку им се застапени генетските заболувања оти сите со братучеди се женат/мажат.
Па вие верувате во пророкот Мухамед. Значи според таа логика и тој е совршен. Како е можно да оправдуваш педофили, неморал и брак со братучеди?!
Исто што правиме и со Имамите што силуваат деца, и што венчаваат осумгодишни девојчиња со 40 годишни педофилишта, па умираат од внатрешно крварење на првата брачна ноќ.
Јас не се карам. Тие велат исламот бил совршен. Е па моето прашање е како е совршен кога нивниот водич бил педофил, религијата се базира на неморал, опсесија врз жените, брак со брачеди е дозволен. За ова е дискусијата.
И Христијанството и Исламот се Аврамски религии и се Јудаизам само во друга форма. Сите три монотеистички религии се темелат врз еврејските закони односно Стариот Завет и затоа се нарекуваат и Јудеистички или Еврејски и Аврамски религии. И трите религии веруваат во еден Бог - Саваод или Ава (на хебрејски татко), кој е творец на се видливо и невидливо. И Библијата и Куранот се пишувани според Торахот и Талмундот. Библијата е ублажена форма само, по слободарски е настроена, со додавањето на животот на Исус Христос т.е Новиот Завет. Некои работи од Стариот Завет се укинуваат или заменуваат, пример евреите и муслиманите се уште се обрезуваат т.е сунетисуваат а Исус рекол да се Крштеваат. Исус исто потекнува од Давидовото колено на Цар Давид како и самите евреи. Само што тие не го прифатиле за месија и го распнале мислејќи дека ќе им го наруши угледот на правата форма на Јудаизмот зошто мислеле Месијата треба да биде некој моќник а не сиромашен син на дрводелецот (работник со дрва/дограмаџија) Јосиф. Евреите и Муслиманите се уште се водат по старите еврејски закони од Стариот Завет на Мојсеј и се уште се водат по тоа "Око за око - заб за заб" и за одмазда. Затоа се позакоравени и построги. А Исус и Библијата учат на трпение и простување, затоа се спомнува и тоа трпение-спасение, односно како што на праведен Исус му удриле шамар а тој им го завртил и другиот образ, зошто бил трпелив и праведен. Царот Понтиј Пилат кога му рекол: Ти ли си новиот јудејски цар во Јудеј? Исус му одговорил: Ти го велиш тоа, јас не го велам. Тогаш Пилат ги прашал Евреите и им рекол: Вие одлучете што да правам со овај праведен човек. Извикале: СМРТ, ПОГУБИ ГО! Пилат тогаш наредил да му се донеси вода во сад мијајќи ги рацете и наросил врз евреите велејќи им: Крвта на овај праведен човек нека падне на вашите деца, зошто јас не одлучив да се погуби, туку вие на ваше барање
За нив е свето. Јас од тоа што знам за исламот ( а знам малку бидејќи верата треба да се живее), можам само да кажам дека постојат добри муслимани верници. Лично имам другарка муслиманка со која понекогаш разговараме за моќта на молитвата, за силата на Бога и слични религијски теми. Постојат разлики, не се ни мали, но јас ја почитувам бидејќи има многу појаки човечки вредности од некои мои христијанки кои ми се блиски. Разнолики се патиштата до Бога, ти секако си одговорен само за своето спасение, евентуално ако баш имаш среќа за уште едно туѓо....така да, батали го Куранот,земи читај си православие
Би те замолил пред да лупнеш некоја глупост, да го литнеш муабетот пред тоа. @Antebellum убаво ви прати линк, ама вие од прво без позадина осудувате.
Еманципацијава на кралиците во XXI век види линкови, ме мрзи да барам повеќе: Саудиска Арабија им дозволи на жените да патуваат без мажи | PLUS INFO Жена зад волан- историски настан за Саудиска Арабија – DW – 25.06.2018 Saudi Crown Prince’s Remark on Saudi Women’s Freedom To Dress Circulated Selectively | Misbar Појди во Чаир, Тетово, Струга, Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, липковските села и да ги видиш како се дотерани некои кралици, очите и рацете не им се гледаат изгледа од суеверие, ради урок...