Мислам дека го имам погоре ставено.. сега ќе видам. https://www.sveto-pismo.mk/nov-zavet/prvo-poslanie-apostol-pavle-timoteja/ 2. Да Му се молиме на Бога за сите луѓе и за оние што се во власта. Што му прилега на човек, а што на жена. 1. Молам, пред сè, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: 2. за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и чистота; 3. оти тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бога, 4. Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината. 5. Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус, 6. Кој Се даде Себеси како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време; 7. па затоа сум поставен како проповедник и апостол – зборувам вистина во Христа, не лажам – како учител на иноверците во верата и вистината. 8. И така, мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи ги чистите раце без гнев и сомневање. 9. Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, или со бисери, или со скапоцени облеки, 10. туку со добри дела, како што им прилега на жени, што ѝ се посветуваат на побожноста. 11. Жената да се учи во мир и потполно покорство. 12. На жена не ѝ позволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна. 13. Бидејќи порано беше создаден Адам, а потоа Ева; 14. и Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап: 15. но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со чесност.
Па ако они веруваат дека ангелот му го диктирал на Мухамед, Куранот и за нас е тоа несфатливо, правам споредба со безгрешното зачнато дете и девицата..
Јас не пишав дека ми е несфатливо. Ако Бог сакал така да се објави, секако дека можел и така. Но дали навистина се објавил така, тоа може да дискутираме. Сепак, не е тоа дискусијата. Тука се дискутираат делови од Куранот кои покажуваат агресија и еден член почна да ги релативизира тие стихови велеји дека се човечки додатоци во Куранот. Јас само му посочив дека тоа не е верувањето на муслиманите. Тие веруваат дека Куранот е од А до Ш божјо откровение. Што значи дека според НИВ и тие стихови што повикуваат на насилство се од нивниот бог повик.
Каде овде пишува дека жената треба да се тепа? Се прикажуваш како христијанка, ама ти се све, освен христијанка, жити све, не ни ја срами верата.
Сега тебе да ти се јави некој во сон и да ти рече дека го испратил Бог и дека сите овие три религии се лажни и дека ти си спасителот на светот, ќе поверуваш? Ја не веруем. Чисти провокации од ѓаволот.
Ме крстиле кога сум се родила. Јас не сум религиозна и никогаш нема да бидам. Во црква не одам освен ако не морам. не практикувам религија. Ги имам дома и Куранот и Новиот завет. Книги ми се како и сите други.
Ти кажав, де, го дадов како пример за погрешно практицирање на религијата. Во Куранот хиџаб се спомнува неколку пати и е во значење на завеса. На пример: во Библијата се вели дека ние Христијаните кога ќе починеме после 40 дена нашиот дух поминува низ Светата река, духот се измива од овоземскиот живот и продолжува на Оној свет. Во Кранот тој пример е заменет со завеса. Па, така она носење на црна облека со која жената целосно се покрива е погрешно практицирање на религијата. Звучниците на џамиите исто така спаѓаат во целокупниот хаос, тоа е се само не повикување на верници во молитва.
Нема вакво нешто во Библијата. Тоа верување за митарствата е традиција која започнува околу 10 век од наша ера, 900 години после завршување на Библијата.
Ова не е Бурка? Хиџабот се покрива само косата а лицето е откриено. Има многу разлика меѓу, Хиџаб, Бурка, Никаб..
Хиџаб во Куранот е спомнат во поинаков контекст, не во аутфит за кралиците. Еве зошто ги споделив сликичките:
Pa ı da znaes zıveat kako kralıcı za razlıka od nekoı ... khm... Ne znam sho tı smeta ako se plasıs od nıv ne nı ıdı nız Caır