Па тоа сакам да кажам де. Мене неможе да ми наштети, оти си има закон, можам да ја пријавам и готово. И да проба она со некој нешто, ќе ја пријават и ќе ја однесат Бардовци. Ама во арапските земји, таквите ко оваа се на власт, и затоа можат да им наштетат. Кај нив, веруваат во овие глупости.
Сакав да кажам дека во арапските земји тие постапуваат согласно куранот. Значи законите во земјата се тие кои се напишани во куранот. Тебе не може да ти наштети оти има закон. Ама исто и во Библијата пишува и е строго забрането убивање.
Муслимани има насекаде низ светот, не само во арапските земји. Што е доказ дека е до луѓето таму, тие што се на власт. А не религијата. Инаку, секаде би биле исти. Исто ко шо различно е во едно стандардно македонско православно семејство, и во едно евангелиско семејство во Северна Каролина или во едно мормонско семејство во Јута. Сите се христијани, ама различни. Е како може.
Уште една разлика меѓу исламот и христијанството. Колку што сум упатена молитвите во исламот се како буквално рецепти и преку нив можеш да го молиш Алаха да го казни оној за кого сметаш дека ти е непријател. Во христијанството го молиш Бога да му прости.
Прост и неедуциран човек ќе верува во некоја си книга напишана од пред незнам колку време. Ете и кај нас си има такви простички шо си мислат дека според Библијата треба да живееме. Кај Арапите, не сите ама поголемиот дел се неедуцирани и практикуваат нешто шо нема врска ама за нив закон си е тоа. Оти они освен војни, друго немат видено. И пак ќе кажам, муслиманите кај нив и кај нас, се разликуваат многу.
Кај нас, и општо во западниот свет, не верувам дека на некој му е гајле шо другиот прави. И да му е гајле, ништо не му може.
Врти сучи пак до атеизам дојдовме. Затуцани и напредни, либерални де.. Светов никогаш посреќен во прегратките на слободниве....
Се разликуваат знаеш зошто? Зошто во секуларните држави едукацијата е задолжителна и барем малку се поразумни. Во земји кадешто исламот е доминантен, тие личности се препрепремногу ригидни, дури и да кажеш мислење кое не е навредливо, ама е против нивните верувања, одма напаѓаат вербално.
Си биле Христијанка, Муслиманка и Атеистка на форум во западна држава у 21 век, и се испоклале меѓу себе која шовинистичко-патријахално-латентна религија помалце и се усрала на жената у животот... Мех.
Да. Баш така. Ама и кај нас било исто пред многу векови, кога сме немале едукација. Пример е тоа кога жените ги гореле како вештерки, оти си ја отварале устата.
Не зборам за атеизам. Ама нели е поубаво да живееш тука како слободен човек, отколку кај арапите да ти наметнуваат на сила некаква си култура и традиција?
Не гледам како тоа е доказ дека атеизмот е во подем. Нејсе, за тебе тоа можеби е лоша работа, за друг можеби е добра, зависи како гледаш на работите. Да не си родена во ова време, можеби ни христијанството како жена немаше да ти биде толку привлечно. Среќа па денес можеш многу работи да правиш како жена, благодарејќи на промените, едукацијата и слободата. А религијата останала иста.