Kуран

Дискусија во 'Религија' започната од ludoto19, 17 септември 2012.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Па добро.
    На темава се обидов нешто друго да кажам/ прашам, никаде никого не навредив и им се восхитувам на муслиманите колку се сложни.
    Можеби затоа е војната во Украина :wasntme:

    Уништувачи на дискусии без аргументи, едни исти скокачи :D
     
    На Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    12.709
    Пол:
    Женски
    Прво, темите треба да се отворени, пошто е форум. Нема поента на форум да се затвораат теми. Тоа што вие не знаете да дискутирате е ваш проблем, така да не пишувајте, место да барате да затворат тема.

    Друго, ко што не сакате ни христијаните ни муслиманите да ве ставаат во ист кош и да ве генерализираат, така ни атеистите не можете да ги генерализирате.
    И кога сме кај правата на жената и феминизмот, па на објави кај што се понижува, деградира, и малтретира жената најмногу гнасни коментари има од “верници” отколку неверници..

    Ајт сега.
     
    На staycalm, Amore123, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.834
    Допаѓања:
    186.254
    Пробај влези без шамија во манастир кој држи до верата, па кажи ни дали е вистина, дрес код или што.

    Какви се тие екстремни православци?
    Ако не збориме за оние што се на Света Гора, што би ги нарекла вистински верници, што би било екстремен православец?

    Нешто калифат, шеријат барале во ЕУ, што знам:smirk:

    Кој се води по света книга и каде? Светите книги (ај по стоти пат да повториме) се пишувани за писмен да знае да ги прочита, денес на оваа неписменост ќе се фатат ко слеп за стап, за реченица (од стар завет најчесто) па оди оправај, ако немаш друга работа. Сигурна сум дека за сите религии важи.
     
    На Amore123, sonuvana, mssuniquee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Токму тие, си знаеш. :)
    Но, доволни се и двајца да го држат светот на своите плеќи. :)
    Напишав екстремни бидејќи е тоа крајност и ретко.

    Во исламот најголемите верници се спремни да се жртвуваат физички за Алах, заповед им е тоа ,за уништување на неверниците.



    Општо беше муабетот за сите свети книги кои навистина слабо се читаат . Поради тоа манипулации насекаде и мешање на традиција и вера.
    Никој ништо не знае, уште сме горди,гласни и саркастични,како ли :D:D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    2.252
    Пол:
    Женски
    Не, тие се најголемите лажни верници.
    IMG_6395.jpeg IMG_6396.jpeg IMG_6397.jpeg
     
    На INNERBEAUTY, Amore123, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски

    Мило ми е што напиша.
    Поради ова треба да се разменуваат мислења.
    Јас не го познавам Куранот, сум имала предрасуди.:x
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.615
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со тебе, отсекогаш сум била против проституција и општо "sex-work", а во последно време се оддалечувам и од активностите на ЛГБТ заедницата. Така да тоа не ме здоболе воопшто.

    Она што ми смета е начинот на кој го проповедаш христијанството, зад секоја реченица стои потреба за контрола на тоа како се однесуваат другите луѓе и особено размислувањето дека си подобар затоа што си христијанин, а сите други што не се, се изопачени и автоматски јас би спаѓала тука. За тебе христијанството е само начин да се осеќаш супериорно.

    А да, најподло е маскирањето на овие тактики, дека е грижа за женскиот род, пошто не, не е.
     
    На Asparagus и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    56.681
    Пол:
    Женски
    Зошто мешаш баби и жаби? Никој во светов не убива во име на Исус моментално.
    Со американскиот сенилен Хитлер што прајме што убива палестински деца?

    На темава, двете религии имаат иста појдовна точка, само едната е "понапредна" од другата бидејќи е постара. Треба да сме благодарни што живееме во секуларна држава, едно од најлошите работи на светот е верски екстремизам.
     
    На Anyshka, DS10, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    120.149
    Пол:
    Женски
    Сериозно мислеше дека во Куранот има наредба да се убива се што не е исламско? Во ниту една света книга од било која религија нема такво нешто. Има само дегенерици кои да залудат прости народни маси, им кажуваат дека треба да умрат во името на Алах, или Господ или било кој друг.
     
    Последна измена: 5 август 2024
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    120.149
    Пол:
    Женски
    Војната нема врска со вера. Тука имаш војна за територии и едните и другите се православни христијани.
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.771
    Допаѓања:
    40.559
    Пол:
    Женски
    Кои наивности се изначитав.

    Прво, како да заборавате основни историски податоци, а тоа е дека христијанството било страв и трепет, луѓе биле малтретирани и убивани, исто ко што во моментов се бомбардираат невини луѓе од страна на светиот библиски народ. Тоа што во моментов е полиберално, не го прави помалку опасно, туку не живееме во тие општествени услови.
    Можеби ќе бевте посреќни да се родевте во село во Европа пред некој век и да ве запалеа како вештерки поради трач од комшиката. Или друга опција, да се родевте во некој модерен култ, некоја си таму забутана гранка на христијанството што ви налага дека не смеете во никој случај да се откажете од нив.

    Друга пишала, во исламот жените се ценети зашто ги кителе со злато...а епа ондак океј, нема врска што на милиони девојчиња и жени секојдневно им се кршат основни човечки права, ги силуваат и мажат со силувачи, немаат право на образование и на некаква слободна волја, битно злато имаат. Јеј.(y)

    Апсолутно сѐ е до религијата. "Не е до религијата до народот е". Не, до религијата е. Религијата им дозволува на луѓето да прават грозни работи во име на спас затоа што манипулира со нашите примарни стравови.
    Оние што ги викате екстремни се оние што уствари ја практикуваат религијата ко што ви пишува во светите книги, ако сте ги отвориле де. Секташи биле, не знам што, а буквално живеат онака како што налага соодветната религија.
    Ама нормално, не сакате да признаете - или буквално не сте ни запознаени дека религииве се брутални и бараат работи што се неприфатливи во 21 век, па сега ќе се спинуваат приказни ко абе неее не мислеле така во стихот, метафора е, компарација, симбол, скриена порака има ако ги смениш буквите епа тоа е бе.

    Да, она што се случува во исламските земји е она што се случува кога не постои секуларизам и има владеење на религија, не дека тие луѓе таму се посебна сорта со натприродни нагони за насилство. Луѓето се сепак животни и имаме ужасни природни пориви, па кога ќе растеш со перење на мозок и нема да бидеш изложен на ништо друго освен догмата, во тебе ќе доминира примитивното.

    Мислам дека е крајно време да се третира религијата како и секое друго лично верување и да престане да се бара логика или уште полошо, да се користи како средство за кревање на егото.
     
    Последна измена: 5 август 2024
    На potatoface, staycalm, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  12. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    6.096
    Само ѝ реплицирав на членката дека не сите православни се молат за мир во светот. Во моментов некои православни водат војна против други за територии, нивни свештени лица благословуваат ракети и оружје, а останатите ги релативизираат и правдаат постапките на православниот лидер кој ги убива другиве православни христијани.
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.241
    Пол:
    Машки
    Ми е гајле мене што тебе ти смета. Јас не дојдов на темава да го „проповедам“ христијанството, туку за Куранот да зборам (замисли онтопик, а не ко тебе да плукаш и шириш основани клевети за членови).
    Коментирајќи за Куранот, забележав една членка (оваа што ти става лајкови сега) како истресе зелен коментар за Библијата, и тој коментар ме испровоцира да и реплицирам. А ти сега пробуваш да ме спинуваш со некои виножитни финти демек сум сакал контрола, дека јас сум бил подобар од другите, па и лични каракстеристики за мене кој воопшто не ме познаваш. Типично виножитно понашање кога човек нема аргументи на темата, па плука по личноста со неосновани клевети и си лечиш лични фрустрации.

    Ама ете, си нашла форум кај што се дозволени офтопици и ад хоминем, па ќе си фецесираш по темиве. Ако, слободно фецесирај си, ако тоа те исполнува и ти дава некаква смисла во секојдневието.
     
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Скоро бев сигурна дека постојат сури во кои се повикува на војни во името на Алах.
    Секако знаев дека би се однесувало на специфични ситуации, но тоа е искористено од екстремисти.
    Баш тебе прво те прашав, не ми одговори.
    Но, мило ми е што добив одговор од членка која го живее исламот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    7.921
    Пол:
    Женски
    Прочитај surah Al tawbah 9:5. Јасно пишува.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.241
    Пол:
    Машки
    Има, еве една таква сура:

    Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот Ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето!
    - Сура Аl-Тawba 9:29, Куран

    Еве уште такви сури:

    Па, кога светите месеци ќе поминат борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид!
    - Сура Аl-Тawbа 9:5, Куран

    И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде присутна.
    - Сура Аl-Аnfal 8:39, Куран

    О пејгамберу (пророк, Мухамед), поттикнувај ги верниците кон борба. Ако меѓу вас има дваесет трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има сто ќе победат илјада од оние кои не веруваат зашто оние се, навистина, луѓе кои не сфаќаат.
    - Сура Аl-Аnfal 8:65, Куран

    О верници, што ви беше кога ви беше речено: "Појдете во борба на Аллаховиот пат"- како да сте на земјата заковани? Повеќе ли сте задоволни со животот на овој свет од животот на Ахирет (рајот)? Па, уживањето во животот на овој свет е ништо во однос на уживањето на Ахирет!
    - Сура Аl-Тawba 9:38, Куран

    Ако не појдете во борба Он ќе ве казни со болка и ќе ве замени со друг народ, а вие во ништо не ќе Му наштетите. Аллах е Кадар за се!
    - Сура Аl-Тawba 9:39, Куран

    Појдете во борба, било да сте слаби или јаки, и борете се на патот Аллахов и со имотите ваши и со животите ваши. Ете, тоа ви е подобро само да знаете!
    - Сура Аl-Тawba 9:41, Куран

    О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите!
    - Сура Аl-Тawba 9:123, Куран

    Борете се против нив, а Аллах ќе ги казни со рацете ваши..
    - Сура Аl-Тawba 9:14, Куран

    И вие не ги убивавте, туку Аллах ги убиваше. И кога фрлаше, ти не фрлаше, туку Аллах фрлаше за да ги испроба верниците со искушение убаво..
    - Сура Аl-Аnfal 8:17, Куран


    Во срцата на оние кои не веруваат ќе фрлам страв. Па, удрете ги по вратовите и по прстите!
    Или друг превод:
    Јас ќе внесам терор во срцата на неверниците, исечете им ги главите и сите прсти.
    - Сура 8:12, Куран

    О верници, плашете се од Аллах и барајте начин на кој ќе Му пристапите, и борете се на Неговиот пат за да бидете спасени!
    - Сура 5:35, Куран

    О Пејгамберу (Мухамед), бори се против неверниците и дволичните, и биди строг кон нив! Џенемот (пеколот) е престојувалиште нивно.
    - Сура 9:73, Куран
     
    На sonuvana и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    7.921
    Пол:
    Женски
    Да, многу има!
    Не знам зошто негираат членките.
     
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Па еве и јас сум зачудена сега.
    Можеби ќе дообјаснат
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.834
    Допаѓања:
    186.254
    Религијата не им дозволува на луѓето да прават грозни работи, ниту е брутална и бара неприфатливи нешта. Еве, ние нејќеме да признаеме, и не сме отвориле света книга, ти со 3 теолошки факултети, православен, исламски и јудаистички, ги проучи сите религии и дојде до ова просветление. А доволно е малку световна политика да заследиш во животот и ќе ти биде јасно кој манипулира, како и зошто. Од крстоносните војни до денес.
     
    На nena2010 и sonuvana им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    120.149
    Пол:
    Женски
    Зашто овде се зборува за атеистите. Не за другите вери. И во Библијата има такво нешто за ересот и еретиците.