Е ова е тој третман на кралица! И да, најзаштитена била жената! Од сонцето, да, најзаштитена е. Со тие прекривки нема шанси да изгори
Затоа велам јас, сите што тврдат премногу права имале жените, нека ги видат земјите кадешто владее шеријатот, а вака живеат во секуларни држави, па ќе кажуваат приказни по форуми.
Eee колку вакви слики имав од Турција. Само тие "скафандерите" им беа специјални за бањање. Во врска со темава сакав да прашам некој што е муслиман што е со оние мажи што мораат да пуштат бради долги и жените што им се скрос во црно, дури и со ракавици и на очите имаат мрежа. Можеби е глупо прашањето, ама ете не знам зошто само некои се така, сум видела неколку пара само. Инаку многу одамна бев службено во Тетово и седнавме да ручаме во еден ресторан што ни беше успат, и кога влеговме таман да отидеме во една просторија, келнерот се затрча и ни кажа тоа било за фамилија. И онака дека подотворивме врата видовме пар такви со дете, и жената беше со мрежа на лицето и кога виде дека отвара некој врата веднаш ја стави раката на лицето. Друг пат исто во Струга видов таков пар, седеа во кафич и сок пиеше со цевче одоздола, не знам како да објаснам, превезот од лице не го тргна, туку под превезот чашата ја стави и така пиеше. Па не ми е јасно ако е така можеби не смеат да седат по кафичи. Не ми се смејте, навистина не знам. Дали и тоа е од Куранот?
Како беше она жена, мајка, кралица? Е, па тоа вака некако ќе му дојде во пракса: Звукот на женскиот глас надвор од домот е забранет! Новиот закон морал во Авганистан создава „пеколни услови“ за живеење
Не бе, ова е за нив рај, тие уживаат во оваа слобода и заштитеност. Ај ја не можам, маж сум ама претпоставувам вие жените сите сакаат ваков живот.
Што мислиш за тоа што исламот дозволува брак со братучеди? И дали сметаш дека маж кој силувал дете, ако се моли редовно и побара прошка, дека Алах или како и да се вика, ќе му прости? (Видеото погоре што постирав види)
Па во секоја вера за секое сторено дело постои награда/казна Во исламот точно е тоа дека постои простување, Аллах е најголемиот опростувач на луѓето. Ама тоа се однесува на луѓе пример прават некоја грешка, и ќе се покајат од душа, а не со зборови и утре пак истото, ама сепак постои дело и дело, мислам за некои работи нема опрост
Аа значи не бил толку невин и совршен исламот сепак Ама во исламот, не смееш да не се согласуваш со ниеден дел од куранот.
Не верувам дека во библијата има нешто и на тебе пр не ти одговара баш. Се прашуваш зошто така.... Сега тука јас знам дека ти глумиш светица, не така како е можно такво нешто во библијата нели, али Јбг