K-pop (Корејска поп музика)

Дискусија во 'Музика' започната од YuriIva, 26 октомври 2012.

  1. YuriIva

    YuriIva Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Мојот омилен тип на музика,иако се ретки тие што ја слушаат :)
    Познати изведувачи:


    PSY (Park Jae-sang, 박재상, 朴載相; ) познат рапер во Кореа,повеќе луѓе дознаа за него со песната Gangnam style
    http://www.youtube.com/watch?v=9bZkp7q19f0&feature=relmfu
    [​IMG]


    Kim Hyun-a ( 김현아 ) позната пеачка и секс-симбол во Kореа,не толку позната во Mакедонија,има направено дует со PSY:

    http://www.youtube.com/watch?v=wcLNteez3c4&feature=watch_response

    http://www.youtube.com/watch?v=QlWZluzBNxM&feature=g-logo-xit

    [​IMG]

    Girls' Generation ( 소녀시대; Sonyeo Shidae,SNSD) е позната група во Кореа од 9 девојки:
    Taeyeon
    Jessica
    Sunny
    Tiffany
    Hyoyeon
    Yuri (мојата омилена)
    Sooyoung
    Yoona
    Seohyun


    http://www.youtube.com/watch?v=6pA_Tou-DPI

    [​IMG]
     
    На Regina.Phalange му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.934
    Ја па неможам да ја поднесам, ги слушам сите со гангам стајл и ми се врти |( . Ај може гангам стајл е нешо боље али другиве со еден збор не ги поднесувам :| :x
     
    На sweet-star и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  3. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.174
    Без навреда,ама од песниве ми се повраѓа,посебно овие со групата :lol:
    Имаат некој глас како пикачу,и напорно на уши ми е да ги слушам,сите освен Гагнам стајл :D
    Женскиве ми се понапорни од http://www.youtube.com/watch?v=QH2-TGUlwu4
     
    На sweet-star и LittleFairy им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    Не слушам песни во кои неможам да разберам за што се зборува. :!:
     
    На sweet-star, TheKiketoo и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  5. YuriIva

    YuriIva Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Јас почнав да учам корејски за да ги разберам :geek:


     
  6. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.934
    Господе боже, како учите бе такви тешки и зафркнати јазици? Ко мојот ретардиран брат - КИНЕСКИ :fubar:
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  7. YuriIva

    YuriIva Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Е многу оф-топик отидовме.
    Инаку да,учам,ако се сака се се може :)
     
  8. YuriIva

    YuriIva Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Gangnam style - значење и факти.
    ''Oppan Gangnam style'' - Oppan = така девојките во Кореа го викаат момчето кое им значи, ''Gangnam'' - област во Кореа.
    Областа Гангнам во Кореа е икона на брзиот економски развиток,и заради тоа Гангнам станало најбогатото место во цела Јужна Кореа.На тоа место,сите Корејци очекуваат луѓето да бидат богати и популарни,и се да биде супер.
    ''Не сум доволно богат за да бидам во стилот на Гангнам''
    Во Кореа,да живееш во Гангнам е начин на живот,животен стил,и луѓето кои живеат таму се наперчени.

    Рефренот на оваа песна значи нешто како:
    ''Сакај ме,јас сум богат/јас сум во стилот на Гангнам!''
    ''Моето момче е во стилот на Гангнам.''
    ''Твоето момче е во стилот на Гангнам?''
    ''Сакаш момчиња во стилот на Гангнам?''

    -Девојката во спотот,е Hyuna (Хјона) која исто така е пејачка и добра другарка на PSY,изведувачот.
    -Видеото за Gangnam style,е во книгата на Гинисовите рекорди,за најлајкуваното видео на Јутуб.
    -На 17ти Септември песната беше номиринирама за најдоброто видео на 2012,MTV Europe Music Awards,Франкфурт,Германија
     
    На PeaceLoveBasketball и LittleFairy им се допаѓа ова.
  9. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    јас ја слушам таа музика. од женските групи немам некои омилени, но од машките имам на пр. MBLAQ, SHINee, BIG BANG, DBSK/TVXQ. DBSK не ги менувам за ништо. заедно имаат незаменливи гласови и добра хамонија прават, ТАЛЕНТ. кога дознав дека се распаѓаат ми се скрши срцето :( :( :( еве доказ дека ептен се добри http://www.youtube.com/watch?v=ztjBYU_5YKM и оваа балада е многу убава, ме има расплакано http://www.youtube.com/watch?v=epcXTfZ0gxg :inlove:
    ајде уште нешто http://www.youtube.com/watch?v=_lzJTh-AFK4&feature=related
     
  10. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    490
    Од девојкиве ми се допаѓа оваа песна, ја открив на каналот на Michelle Phan:
    http://www.youtube.com/watch?v=m3xcn-hQZd4
    и тоа на англиски а не на корејски бидејќи едноставно не ми е мелодичен јазик; некако како да гледам цртани!
     
    На citiesinflames му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Јас само една корејска група знам се вика Shinee не знам што пеат ама им ги слушам песните..еве една
    http://www.youtube.com/watch?v=skZxb5sBoiU :*
     
  12. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    И јас ја слушам корејската музика. :)
    Најинтересни бендови ми се:
    T-ara (многу добри песни и спотови имаат) :inlove:
    2NEI
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.323
    Од една песна на T-ara се заразив лани, роли поли :rofl: , па некое време и си ја ставив на мобилен да ми звони. :o :D
    Super Junior ми се машка фаворит група.

    Ме расположува корејската музика, поготово оние нивни репетативни рефрени. Играм по дома и пуштам мозок на пасење. Ненормална ме прават другарките поради мојот (не)вкус во музика, ама немој онаа досадната песна на Кајли, ла ла ла, поразлична да е нешто? :?:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zhirafa

    zhirafa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bb-vip

    bb-vip Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    јас слушам К-поп ама не овие Snsd како вас или 4minute Hyuna хахах
    како и да е омилени ми се:
    BigBang, 2ne1, и се останато од YG FAMILY :DDD
    B.A.P, Block B, Infinite, Jay Park, 2PM, Beast(по нешто)
    И мило ми е што имало и некој друг у државава што сака Koreans ㅋㅋㅋㅋ
     
    На kravce и zhirafa им се допаѓа ова.
  16. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.253
    Пол:
    Женски
    главата ме боли од нив :D
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    сепак и некои од пеачите и пеачките корејци имаат добри, силни вокали :)
     
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    49.839
    Се дешава да ми се заврти некоја песна од сериите што ги гледав, како и од аниме филмовите, јапонските, ама не сум се зафатила сериозно да фатам да слушам. Едно време слушав еден метал бенд јапонски, ама не сум се заинтересирала да пронајдам нешто повеќе. Не сум слушала, ама се заинтересирав да дознаам повеќе за корејската музика
    Иначе корејската музика, т.е. начинот на кој се формираат групите е различен. Имено, се одбираат таленти од млада возраст, потоа со години се тренираат, во различни насоки за да се испита кој талент подобро му оди (глумење, пеење, манекени...). Поп групите ги формираат големите музички компании, после годините тренинг, прават селекција на девојки или момци, ги ставаат во иста група и ето, бенд. Доста голем број од групите во Јужна Кореја се сочинети од голем број на членови, како SNSD која е составена од дури 9 девојки. Никој не ги прашува дали се согласуваат или не меѓу себе, постојано се заедно, одат на тренинзи, турнеи, живеат заедно... Тоа се луѓе кои сакаат да бидат нечии идоли, значи работат максимално со се од себе за да станат поп идоли, огромна конкуренција.
    Музиката е најчесто спој на цела светска музичка сцена :D многу песни звучат и личат на веќе нешто слушнато па затоа и се примамливи на слух. Текстовите им се по малку детски. Има песни што звучат смешно за нас, а има и некои стварно добри денс песни.
    Во договорите со компаниите имаат и некои строги правила за начинот на однесување и живеење, како на пример имаат забрана за стапување во нови љубовни врски. И публиката е многу поразлична од оваа кај нас или општо во светот. Јужна Кореја има модерна технологија но потрадиционални убедувања и ставови. На G-dragon му се закануваше затвор (а можеби и лежел) затоа што на еден концерт испеал две песни од албумот кој му е 18+, а и на сцената изведувал акробации на кревет со некоја девојка. Концертот му бил отворен за 12+, а Кореја си има некои застарени правила за цензура за такви работи до 18+ . А во песните уствари се пее за тоа како пиел алкохол кога бил тажен :D и употреба на зборот fuc*ing. А тој е рапер. Мислам... компарација со американските рапери да направите во текстовите :D Баш гледав едно клипче на нет (за тие што се повеќе заинтересирани за Ј. Кореја го препорачувам нивниов блог eatyourkimchi) се дискусираше за тоа како во Кореја не постои такво нешто како групи на банди, нема таков начин на живот кој би се отпеал во некоја рап песна.
    Јас слушав нешто од YG Family, 2ne1 ми беа интересни, не слушам обично ваков тип на музика, ама дека се корејски затоа :D И big bang ми имаа убави песни, поготово добри се за уз вежбање. На SNSD најдобра ми беше Gee, она брзо пеење што врска немаш што е, а звучи толку смешно :D
    Групите не само што пеат, туку и танцуваат синхронизирано, толку добро што се стварно добри за гледање. И спотовите им се врвно изработени, такви може кај нас само да сонуваме дека ќе имаме.
    Мене ми се интересни искрено и емисиите. Се фокусираат на тоа да ја засмеваат публиката, па и самите пејачи/пејачки не ретко се исмеваат себеси, кажуваат смешни ситуации од нивните животи, водителите прават смешки од гостите... многу опуштено и забавно. Не се надувани, искомплексирани луѓе, тоа се млади што стварно работат на тоа да публиката ги сака. Гледајте некои од корејските емисии, стварно се забавни.
    За изглед, девојките се која од која, а момците... па мене лично Азијците не ми се привлечни мажи. Ми се допаѓа само t.o.p од биг бенг, не заради изгледот, туку затоа што често има сериозна фаца, а знае да биде неверојатно смешен. Е да... и тоа е плус, промотивните активности што ги имаат на страна од самото пеење, рекламирање брендови, одење во емисии. Биг бенг на пример имаат направено пародии од некои од најгледаните серии во Ј. Кореја, па g-dragon обавезно глуми девојка, а t.o.p ги има пољубено речиси сите членови од групата :D Меѓутоа, ако отидете да ги погледнете сите овие работи, а без притоа да знаете за некои основи од Ј. Кореја, ниту ќе ви изгледа смешно, повеќе на емоционално незрело и можеби чудно.

    Доста пишував глупости :D Еве нешто од претходниве групи спомнато, најпознатите песни и плус нешто од к-драма
    http://www.youtube.com/watch?v=AAbokV76tkU
    http://www.youtube.com/watch?v=j7_lSP8Vc3o

     
    На AziskaStrslenka и Paradox им се допаѓа ова.
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.390
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    49.839
    Д. утро :hai: Излезе новата песна на Taeyang, за само 15саати има над 1милион прегледи на youtube, и тоа не е ни официјалниот спот. До мене е или ептен е заразна :$ и танцувањево е :dance: а ич не го сакам овој :!: Имелда, еве ти нов рингтон :D

    http://www.youtube.com/watch?v=Ho1y-4mXIL0

    и една побавна колку да не биде кратко :D
    http://www.youtube.com/watch?v=2GRP1rkE4O0
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.