Така е! Да го слушнеш комбакот од BLACKPINK ако не си го слушнала, многу е добар! Едвај го чекам комбакот од ЕХО.
Ах новата песна од Blackpink ми е на repeat секој ден и јас едвај ги чекам EXO, да видиме што ќе извадат
Клипчињата што ги пуштаат се супер, и Леј ќе биде во спотот, но нема да биде тука во промоциите. Сепак, сигурно ќе го видиме на МАМА, ММА или така нешто.
Вистинско освежуување е насловната нумера Ko Kо Bop .. а и целиот албум the War. Малку поразличен од претходните албуми. Леј го обожавам... талентиран, има прекрасен глас и мило ми е за неговиот соло албум но штета што го нема на групниот . А и многу е смешен .. лудаче Иначе би било глупаво да не биде и Леј на МАМА. Годинава ќе биде интересно. Логично е да нaстапат EXO, Blackpink, G Dragon, Taeyang, Psy, Winer, Ikon, Twice...
Навистина, Леј е многу талентиран. Леј и Кај ми се омилени во EXO. Па јас мислам дека во секое време можат да му дадат стихови. И јас мислам дека ќе биде многу интересно на МАМА, па и Girl's Generation ќе имаат комбек на 5 Август.
Па сите ми се омилени ама кога би одбирала тоа би биле Леј, Бекхјон и Каи. Да заборавив и на Girls Generation. Богами оваа година богата музички
Вистина богата. Јас искрено никогаш ги немам преболено Крис, Лухан и Тао што излегоа од ЕХО, па ни Џесика од Girl's Generation, но гледам дека имаат контакт со групиве.
Искрено тогаш кога беа и Крис и Лухан вo групата баш не ги слушав нешто многу EXO, најмногу ги слушав Bigbang (моите најомилени поради кој почнав да слушам К-поп) и 2ne1. Но вистина баш штета ама пак мило ми е што се успешни и вака . Инаку и имаат а и баш немаат некаков контакт. Мислам дека со Тао имаат најмал контакт
Тао на Инстаграм го следи Лухан, Леј ги следи Лухан и Тао, Лухан ги следи Леј, Сехун, Баек, Чанјол и Тао (сите што имаат Инстаграм до душа), но Крис не следи никого и ни него не го следат.
Холивуд*. Искрено некако во паника сум, никогаш не сум била во паника за некоја група ама Виви, кучето на Сехун вчера некоја го украла и рекла дека нема да го врати додека Сехун не и станел дечко. Екстрим фанови, ги мразам нив.
Да, да, слушам корејска поп музика. Ги слушам BLACKPINK, BTS и Girls Generation . Посебно сум заразена со сите песни и настапи на BLACKPINK , ептен ми се срцки девојчињата. Се што излезе на Youtube се имам кликнато да изгледам. Многу се позитивни некако и ми го дигаат расположението Може ќе звучи претеризам , но ја имам учено и нивната кореографија на оваа песна
Никаков претеризам , ја ја научив на Forever Young цела кореографија и од iKON - Killing me скоро цела исто
Лепотиците со нов хит и неодоливо заводливи За само 4 дена 129 милиони прегледи Не можам да го тргнам погледот од нив, ко некој манијак сум. Максимално атрактивни и ебозовно секси. Тоа е тоа, мојот вкус за жени , убавици @TheFallenAngel
Сестра ми ме зарази со некои песни од BTS, полудена е по нив. Навистина некои песни имаат доста заразен ритам. Оваа ми е омилена.
Здраво, доколку сте фанови на К-pop песни и сте заинтересирани за нивното значење (текстот) тогаш ве молам погледнете ги следниве видеа и . Во првото видео е преведен текстот на песната од најновиот албум на најпознатиот машки бенд кој се состои од 7 членови (BTS) а во второто видео е преведен текстот од песната Kill this love од Blackpink (најголемиот женски бенд) кој за само 4 дена имаше 125 милиони гледаност. Ве молам поддржете го девојчето, бидејќи таа многу се труди и е прв и единствен јутубер кој ги преведува К-pop песните! Ви благодарам. Доколку ви се допаѓаат ве молам кликнете Like и Subscribe! Имајте убав ден поздрав