1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kaко се справувате со женкарите?

Дискусија во 'Канта' започната од sillygirl, 28 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Нема справување со нив.Туку носење одлука-или го напушташ или го прифаќаш(ова во пакет со сите негови минати и идни „љубови„).Правилно е да се тргнеш од ваков,шансите тој свесно да одлучи да се промени се толку минимални што се скоро еднакви на непостоење шанса,ама и оваа одлука има шанси да ја промени подоцна,па да се врати на старо по онаа „волкот влакното го менува,карактерот не„.
    За мене луѓето од овој тип е најдобро да останат сингл цело време,тие не се создадени за врска или брак.
    И не мислам само на машкиот пол,мислам и на оние од нашиот пол кои никогаш нема да успеат да опстанат во моногамна заедница.
    Разбирам дека кога сте вљубени звучи грубо да ви рече некој „тргни се од него,не е за тебе„-ама долгорочните последици од останување со таков има шанси да се претворат во прав пекол-еве разгледајте низ темата „Разводи„ има многу примери за брак со вакви партнери,кој најчесто завршува со развод и тоа со тешки последици и повреди за сите.
    Има шанси сега да ги затворите очите и да гаите илузии како тој ќе се смени само за вас,ама и да е од оној тип кој изневерува,а девојката или сопругата ја третира како кралица,ништо не останало скриено,па еден ден оваа „драма„ ќе ви се врати како бумеранг на двајцата.Јас немам потоа ни грам созалување за некоја која свесно избрала ваков,кога ќе и се вратат в лице последиците од изборот,затоа што нема шанси да не знаела со кого си има работа.И после глумење драма квин-„што си дробела-тоа сркај„ сурово-но вистинито.Искреноста и вистината се такви-сурови многу често,па сега мислам дека е јасно кој е правилниот избор тука.
     
    На shekerna и sillygirl им се допаѓа ова.
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Женкар е еуфемизам за мушка ку*ва. А која девојка би сакала таков покрај себе? Што ќе ми е „гордо“ да го шетам низ град, кога знам дека по пат ќе се најдат минимум 15 девојки кои некогаш биле на моето место, или да ги слушам истите квази - комплиментчиња што ги давал на секоја претходно.

    Едноставно, кога сум со некој, сакам да се чувствувам посебно и сакано. Со женкар тоа е невозможно, колку и да ви се чини дека е супер, и „ова го прави првпат, само за вас“. Ако некој не е доволно зрел да може да гаи чувства кон една личност, нема иднина со него. Обична авантура да, единствено решение е да го изиграш играчот.

    Сепак, подалеку од таков, нека ужива во вниманието од многуте фуфи што ги мота.
     
    На srcekrsacka и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  3. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    7.955
    Пол:
    Женски
    Хмм..во иста ситуација беше и една моја другарка..кажи ми дали повеќе женски му постираат на вал или само една одредена личност? зошто ако се повеќе мислам дека нема што да се паничи толку, а ако е една најверојатно има нешто со неа..овој на другарка ми цело време и кажуваше дека таа му е бивша и демек уште го сака и затоа го замара :@
     
  4. sillygirl

    sillygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Не е една... Многу се... И тоа е тоа што ме плаши... :(
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    познавам неколку такви, и секогаш стојам на страна од нив :$
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.515
    Јас не се справувам со нив,тие се справуваат со мене!
    Се ти е финта братче! :lol:
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Не се справувам. Кај нив зборување, убедување, а па уште помалку да се изнервираш и им се изнавикаш - не помага. Јас ваквите ги ставам на игнор мање више и кога еден таков ќе ми се приближи, веднаш му давам до знаење дека тој негов занает кај мене не пали. Никогаш не би имала нешто со женкар, па и што ќе ми е таков? Да ме мота како сака? Епа не, јас ќе бидам таа што ќе ги мота, не они мене. :D
     
  8. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас имам многу голем проблем со овој дел од припадниците на машкиот пол :$ Таквите лесно ми се закачуваат за окце, уште ако има финтици и манири, готово е се хахаха
    Свесна сум за тоа, ама џабе- интересни ми се и точка. А кога и јас ќе им станам интересна- интересот го снемува |(
    Од 1000 машки, јас со врзани очи ќе го изберам женкарот и кретенот. ЈБГ!
    У глобала се кретени! Се летаат по one night girls, се плитки, неизживеани, мислат се што лета се јаде....и се ова ми е јасно, ама ете и јас имам некој head problem со ваквиве :!:
    Не би сакала да заглавам со некој ваков, сепак сакам да си најдам фино, мирно момче...без листа со должина на тоалетна хартија !
     
    На vaga95, barbie-hilton и Blondydevil им се допаѓа ова.
  9. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    и мојот беше таков ама сега си е супер. од првиот ден кога почнавме врска ги стаи на игнор сите друго а веке по 1 месец ги избриша од фб иако не го барав тоа од него. само кажав дека ми сметаат. Уште малку и ке си правиме две годинки од прекрасна врска. :) :inlove:
     
    На sillygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tashaa

    Tashaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    38
    мразам ваков тип на машки одбивни ми се многу ! :@
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.515
    Срце,мора многу да ми те сака.Прекрасна врска,навистина.Ех мојот да си е таков,да си мењаме,ти избриши го овој,јас оваа...ееех...па не се знае,може си лајкуваат песни,може муабетат,се може да биде.
     
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Зарем има метод за справување со женкари? Едноставно, за нив не треба никакво справување освен клоцата одпозади и чао пријатно. Како и модата што се менува секоја сезона, така и со машките. Сега си фраер, после си папучар(и то на некоја к*рва која си ја нашол со последни сили). :hai:
     
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    7.800
    Пол:
    Женски
    хаха и јас како FBI само со такви излагав и ко за беља со таков сум у врска, добро веќе не е таков заедно сме веќе две години, сеа у август праиме, и да FBI овој има список на женски со кои излагал со должина на тоалетна хартија хаха :D инаку никогаш не верував дека може да се смени карактер се додека не излегов со него, незз ми се понашаше како никој до сеа, и муабет знае да напраи и се, али пошо го знаев каков е си планирав само на мување да остане. Уште од почетокот почна нешо коа демек се сменив заради тебе нема да те варам ова она незз шо а ја мртва ладна а нон стоп излагавме и као почна да збори дека сме у врска и така почнавме али јас во секоја можна прилика го одебував а он почна да трча по мене, дури и ги одбиваше сите шо му се пуштаа и после година и нешо сватив дека е навистина сменет и се опраив и јас со понашањето така да сеа ни е најубаво и мн си го сакам :inlove:
    а што се однесува до девојкава, и самата кажа како реагира на другите, ок почеток официјално сте мн кратко во врска но ако и подоцна се однесува така кажи му што ти смета и ако не го попраи понашањето откачи го, не ти треба таов ти си најбитна зашо да дозволиш да си играат со тебе? сигурна сум дека има уште илјада слободни машки и можеш да најдеш др не е единствен тој, викаш си се заљубила ок ќе го преболиш со самото тоа негово однесување ќе сватиш каков е и ќе ти стане одбивен со тек на време дури потоа ќе се прашаш како можев да бидам со него :!: почекај и види како ќе се одвиваат работите понатаму ако не се смени откачи го па не си сама имаш другарки кои те сакаат едноставно излагај со нив забавувај се и не мисли на него и крај ;)
     
  14. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    и јас го имам истиот проблем пред да се фанам со дечко ми сите ми збореа дека е женскар и дека не е з амене но он ме убедуваше дека тоа е минато и дека ако останам со него се ке се смени и се смени но само за почеток сега гледам дека сака да се врати на страите навики ако он ме убедува дека не е така незнам што д аправам
     
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас со женскарите и не се справувам. Воопшто не се ни замарам со нив, туку ги оставам да си ги лечат комплексите и да си живеат во својот филм на големи заводници. Кога бев помала ми беа интересни, ама сега... Не се правам херој и не се обидувам да променам некој од нив, да остане само со мене. Може така за една вечер, нема проблем, ќе флертувам по малку, ќе си играме, ќе се смуаме и после, чао, пријатно.
    Затоа, sillygirl, има милион добри момчиња со кои би можела да излезеш. Имаш 20 години и дај те молам, надмини го тоа. Јас се заебав на 15 години, добро де детско беше тоа, со таков фраер и сега воопшто не ни фрлам око за нешто посериозно со нив.
    Имам си сега дечко, што е прекрасен со мене и кој секој ден само мене ме заведува. И знам дека сум на сигурно со него, не сум цело време во негова сенка и додека јас сум со другарките, он сигурно не си игра Казанова. Не викам дека и овој е мн арен, можеби и тој ќе ме разочара, ама сепак... Далеку од тоа да ме нервира и да биде женскар.
    Па обиди се да пронајдеш и ти некој таков ;)
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    КОЈ сречко сум значи толку типови поминав озбилни неозбилни, глупи, паметни ама ниеден не беше женкар а сите беа згодни и убави. И тој еден шо беше женкар покрај мене кога беше. беше буба мирен.
    Стално им викав ’’Слободно изневери ме ама да ми кажеш и гледај со некоја убава девојка не со некоја грда да ме срамиш таму пред луѓето, се што правиш прави со стил’’. Со ова им давав на знаење дека ако ме изневерува и изиграва женкар не е некој којзнае каков фраер. А ако веке ме изневеил некој(а не познавам таков) така јако ке го заебавав да не му текне друг пат.
    И им викав вака ’’ЗА жената не е срамно таа да биде изневерена, ама за машкото е срамно девојката да го изневери. Замисли да ме видат другарите твои со ептен јак тип каков ке те зафркаваат’’ Оваа теза не е баш точна и има многу пропусти ама глуп машки мозок како им сервирам така јадат. Одма му излегува сликата на другарите негови како се смеат и викаат ’’Он неговата не може да ја задоволи, а не па со други девојки да излегува’’
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Се обидувам да ги одбегнувам колку што можам повеќе, иако досега често сум налетувала на такви... За среќа не сум си ја губела главата по нив, уште на почетокот ми стануваше јасно какви се (за среќа), па се тргав од нив.
    Едноставно ги игнорирам, не се вредни за да се нервирам заради нив... Со нивното однесување само покажуваат колку се неизживеани и искомплексирани.
     
  18. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    За такви женкари ние женските треба Мажишта да бидеме ... И да им се акцентира кој е кој... Доколку би имала врска со таков уште од сам почеток ке му дам до знаење кој е а кој може да биде... Така да кој лети високо патос се прави. Немора да значи дека ако они можат да излегуваат со секоја која ке ја видат а ние да го чекаме цел ден да му текне на нас, дека и ние не можеме така ... Ехаа
    Со ваквите само заби покажување никаква слабост :!: . После како знаат да се скротат ко сонциња се за галење само :*
     
  19. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Волкот си го менува влакното, но не и наравот!!!
    Ова одамна некој паметен го кажал и јас со двете раце го потпишувам за точно. Сум имала прилика да бидам со таков, и, иако се смени некое време, едноставно тоа е нешто посилно од нив и пак ке си се врати на старото. Едноставно нема лек за женкари...само што подалеку, освен ако не сте спремни да го прифатите како таков.
    На таквите им треба женско внимание од многу девојки за да бидат целосни и задоволни, да си го нахранат болното его кое не знае за доста.
     
  20. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Како се справувам?
    Им ставам рицинус во пиењето па кога ке станат да плешат со друга цура, и` остават каки траг на белој шпиц ципели и шират п**коповикателна реа околу себе во радиус од 100 метри. :devil:

    Не, сериозно, никогаш не ме привлекувале такви машки к**ви што може секоја со 2 збора и разголена груда и задник да ги има. Not my level. 8)
    А справување со такви, тешко. Или ако толку го сакаш ке треба да го врзеш дома за стол или да го мумифицираш, или да го шутнеш по фрцкастото газуле што многу му мрда.
    Менување...dream on.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.