1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Kako da ja vratam

Дискусија во 'Канта' започната од zaljubeniotjas, 16 октомври 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. zaljubeniotjas

    zaljubeniotjas Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    Можеби е малку чудно што сум член на оваа страна за женски но имам проблем со мојата девојка :(
    И сеа бидејки тука повекето се женски и би сакал мислење од вас ако може ???
    Со девојка ми сме во врска 4 месеци и пред 3 дена имавме прв сексуален однос со неа,но испадна проблем за време на односот,значи додека имавме пред игра ово оно .... ерекцијата ми беше нормална но откако го ставив презервативот ерекцијата се намали и таа мисли дека не ме пали и слично,но ај тоа некаку го поминавме и вчера се обидовме пак и се беше нормално завршивме со односот и таа седна на мојот facebook и ја виде пораката што ја пратив на другар ми и виде дека му кажав за проблемот со ерекцијата и таа се налути и веке не сака да биде со мене бидејки сум ја кажал нашата интима на другар ми во кој имам голема доверба таа мисли дека тој би им кажал на сите а јас му кажав бидејки се исплашив дека имам некој проблем.И сега веке не сака да е со мене,не ми одговара на повиците,не ми пишува,а јас неа многу ја сакам а знам дека и таа мене исто така :( . И би сакал да ми помогнете како да ја вратам и да ми прости за направеното ????

    Благодарам однапред
     
  2. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Види заљубенко...прашај ја дали воопшто го познава другар ти, прашај ја дали она тоа искуство го споделила и со нејзините другарки ако одговорот е да тогаш најверојатно ќе сфати дека не е во ред да ти се лути тебе ако и она истото го направила...се разбира доколку и она им кажала на другарките...друго што можеш да направиш е да му кажеш на другар ти да разговара со неа очи во очи и да се обиде да и објасни. Толку од мене, отидов да спијам, касно е веќе а истото би требало да го направиш и ти.
     
    На zaljubeniotjas му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Ништо не ја прашувај , собирај кеш и отиди и со огромен букет цвеќе дома. Така-ко гром од ведро небо. Кажи и дека ја сакаш и сакаш да ти прости и -толку. Ако го тупиш само ке и го храниш егото. Вака нема шанси да одолее.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zaljubeniotjas

    zaljubeniotjas Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    нејзините не знаат дека е со мене а моите знаат.Таа се плаши да им каже на нејзините.И еве сеа почна да ми пишува само пораки и тоа како не сме можеле да бидеме заедно ова она... а јас упорен и велам дека ја сакам и дека само таа ми е најважна но изгледа тоа на неа не и менува ништо :(
     
  5. zaljubeniotjas

    zaljubeniotjas Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    За прв пат се заљубив во мојот живот и таа шо ја сакам ке замине :( :'(
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    нема да замине ако знаеш да ј азадржиш како. јас сум многу тежок карактер. и богами за некој да ме задржи превише си барам. затоа и те советувам-без оглед дека не знаат нејзините-отиди и. биди храбар, биди машко. у најмала рака чак и да те одбие-ти ке бидеш храбриот кој бил доволно силен да отиде на врата да се извини а таа глупачата што те изгубила. позз
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Пошто не го видов клучниот дел, редактирам.

    Во тој случај, веројатно е навредена, а многу веројатно и не и се бендисал сексот, зашто после добар секс, све ќе биде простено. :) Ама ајде да претпоставиме дека и сексот бил добар, што е сосема можно...
    Прво, стварно не е океј да споделуваш такви интимни ствари со другари. После тоа, не е океј ни она да ти чита пораки, ама се десило шо се десило, па обиди се со некоја „вратоломија“ од типот на цвеќињата кои ти ги предложија. Ама да биде ептен шокантно.

    Битно, не се откажуј, чим ти праи муабет, значи очекува да напраиш нешто. Ако вистински не сакаше веќе ништо, немаше ни да ти крене телефон. :call:
     
  8. zaljubeniotjas

    zaljubeniotjas Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    уфффф тоа да беше толку лесно :( јас би одел кај неа ама не би сакал да и направам проблеми , не би сакал да пати, но мислам дека таа не мисли на мене како што мислам јас на неа и кажав колку ми е тешко но таа го негира тоа ми вели дека пред мене е животот и дека ова не е ништо со споредба со тоа што ме чека во животот.Taa на некој начин ми дава надеж ми вели сабајлево дека и таа се нервирала и дека единствено јас сум ја смирувал кога била со мене на се можела да заборави :( но пак вели дека не можеме да бидеме заедно :'(
     
  9. zaljubeniotjas

    zaljubeniotjas Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    јас кажав дека по вториот обид за секс се беше нормално дури и таа се откажа не можеше да издржи но не ми беше прв пат да имам однос со некоја туку ДА ме фати трема бидејки ја сакам и незнаев како да постапам.Сум имал секс и порано со други девојки но таа е посебна.A inaku не раскинавме бидејки ми се наведнал туку бидејки ја виде пораката шо сум ја пишал на другар ми за проблемот . Имав трема бидејки ја сакав и не сакав на некој начин да ја повредам а инаку по вториот пат се беше ОК а се изненадив дека има и машки на оваа страна во секој случаj ti благодарам
     
  10. MikiMausovski

    MikiMausovski Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Собирај кеш и трк да се лигавиш. Немој така да го учиш. :)

    Најди си ги мудата и изреагирај мушки без да се лигавиш. Кажи и во кратки црти зашто си изреагирал така.

    И што ако си му пишал на другар ти? Она 100% би се пожалила на нејзините другарки.

    И друго нешто. Сте иделе 4 месеци. Не ја сакаш, туку си заљубен во неа и сакаш да спиеш со неа. Тоа се различни концепти. :)

    П.С. ОффНет не донесе нас машките тука :) со оваа тема: seks/odnosi-za-vreme-na-praznici-t2907/
     
  11. MikiMausovski

    MikiMausovski Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    И шо к*р бара она да ти буричка по пораки??? Нели е тоа повреда на приватност??
     
  12. MikiMausovski

    MikiMausovski Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Игнорирај ја оваа! :))
     
  13. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Според мене многу си згрешил што си му кажал на другарот,тоа се интимни работи има право девојката,да ти се налути да не ти прави муабет неколку дена да ама да ти раскине?! Некако премногу банална причина е.Се гледа дека многу ја сакаш и и попушташ,она затоа и вака ти прави.Биди малце по строг,зашто вака не ме сфакај погрешно убаво е да и покажуваш љубов и се ама не ја моли веќе.Отиди и со букет дома(не ги слушај овие што ти викаат да не одиш,зашто нема ништо лошо да покажеш љубов ТОА НЕ ТЕ ПРАВИ МЕК ИЛИ ПАПУЧАР!!! ) ,јави и се да излезе пред врата или куќа и дај и го.Кажи и дека ја сакаш и дека си згрешил извини и се,и напомени дека ова е последен пат како ја молиш ако те сака и ако се смири со тебе дека ќе биде најсреќна на целиот свет,дека ќе ја чуваш вака така знаеш малце романтика.НО ако те одбие ќе си отидеш и крај! нема ни да и вртиш ни ништо ,зашто џабе ти ја сакаш кога она не те сака-секако ако те одбие.И ќе си продолжиш со животот,ќе ти помине за кратко време не се секирај.:)
    Колку години има она?
    И дали ти си и неа прв? - се извинувам ако е непристојно прашањево,ако сакаш не одговарај :)
     
  14. MikiMausovski

    MikiMausovski Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Секако дека смее да и каже дека ја сака и дека му значи, но начинот со букет цвеќе или со серенада под прозор, не е правиот начин.
     
  15. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Не реков серенада,реков букет.Она е можно да тера инат сега,а да го сака.А вака ,кога ке го види со букет во раце ако го сака-или и значи нема да може да го одбие.А ако го одбие ќе си знае он дека стварно не и е гајле неа за него и чао пријатно,ќе си продолжи понатака!
     
  16. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Види Заљубениотјас,ова се решава со зрел разговор.Во твојот пост не си напишал по колку години имате,но не е важно,чим сте зрели за сексуален однос,зрели сте и за разговор,не? Убаво кажи и на девојка ти дека со другарот си поразговарал за твој интимен проблем бидејќи си бил загрижен за твојата состојба и здравје.Зошто велам твој? Затоа што ти не си му раскажувал на другарти каков ви бил сексот и детали од интимата на госпожата,туку детали твои.Незрело е за таков проблем некој да се смее,или некој некого да обвини дека ќе се смее.Како што ние девојчињата си раскажуваме за проблемите во врските,сексот итн. така и вие момците.Што ќе беше ако сите седевме дома во 4 ѕида удирајќи си ја главата што би можел да биде проблемот? Мора да се разговара за вакви работи,да се чуе друго искуство,да се помогне.На крај краева,себично е од нејзина страна да се лути за ова,кога навистина се што си сакал да направиш е да откриеш во што е проблемот,за следниот пат да ви е поубаво! Ти посакувам среќа,многу малку момци се осмелуваат за ова да разговараат искрено и да признаат дека поради ваква или онаква причина имаат проблем. На многумина им е полесно да излажат за да се направат мангупи,за да избегнат билокаков разговор,за некој случајно да не им се насмее,и поради својата незрелост завршуваат лажејќи се самите себе. Се најубаво, поздрав. :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    5.972
    ^ Објасни подобро ако може, зошто не правилниот начин?
    Цвеќњто е класика, само препотентни „современи„ жени незнат да го ценат тоа и се палат на дијаманти и слични срања.
    Не постои жена што не се топи пред букет цвеќе, колку и да го негира тоа. :)
    Едит
    Прашањето е за Мики, не видов дека има испратено мислења измегу време :)
     
    На srcekrsacka и lovebrazil им се допаѓа ова.
  18. MikiMausovski

    MikiMausovski Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Стај се ти во нејзина ситуација. Како ти би изреагирала кога некој ќе ти дојде пред врата, пред комшиите и пред твоите или пак пред другарите и ќе почне да ти се лигави? Како ти ќе изреагираш?

    До типот: едно извини е доволно. Сега ти треба само трпение. Ако си и мил, ќе ти се врати ако ... јбг нареден пат повеќе среќа. ;)
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    90.972
    Пол:
    Женски
    Какво цвеќе не зезајте :lol: Повеќе ќе укакаш, а да не пишувам како ќе се движи врскава понатака ако воопшто продолжи.

    Нормално е да те фати паника, очигледно ја гледаш поинаку од девојките кои си ги имал пред неа. Само со разговор во 4 очи може да се реши проблемов и никако поинаку. Ти пишува пораки? Не сака да те види, избегнува средба со тебе.
    Подобро прашај ја што е причината за прекинот и зошто навистина не можете да продолжите?

    А за споделување со други? Па нормално е да споделиш доколку има некој проблем. Не дека ти си пишал за сите пози од Камасутра.
     
  20. zaljubeniotjas

    zaljubeniotjas Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    inaku se vikam Martin
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.