Здраво, Имам 17години и сум висока 165цм и тежам 55кг. Некои велат дека моите димензии се одлични, но јас не се согласувам со тоа. Сакам да дознам, дали има нешто ко калкулатор на тежина, која е совршена тежина и кои се совршени димензии за едно женско тело. Ако некој знае нека ми пише. Постојано се оптеретувам со различни диети, но со тоа само ја ослабив крвта, ништо друго. Пишете ми!
Мила еве тука http://www.kupuvajoddoma.com/index.php? ... tion_id=10 ептен е добар калкулаторот, мене нормално ми покажува а имам 54.5, а висока сум 170, измери си се убаво внеси се што треба па ќе видиш
Ти и да се здебелиш 2-3 кила ќе биде супер, а не па да слабееш. Не претерувајте, на крај краева поубаво изгледа женско со облини, бутче малку, отколку преслаба. Ако ослабиш нема да личиш на женско, стварно.
Zenski toa stvarno e taka. Navistina treba zensko so butce ova ona.. ama ova moeto veke vo bolest premina, samo na toa mislam .. znam deka ne e normalno. Izgleda treba da pocnam da sportuvam ili da odam na fitnes, za da se zajaknam malce. So mislite?
Најпрво добре ни дојде на форумов. Почитувај ги правилата и пишувај кирилично. И пред да отвориш тема, убаво разгледам дали иста или слична веќе постои. Во врска со твоето прашање, верувај не можеме да ти кажеме ние точно дали си таман или не, зошто не те знаеме како изгледаш.Според бројките според некои калкулатори си таман, т.е според сите калкулатори, ама тежината можеби не ти е распоредена на сите страни, па затоа не си задоволна од твојот изглед. Не слушај никого во врска со твојот изглед. Огледалото ја кажува вистината, а ти со твоите очи си најобјективна кога си во прашање самата ти. Би ти препорачала да не се замараш со тоа толку, зошто не е убаво да прерасне во опсесија, како мене што ми беше. Само пристапи му на "проблемот" со поладна глава и без паники ако се придржуваш кон тоа што е здраво и правилно ќе стигнеш до твојата цел. Би ти препорачала да спортуваш, тоа е најубаво, ем ќе слабееш, ем ќе се затегнеш. Нема ништо поздраво и подобро за телото и духот од спортот. Ти посакувам среќа во симнувањето на килцата.