Мислам дека беше љубоморна на Џефри затоа што неговиот бренд многу побрзо се прошири од нејзиниот и она рандом после години дружење направи видео за него, демек колку бил лош, Џефри направи риспонс видео кое беше поверодостојно тогаш и некако многу луѓе сменија мислење за неа. После го продаде брендот и сега се повлече некаде. Како не им текнува на Исус кога се во пикот на кариерата, кога се најбогати и најпознати. Мислам, ништо против ова што го кажуваш ти, ама мене повеќе ко midlife crisis ми делува. Исто ко Џефри што е конзервативен сега, а изгради цела кариера врз основа на либералност и рушење бариери и стереотипи.
Абе инспирација тешко нас. Подржува насилници и гради популарност со понижување на други, сега нема веќе популарност па ајде ќе се правам Христијанка оти тоа пали.
И јас лично навистина се радувам за сите оние кои се пронаоѓаат себеси и она што сакаат навистина да бидат. Многу ми е мило кога гледам дека некој станал христијанин. Ми се полни душата со ваквите изјави, какви и да биле луѓе претходно. Најбитното од сѐ е дека се покаале и го направиле својот свет поубав пронаоѓајќи се во својот дом, во своето гнездо, а тоа е љубовта кон Исус Христос.
Ова е интернетот, можеш да кажеш било што и секакви вести да прочиташ за секој, дали гуглаш или не. Можда се вистина некои работи ама.... Јас се радувам за нејзниот сегашен пат, доказ дека без разлика на се, секогаш имаш простор за избор и да го смениш својот пат Не ја величам јас девојкава туку Исус и што направил за нејзиниот нов живот и си се радувам за неа
Ај, самата си признала дека порано трескала и правела глупости. И добро е ако искрено се пронашла себеси. Ама, ако е обид само за крпење имиџ, е лошо.
можда треба поотворено да гледаме, а не автомацки да мислиме дека е за крпење имиџ. Го гледавте видеото? мене ми излгеда мнг мнг искрена и изменета Убаво е да се гледаат плодовите на христијанстово и нејзината промена
Не ја гледам причината толку да се експонира фактот дека сега практикува христијанство. Ако тоа и било за лично подобрување, ќе го направела без дополнителна џева, ама нормално тоа мора макс да се изрекламира.
Што запнуваш со видеото? Зар мислиш дека од едно видео може да се заклучи дека некој се сменил? Не. Тоа се докажува со дела.
Да, така е фала богу. А видеото го спомнувам дека им нуди одговори на прашањава ама да, ќе видиме со делата најбитно е да има наша поддршка и верба Бог е голем!
Да, да. Добро познатата Uno Reverse Card за да станеш бољи чоек, стани 'Рисјанин. Не сите пагани, Сатанисти и шо ти ја знам се лоши луѓе, исто ко шо не сите христијани се добри. И плус, ако толку сакала да се искупи, боље ќе и беше да иде да се мучи на ласерска да ги трга тетоважите, а не да се покрива со црни тетоважи. Него со муж и шо праиме?
Муж и е ѓубре. А сатанистите не се лоши луѓе, треба колективно да се едуцираме за религијата и што проповеда.
well интересно е да се види како луѓето реагираат и размислуваат.... Станисти неможат да го наследат рајот така да, да треба да се едуцираме за правилниот пат Се надевам дека со време луѓето поинаку ќе реагираат на нејзиниот нов пат, бидејќи повеќето тука ја осудуваат и не и веруваат. Поздарв
Шо прајме со паганските празници шо си го нашле местото во христијанството? Правилен пат, или сепак не?
Верувањето на Сатанизмот е дека сам си свој бог, твојата душа е само твоја и во тоа треба да веруваш, не дека клањаш пред сатан, побогу.. И ако е христијанка не значи дека е на правилен и добар пат, треба човек да се суди по тоа што го прави тука, во овој свет и сегашното постоење. Скоро секој шо утепал некој со кола, фрлил нуклеарка или пак силувал, бил верен христијанин (или муслиман, ватевер). Ама битно на прав пат е пошо верува во Господа сатанистите ќе горат пошо веруваат во себе...