Ти кажав погоре. Не може да ѝ се верува од едно видео. Не биди наивна. Прво, зборовите колку ги сече. Потоа колку пати го повторува зборот лајк. Звучи несигурна. Што е ок ако ја зборува вистината, па на почеток е. Но, не е доволно да каже дека е Христијанка. Нека докаже со дела дека се сменила и осудите ќе престанат или ќе се намалат.
мхм, мислам дека и ти одговорив и јас погоре, ние луѓето не можеме да ги прочитаме човековите срца а времето ќе каже се, секое добро Бог е голем
Што се менува кога човек ќе стане верник? Еве што: Не станува автоматски добар. Се менува неговиот поглед на нештата и на светот. Има утеха и пат, полесно се носи со некои нешта во животот. Почнува да го чувствува Бог, неговата милост, дека Тој е тука. Бог е тука за оној кој го бара, кој го повикува, кој го прима во своето срце. Уште повеќе за оној кој ги пази заповедите и прави добрини, а не зло. Верата без дела е мртва. Труд и борба е да се биде верник, оти злото не спие, противникот на Бога постојано бара слабости и нè искушува. Не постои безгрешен и совршен човек и Бог тоа го знае. Колку и да се трудиме како верници, ние сме само луѓе и грешиме. Бог бара од нас само покајание и да не останеме во грев, после секој пад да станеме. Бара од нас верба и кога имаме верба, Тој е тука. Веројатно нешто пропуштив, воглавно ова е. Затоа е убаво човек да е верник. Погрешно е да се мешаме во туѓата верба и да судиме затоа што не ја знаеме, гледаме што прави човек пред светот ама не го гледаме она во него внатрешно што е.
За сопругот на KatVonD не знам, но членката погоре претпоставувам мислела на (нео)сатанисти кои се дел од сатанизмот на Anton LaVey, а не на оние шо прават сатанистички ритуали и жртвувања. Сатанизмот на Anton LaVey е близок со атеизмот и скептицизмот, односно станува збор за т.н. еготеизам или автотеизам, каде вербата е насочена кон себе - индивидуата. Стремежот е кон слобода на личноста и индивидуализам, а Сатаната и сите останати митолошки фигури имаат исклучиво метафоричко значење. ЕДИТ: Да се надополнам, тука спаѓаат и сатанистите од т.н. The Satanic Temple, кои влечат корени од ALV, меѓутоа се суштински атеисти со либерални, левичарски идеологии кои се борат за правата на народот.
Сите другарчиња на Mенсон преминаа во христијанство, еден ден и тој ќе изненади, ќе се веселите и за него, ќе запеете Kумбаја мај лорд !