Може линк од карминот? Иначе и јас лани се мислев меѓу nude нијансата и црвената ама секако црвената ми беше повеќе за овој период. Нека светка
Бев во продавницата прееска , го пробав карминот. Порачката ја откажав и решив да видам како во живо. Ја пробав nude нијансата, и не знам вака на определено светло се гледа глитерот, се мислев дали црвената нијанса да ја земам дали оваа и не се одлучив па баталив. Црвениот сега за празнициве потоа кај да го носам. Мислам дека не вредат 19 евра за карминот. Ама на крај ќе видиме може да сменам мислење. Вака траен е јадев пиев уште си стои. Еве како изгледа на сонце Инаку си го купив гелот за веѓи
Многууу ми се допаѓа оваа нијанса на nude. Скроз е мат или има крем конзистеција. Не знам како да опишам Кажи ми претпоставувам ова е за Грција. Кај нас онлајн не сум ги видела, а гледам и на кико милано српската страна ги нема се уште.
Да скроз е мат. Да да во Грција е ова. Од минатата недела ги има онлајн, а од понеделникот низ продавниците. Убава е бојата, само што кај посветлите нијанси толку глитерот не се познава. Ова се течни мат кармини. Има и баш како кармин исто вакви светликави, само се хидратантни и се по металик.
Си ја купив и пудрава , дали некој ја пробал? И на средството за миење лице решив да му дадам шанса Нијансата ептен си ја погодив , пудрава е покривна ама не е пре мат да изгледа како маска на лицето. Содржи хијалуронска киселина ми рекоа На пример unlimited ми беше ептен мат а веќе не ми е премасно лицето зима особено.
Јас од кико имам неколку работи. Соленки се со цените, но поголемиот дел од стварите стварно вредат. Сум купила неколку моливчиња за очи, ајлајнер, руж, лабело, пудра, четка и сите ствари се покажале топ.
Вчера купив сенка за очи и имаше залепено двојна декларација, па од радозналост почнав да ја одлепувам и забележав дека датумот на употреба не е ист на двете декларации. И покрај тоа што прв пат купувам од таму козметика, после убавите зборови што ги слушам за истата, кај мене има сомнеж, веќе никогаш да не влезам во дуќан, а камо ли да купам нешто
Ова повеќе делува на датум на производство со рок на траење. Која е иначе поентата на една иста декларација да има 2 различни години? Да беше различно на декларациите ај некако, ама вака?
Различен е датумот. На горната декларација од 16-01-2024 до 15-01-2027 А на долната стои од 15.9.2023 до 14.9.2026. Не е убаво сликано и во одлепувањето се оштети целиот датум. Има рок на траење, но коментирам заради манипулација со датумот
Девојки, брендов го обожавам!! Признавам дека е скапичко, но вреди секој денар дефинитивно. Една топла препорака од мене, за сите што сте како мене и не сакате тешки пудри. Има предобар состав, содржи spf, не е тешка на лицето и мене лично ми го прави лицето многу убаво и сјајно, има glow ефект. Со средна покривна моќ е. Ова е единствената пудра што стварно ми се допаднала, имам доста осетлива кожа, лесно се иритира и се исфрлам многу, и ниедна од дрогерискиве пудри не ми одговарала и не ми се допаднала толку многу. Имам и неколку карминчиња и сјај за уста од кико, исто сум презадоволна али бб пудрава е врвот, не планирам да ја сменам во скоро време со друга.
Јас го користам веќе долго време и ми одговара, никаков проблем не сум имала. Ете, нека се надоврзе и некој друг ако го има користено.
Јас ги користам редовно откако ги донесоа, не оваа пудра една друга, но и камени пудри, сенки за очи, моливи за веѓи и усни, што не. Одлични ми се, добро и што вратија пак онлајн нарачки. Најмногу ми се допаѓа што конечно има нијанса на пудра толку светла како за мене. Од дрогерискиве сум од најсветлата како портокал. Не сум имала никаква иритација, а многу ми е осетливо лицето.
Па ако тебе ти одговара, не значи по дифолт дека е со добар или чист состав. Ако ти подразбираш дека има добар состав само затоа што твојата осетлива кожа не реагира лошо на кремот, тогаш си во заблуда. Добар состав значи чисти состојки, што поприродни, без тешки хемии. Кремов има хемиски филтри кои се познати по своето влијание врз ендокриниот систем, како и силикони. А тоа се состојки што јас лично ги избегнувам, оти мојата кожа лошо изреагира на крем од една од најкористените и најизвикани козметички линии што се користат во Мк, а замисли, немам осетлива кожа воопшто. Може и да ми одговара кремов, ама не би го користела, оти горенаведените состојки ги избегнувам колку што можам. А се залетав по кремов, признавам, ми треба тониран крем со фактор. Ќе треба сепак да барам нешто друго.