Девојко, јас само споделив мое искуство со производот, на никој не му ставив пиштол на глава да го купи. Ако ти не би го купила, супер, има некој што ќе го купи. Нема потреба да вергламе тука и да ја полниме темава со оф топик. Стварно немам време, а ни намера да се убедувам на форум за глупости. Поздрав, секое добро.
Не е дека тераш некого да го купи, проблемот е што шириш дезинформации. Барем не пишувај ништо за состав ако не знаеш.
Кико е солидна фирма, мене ми се бендисват најмногу сјаевите и кремастите моливи за усни. Сигурна сум дека за соодветниот тип на кожа би одговарале и пудрите хајлајтери бронзери и друго. Спрема многу брендови е подобар реално, а за составот не знам, за природен не е нити некој спомна такво нешто, да е природен одма од старт би се знаело. Така да...
Така е. Јас само кажав дека има spf, кога реков добар состав, значи за мене е добар, мое мислење. Не мора да значи дека за други ќе биде добар, во ниту еден момент тоа никој не го спомна ниту наговорив некој да го земе. Не спомнав дали е природен или не е. Ако некој сака да го купи, ќе го купи и без моево мислење, исто така и ако не сака, нема сигурно јас да му го сменам мислењето, ниту па имам нешто од тоа, не ме плаќаат кико да ги рекламирам. Не знам што толку фама се дигна околу една бб крема, побогу, its not that deep. Македонска работа, одма паметни да се прават и предавања да држат. Фала ти во секој случај што се надоврза.
Дали може да ми препорачате добар прајмер и дали се нанесува и на очниот капак? Сенките ми се ронат и ми се размачкуваат…некоја помош?:/
Јас оваа ја користам. Единствена пудра што ми се совпаднала со нијанса, не е тешка, ептен лесно и природно стои на лицето, и има добар избор за нијанси ако си многу бела.