@extraordinary Да, колку што знам, 30% попуст ќе има. И на официјалниот сајт гледав дека попустите почнале од 14-ти ноември и ќе траат до 30-ти, па би требало и кај нас да е вака. Инаку на Фешн Груп има намаление на одредени производи веќе
Да се самоцитирам, година подоцна - пудрата е добра и покривна, но оксидира многу лошо. Буквално 5 нијанси потемна и портокалова.
Како да ги поскапеа малку производите за усни или така ми се чини? Балзамот што си го користев беше 420 кога го купив последен пат, сега е 640. Па и сјајчињата кај и да е ќе надминат илјадарка. Кико ли е, Сефора ли е.
Just Cavalli? Тие па ептен претеризам. Убави им се производите, стварно сум презадоволна ама сепак е сјај за усни, не гледам разумна причина да кошта 25€. Тоа е основен продукт, секој ден ставам, се троши.. ако давам толку на секое за сјај, кај ќе ми биде крајот. Најубаво сетот од три сјајчиња да го земам, во него го има и балзамот што го користам. Најисплатлив е. Ако не го поскапеле и него, што чисто сумњам.
Јас кога работев таму 2022/2023 сјаевите беа по 400/500 денари, а сега се по 800/900 потполно разбирам за сјај толку е скапо стварно, а иначе има многу добри работи што вредат секој денар
Ќе се чекаат ама еве денед бев и имаше попуст на сјајчиња со рок уште два месеци, така да кога има попуст би ве советувала и рок да гледате.