Колку реално чини превод на книга? Каде да се најдат добри преведувачи?Ако има некој искуство нека пише.
@cresa-jagoda ако е со 500 збора една страна тогаш е 100 ден страна, до обем 50 страници. Ако се повеќе има простор за договор. Јас преведувам од англиски на македонски јазик
Зависи од самата книга, колку страници, колку зборови има и колку е комплицирана за превод. На нет имаш огласи за преведувачи од кој јазик сакаш. Ако ти е потребен преведувач можеш и ти да пуштиш оглас, па ќе ти се јават заинтересирани.
Толку преведуваат оние што не се професионални преведувачи. Ако сакаш квалитетен превод тие 100денари не се доволни ни за 1/4 страна..
100 денари за една страна е срамна цена. Со оглед на тоа што секој што мисли дека знае јазик се смета себеси за преведувач, опаднаа критериумите и цените за добар превод со текот на годините. Сведоци сме на милион неквалитетни, буквални и бесмислени преводи. Дури читав и дека некои клиенти се ценкале со преведувачите за мизерни 60 денари од страна. Ако текстот/книгата што треба да се преведе е стручна, нормално бара повеќе истражување во таа област, со самото тоа расте и цената. Постојат и препораки за тарифирање. Според ова, цената на една страница не треба да изнесува под 600 денари. Ако треба преводот за многу кратко време да се предаде, повторно цената е повисока. Сум слушала дека некаде наплаќаат и по 400 денари од страна, што сепак не е исто што и 60.
Sudski Prevod e 350-400 den strana .Cena od 600 den strana e mislovna imenka. Prevod na kniga mnogu pomalku odi.Se e kako se pazaris.