Koja работа е најдобра за вас ? Овен (21.03- 20.04) Клучни особини: Ентузијазам, креативност, топлина. Како лидери имаат сјајни идеи, но не сакате да се занимавате со детали. Професии за вас: Претприемач, продажба, филм/ ТВ, брокер на берза, војник, спасувач. Професии кои треба да ги избегнувате: Секоја канцелариска работа. Точно! Баш сакав да бидам војник,ама колку сум градена за таа професија,да си поќутам подобро ...
Koja работа е најдобра за вас ? Бик (21.04- 20.05) Клучни особини: Одлучни, вредни, лојални, тврдоглави. Уживаат во решавање на задачите од врвот па надолу. Професии за вас: Инженер, програмер, техничар, административен асистент. Професии кои треба да ги избегнувате: Секоја работа која вклучува преголем финансиски ризик. Колку сум си ја погодила професијата и сама не сум била свесна Програмер и единствена друга работа што сум ја работела административен асистент.
Стварно сакам наставничка да бидам. Ама, ќе си работам и како ветеринар иако не е креативна работа тоа. Два факултета ќе завршам.
Ова повеќе би одговарало на сестра ми одколку на мене... скоро се... не... само ветеринар ќе и одговара. Јас како што сум гадлива, уште тоа ми треба... но се сложувам дека ми треба професија со независно мислење.
Вага (23.09- 22.10) Клучни особини: Дипломати, уметнички настроени, интелегентни, неодлучни. Поради тоа што одлично функционирате под притисок, најдобро е да работите во партнерство со други луѓе. Професии за вас: Архитект, дизајнер, правник, советник, уметник. Професии кои треба да ги избегнувате: Конвенционални професии каде недостасува креативност и независност. Болдираното е точно за мене, другото ни најмалку. Не сум некој што би цртал цели денови. Наместо тоа, радо би решавала математички задачи и читала книги. Креативна, само во смисла на измислување дејствија. Најдобро да работам со дргуги луѓе? Ц! Мразам работење во групи...
Јарец (22.12- 19.01) Клучни особини: Амбициозни, снаодливи, трпеливи и авторитетни. Мотивирани и натпреварувачки расположени какви што сте ќе направите се за секој проект кој го работите да биде најдобар. Професии за вас: Финансиски работник, менаџер, бизнис- девелопер, доктор, тренер. Професии кои треба да ги избегнувате: Работа во која нема простор за напредок. Точно . Се е точно .
Јас девица сум и ништо не е погодено, баш сакам да работам со различни луѓе и да уживам во стекнување нови пријателства, и не сум толкав перфекционист...а можеби и стрелецот како подзнак ми влијае
Близнаци (21.05- 20.06) Клучни особини: Досетливи, паметни, прилагодливи, неодлучни(многу сум неодлучна на пр. ко одме о кафич и сега сите си нарачуваат што сакаат а јас уште се мислам недај боже сум). Добри се во мултитаскинг, но сите работи брзо им се здосадуваат, така што многу ви е тешко да се концентрирате на еден проект подолго време. Професии за вас: Медиумски работници, огласување, маркетинг, возачи, доставувачи. Професии кои треба да ги избегнувате: Канцелариски работи премногу ориентирани на детали. професиите ми ги згрешиле обратно требало освен медумскиот работник е тоа сакам
Бик Клучни особини: Одлучни, вредни, лојални, тврдоглави. Уживаат во решавање на задачите од врвот па надолу. Професии за вас: Инженер, програмер, техничар, административен асистент. Професии кои треба да ги избегнувате: Секоја работа која вклучува преголем финансиски ризик. Изгледа сум ја утнала професијата
За тоа паметни и досетливи, самата за себе не можам да кажам. Ама затоа, луѓето кои ме опкружуваат ме опишуваат како таква. Инаку се` е точно, само професииве не ми се по ќеф, тие дефинитивно за мене не важат. :geek:
Вага (23.09- 22.10) Клучни особини: Дипломати, уметнички настроени, интелегентни, неодлучни. Поради тоа што одлично функционирате под притисок, најдобро е да работите во партнерство со други луѓе. Професии за вас: Архитект, дизајнер, правник, советник, уметник. Професии кои треба да ги избегнувате: Конвенционални професии каде недостасува креативност и независност.
Риби (19.02- 20.03) Клучни особини: Сочувствутелни, интуитивни, флексибилни. Визионери, како што на пример бил Алберт Ајнштајн. Најдобро работите во ситуација каде можете да ги остварите вашите фантазии. Професии за вас: Уметник, дизајнер, психолог, забавувач, хуманитарец. Професии кои треба да ги избегнувате: Секоја работа која има физички или психички напорен распоред. точно
Водолија (20.01- 18.02) Клучни особини: Аналитични, паметни, инвентивни, упорни, тврдоглави. Пријателски расположени и самостојни, се снаоѓате во односот со скоро сите луѓе, но може да имате проблеми со искажувањето на вашего спротивставено мислење. Професии за вас: Развој на апликации, ветеринар, научник, инженер. Професии кои треба да ги избегнувате: Секоја професија која го оневозможува независното размислување и спротивставените ставови. Нешто е точно, нешто не
Овен (21.03- 20.04) Клучни особини: Ентузијазам, креативност, топлина. Како лидери имаат сјајни идеи, но не сакате да се занимавате со детали. Професии за вас: Претприемач, продажба, филм/ ТВ, брокер на берза, војник, спасувач. Професии кои треба да ги избегнувате: Секоја канцелариска работа. Јас пак баш сакам некоја канцелариска работа.