KTG Solutions

Дискусија во 'Барање работа' започната од GirlLove, 3 септември 2025.

  1. catloverb

    catloverb Нов член

    Се зачлени на:
    11 јули 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Baraat, i razgovarano e ama dzabe, samo kje ti kazhat kje pochekame ushte malku za prijavuvanje i tolku
    Platata na raka samo..
     
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    18.112
    Хахха а бе му се може, ко му дозволува закон......

    Ццц.

    Бегај што побрзо
     
    На Isabela23 и HappyAsItGets им се допаѓа ова.
  3. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    236
    Да ли може да ми објасниш што точно се работи, ми делува како напорна работа многу и дали се работи од дома цело време и колку треба англиски да се знае. Ти благодарам!!:):)
     
    Последна измена: 26 ноември 2025
  4. Sandra_Sandra

    Sandra_Sandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Дали оваа фирма се наоѓа во зграда на ујп во куманово или грешка сум? Дали некој е запознаен
     
  5. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    603
    Не е таму, зарем одма под нос на УЈП :D
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    18.112
    KTG Solutions.. Пак нов оглас.....
    Некој, нов муабет за нив?...
    https://kariera.mk/job/EIgDmW0S0kmG5XFZp27Chw/amazon-virtual-assistant-data-administrator

    Сега велат поќе биле, Почнавме како тим од 3 луѓе, денес сме над 64 членови и имаме планови да надминеме 70 до крајот на годината.

    КТГ СОЛУТИОНС ДООЕЛ: Amazon Virtual Assistant - Data Administrator
    Share on FacebookShare on LinkedInShare on XSend on E=mail
    КТГ СОЛУТИОНС ДООЕЛ лого

    Amazon Virtual Assistant - Data Administrator
    Плата од 30.000 ден. до 60.000 ден.
    Објавен пред еден ден КТГ СОЛУТИОНС ДООЕЛ Активен до 02.04.2026 Позиција: Маркетинг/ПР/Дигитал Локација: Работа од дома
    За Компанијата

    KTG Solutions е основана во 2022 година во Куманово. Нашата главна дејност е Amazon PPC (Pay-Per-Click) рекламирање.

    Почнавме како тим од 3 луѓе, денес сме над 64 членови и имаме планови да надминеме 70 до крајот на годината.

    Нашата мисија е да им помагаме на брендови да растат преку стратегиско рекламирање и анализа на податоци. Работиме со брендови кои продаваат на Amazon.com, но и во повеќе држави низ светот преку глобалната мрежа на Amazon.

    Работни услови:

    Почетна плата: 30,000 денари, со голема можност за напредок бидејќи сме брзорастечка компанија
    Слободни денови: по 6 месеци следуваат минимум 10 дена годишен одмор, во согласност со позицијата во компанијата
    Хибриден модел: работа од дома или од канцеларија во Куманово или во Скопје (аеродром)
    Целосна обука и постојана поддршка, не е потребно претходно искуство со Амазон
    Динамична, меѓународна средина со јасно дефинирани патеки за раст и развој
    Брзорастечка компанија со простор за напредок
    Дополнителен бенефит: по 3 месеци вработените влегуваат во програмата Friday’s Off, каде што секоја недела по еден член од тимот добива платен слободен петок. Во пракса, тоа значи дека секој вработен добива еден слободен петок приближно на секои 5 до 6 недели
    Позиција: Amazon Virtual Assistant

    Во оваа улога ќе:

    Одржувате дневна комуникација со клиенти преку Slack и редовни неделни состаноци
    Следите перформанси на кампањи и извештаи
    Извршувате задачи поврзани со Amazon PPC
    Соработувате со вашите менаџери, кои се први контакт лица
    Добивате поддршка од Upper Management за вашиот кариерен развој
    Учите на неделни learning состаноци со теми поврзани со работата со клиенти
    Барања:

    Познавање на англиски јазик
    Одлични компјутерски вештини
    Солиден компјутер кој поддржува непречено работење во Google Chrome, Google Spreadsheets и Excel
    Внимание на детали
    Организациски способности (управување со повеќе задачи и рокови)
    Тимска соработка и добра комуникација
    Одговорности:

    Проверка и корекција на внесени податоци
    Асистенција при подготовка на податоци за анализа и деловни процеси
    Генерирање извештаи врз основа на внесените податоци
    Редовна и професионална комуникација со клиентите, која е еден од најважните аспекти на работата.

    Еве ги има на company well

    https://www.companywall.com.mk/kompanija/ктг-солутионс-дооел-куманово/MMAg9n10
     
    Последна измена: 19 март 2026
  7. ***Snow***

    ***Snow*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2023
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Дали можи некој подетално да кажи за фирмата дали можи само од дома да се работи пошто сум од друг град и за интервју ме интересира и дали англискиот треба перфектно да се знае?
     
  8. someguy

    someguy Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Поз, нов сум на форумов, се регистрирав баш поради оваа тема, оти и јас се пријавив на огласот.

    Иначе, газда на компанијата е овој
    https://www.linkedin.com/in/bojan-stojkovikj-61009b184/

    Оваа, најверојатно му е жена
    https://www.linkedin.com/in/angela-despotovska-stojkovikj-206438346/

    Според companywall просечен број на вработени на компанијата е од 0 до 5, така да тимот од 70 и кусур души на огласот го нема никаде на хартија, затоа што само газдата, жена му, сметководителката и уште некој близок се пријавени.

    Жената што се јавува од македонски број за интервју и што зборува англиски е оваа
    https://www.linkedin.com/in/megon-stefanovski-8000b83a4/
    Најиронично е што интервјуто е телефонски, наместо видео повик, што уствари би било и дел од работата.
    И еве колку заработува она од секој што ќе го регрутира, дури им пишува и на вебстраната
    https://www.ktgsolutions.net/partners/recruiters

    Истиот газда има и други маркетинг агенции регистрирани на иста адреса во Куманово

    https://www.companywall.com.mk/kompanija/некса-маркетинг-дооел-куманово/MMBC8P5R

    https://www.companywall.com.mk/kompanija/нувиовеј-дооел-куманово/MMBOpclD


    Минимална стапка за ваква работа кај нас е 5$/саат entry level, или месечно 840$=717,95 EUR=44.153 МКД

    Минимална стапка за ваква работа во Америка или некоја друга странска земја е од 15$ до 25$ саат.

    Разликата на минималните стапки е 10$ од саат, уствари ќарот за газдата.

    Сеедно, почетна плата они нудат 30 000 МКД, нецели 500 ЕВРА непријавен првите 6 месеци, мада сумњам дека некој воопшто е пријавен и после тоа, ако се земе предвид дека фирмата е основана у 2022 и три години според companywall просечен број на вработени е од 0 до 5.
    У секој случај оваа плата е мала и ако се земе фактот дека си непријавен и трошиш интернет и струја од дома, имаш работно време од 8 саати иако работиш од дома, а понекогаш може и вон работно време да вршиш средби со клиенти, а самото вршење средби со клиенти е голема одговорност, пошто просто од нив ги земаш парите, а и правењето извештаи и работа со броеви не е баш лагано, а и понекогаш треба да одиш у канцеларија на состаноци и дополнителни обуки (трошок превоз).
    Оваа работа е "хибридна", демек фриленсер ама со работно време и понекогаш одиш во
     
    Последна измена: 13 април 2026
    На Alex.T, Поврзаност, Fraxinus и 6 други им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    18.112
    Ти благодарам, за исцрпниот одговор.

    Да си здрав и жив.

    Е за вакви објаснувања зборувам.

    Да не лутаме, да не трошиме време и енергија и пари и нерви.
     
    На Alex.T, Cutiepie123, HappyAsItGets и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. someguy

    someguy Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Значи, ја договорив као телефонски договор. Таа Мегон вика нема ниту NDA договор ништо (никаков доказ дека работиш за нив) првите шест месеци и плата на рака. Ми спомна дека мора две недели обука со скратено работно време од 4 саати и ништо не даваат ни превоз ни за бурек у тие две недели дур трае обуката :)
    Канцеларијата у Аеродром им е кај Тобако 2 карши Скопјанка некаде у тие новите згради.

    Ако ти се работи непријавена испробај се сама како фриленсер на некои од онлајн платформите, наместо да работиш пак како фриленсер за некојшто вика дека работата е "хибридна". Веруј сум работел како фриленсер у друга област 10% е данок на секој прилив од друга држава и платата е варијаблна секој месец, да не кажам според учинок иако има некоја фиксна стапка, па колку сработиш толку.
    Нешто слично е и ова, ама испрвртено е и фиксирана е платата за да му одговара на газдата, а најиронично е што и он до вчера бил фриленсер и решил да отвори фирма и просто ги користи сите у тимот од 70+ души.

    Јасно ти е да не објаснувам. Јас иначе ги баталив не идам на обуката.
     
    На Alex.T, Cutiepie123, HappyAsItGets и 2 други им се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.187
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    Е алал да им е на тие што работат непријавени и тоа дури цели 6 месеци. Стварно не знам како постојат ваквите фирми, ама за ќотек се и тие што им работат.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. someguy

    someguy Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    И јас истото се чудам како постојат. Кога работиш званично како фриленсер (хонорарно) ти стигаат пари на сметка, ако ти е прилив од странство 10% у УЈП и тоа е тоа. Приливот се води како додатна или повремена заработувачка и не мора да си пријавен. Ама како фриленсер имаш слобода да работиш за повеќе клиенти или фирми истовремено и немаш работно време туку временски рок па ти кога сакаш работиш од дома нормално у рамки на временскиот рок, се потпишува NDA или некој сличен договор чисто формално за доказ и веродостојност.

    Овде кај нас како функционира ова уште од 2022 со работно време што не ти дозволува да работиш и со други, и сериозни работни обврски и задачи за минималец на рака стварно не знам.
     
    Последна измена: 13 април 2026
    На HappyAsItGets му/ѝ се допаѓа ова.
  13. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    3.892
    Пол:
    Женски
    Знам дека во Србија постојат овакви фирми, ама платите им се баш како за на фрилесери. Еве конкретно една фирма дава над 1000 евра плата со договор си, но бидејќи не е регистрирана кај нас мора да плаќаш 10% и скроз од дома си.
    Овие со цел памет мислат дека можат да се извадат да не плаќаат придонеси за вработениот и да не го почитуваат законот. Можеле бар да склучат договор на дело или за надворешен соработник.
     
    На GirlLove, Polyincognito, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. someguy

    someguy Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    У Србија повеќето имаат регистрирано фирми и у Америка и тоа за ситни пари. Истово ова онаа Фон дер лајен најави дека ќе го има и у ЕУ за сите земји у ЕУ може да регистрираат фирма за само 100 евра. На пример некој од Чешка регистрира фирма у Франција, а нема ни канцеларија таму или има некој познаник па на негова адреса.

    Поентата за Србите и Америка ми е, работата ја зимаат по цена како за странски пазар а на работниците им ја даваат да ја работат како по локален пазар (многу поевтино од таа што фриленсерот може да ја заработи самостојно).

    Иначе NDA договори имам склучувано со многу фирми онлајн и не секогаш значи дека ќе ти дадат работа, просто те имаат у база, ловат таленти, и има многу расправи на други форуми околу оваа ситуација кога ќе договориш онлајн работа и ќе потпишеш NDA а после со месеци немаш никаква работа и просто баталуваш.

    Сеедно ова првпат слушам и се чудам како функционира со години за минималец на рака, непријавен никаде и згора на тоа имаш задолжително работно време со можност да работиш и вон работно време оти клиентите се од друга временска зона.

    Единствено плаќање на рака знам само за градежништво или растовар утовар работници и тоа ти плаќа одма истиот ден по завршување на работата. Исто како што ние плаќаме на молери, мајстори и слично...
     
    На eliesaab и злоба им се допаѓа ова.
  15. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    3.892
    Пол:
    Женски
    Знам за ова, конкретно за неколку ИТ фирми со регистрации во ЕУ, но канцеларии имаат во Македонија. Само не сум размислила колку ситно плаќаат за регистрација, такси вајда плаќаат во ЕУ државата за кај нас да не плаќаат или ептен ниско.
    Тоа е многу чудно и прв пас слушам за ова. И јас имам потпишувано NDAs за фирми со кој имам склучено работен однос, но твојов пример многу ми е збунувачки. Ако веќе имаш потпишано со едни, дали понатаму може и со втори и трети? Дали ти прават проблем?
     
    На mira.mira и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. someguy

    someguy Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Може. У тоа е и поентатата на целиот фриленсинг а од тебе ќе зависи како се ќе го менаџираш своето време. А ако фатиш повеќе клиенти сама како фриленсерка, знаеш што ќе се случи? Ќе заработуваш многу пари и ќе треба да регистрираш фирма и ќе немаш време да работиш за сите клиенти и ќе почнеш да ангажираш други фриленсери и фриленсерки да работат за тебе хонорарно и нема да ги пријавиш и ќе станеш како дотичниот од КГТ солутионс. Види му го Цвто од линкдин горе го споделив и хронологијата на истото и ќе сфатиш како иде сево ова.

    Иначе имаат и со бугарски пасоши фирми у ЕУ и сметки за нерезиденти.
     
    Последна измена: 13 април 2026
    На eliesaab и HappyAsItGets им се допаѓа ова.
  17. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    3.892
    Пол:
    Женски
    Го видов, вајда му се уште постоечки клиенти некои од фирмите само ангажира други луѓе за ситно да работат. За пасошиве имам слушнато, но фирмиве што ги знам газдите им немаат бугарски.
     
  18. someguy

    someguy Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Да де истите клиенти и кога работел и тој како фриленсер.

    Не ги знам точно правните услови за отворање фирма у ЕУ држава remote со сметка за нерезиденти, верувам тие што ги знаеш имаат такви фирми. Такви remote фирми отвораат и у Америка. А и у Америка и у ЕУ правните услови вариаат од држава у држава, од стејт до стејт.
    А ова со бугарските пссоши не го кажав за никого конкретно, ама има илјадници со БГ пасоши коишто уште на времето полесно довлечкуваа коли на старо од Германија и верувам дека имаат некои подобри услови и за отворање фирми у други ЕУ држави а и самата Бугарија е у ЕУ. Со БГ пасош просто имаш и адреса таму некаде у Бугарија.
     
    Последна измена: 13 април 2026
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  19. someguy

    someguy Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Друга работа клучна конкретно за оваа фирма и огласот е: Две недели неплатена обука со скратено работно време од 4 саати. Обука на којашто наводно учиш како се извршува работата ама притоа и вршиш некоја работа под закрила на обука, неплатена. Шемата е викни 10тина на обука и ќе завршат работа неплатени.
    Или ангажирај 10тина непријавени плата на рака па после речи им дека веќе не работите и пак така у круг процесот цело време.

    Проста паралела би била љубовна врска и брак.

    Оваа фирма нуди љубовна врска.

    Сличен оглас видов за Diners коишто нудеа 45.000 МКД плата и бенефиции како здраствено и пензинско осигурување.

    Оваа фирма нуди брак.

    Ова чисто за паралела :)
     
    На HappyAsItGets и злоба им се допаѓа ова.
  20. Diabito

    Diabito Нов член

    Се зачлени на:
    15 април 2026
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Другар работеше таму и обуката му беше платена нешто многу ситно но само ако се вработиш инаку не. Платата е премала, а одговорноста голема, многу често треба прекувремено да работиш со клиентите бидејќи ти доделуваат неколку а иста ти останува платата, празници се работи (дури и кога за компанијата е неработен ден, ако има нешто незавршено се очекува да се вклучиш и да го завршиш), колку и да зема таа жената за реферал бонус ти ако сакаш некого да препорачаш земаш 100 евра и тоа под услов он да помине обука и работи 3 месеци. Работата дефинитивно воопшто не е лесна особено ако немаш работено претходно со амазон и бара постојана комуникација и различни задачи покрај тие репорти, дури и работа за викенд. Не знам само како поминувал газдата непријавен толку време, освен тие 4-5 души никој не бил пријавен, немаш буквално никаква можност за напредок (спротивно на огласот) и иако само викале ќе те пријават апсолутно тоа не се случува, после 6 месеци ти давале годишен одмор колку нив им одговара според твојот наводен успех во компанијата.
     
    На HappyAsItGets и GirlLove им се допаѓа ова.