Да се разбереме работава е фриленсер, хонорарец или приватно работам. Како сакакш наречи ја. Тоа што таму некој имал желба да се стори газда и да отвори канцеларија у некој си пренаменет стан у Аеродром е друга работа. Пак е фриленсер и тој. Не знам за другар ти, ама мене на телефонско интервју (не видео повик) ми рекоа дека плата е 30 000 МКД за почетници и иде на рака првите шест месеци (непријавен) што е контрадикторно на закон и на самиот оглас на кој се повикуваат на одмор што следува законски у секоја фирма после шест месеци, нормално зборувам за платен одмор и зборувам за правно легална фирма и запазен работен однос, ама тоа не е оваа фирма. Земајќи предвид дека не си пријавен ништо чудно ко ќе дојдеш од одмор, ако воопшто ти го дадат, да начекаш ситуација дека всушност некој друг те заменил веќе, т.е. примиле друг на твое место, пошто и онака никој нема договор у фирмата. Се работи за странски клиенти и сензибилни информации за профит и маркетинг, а не се потпишува ниту NDA договор за чување деловни тајни. Кој кого сака може да издаде кога и на кого сака. Ако се земе фактот дека плаќаат на рака испаѓа дека освен мејлови ти како вработен немаш никаков правен доказ дека работиш за овие. Доколку ова беше според закон и во ферски рамки, тогаш треба: после обуката да те евалуираат и да одлучат колку плата заслужуваш. Иако некој не работел ова, не значи дека не може да научи за тие две недели обука, да научи технички компјутерски софтвери, па можеби заслужува и повеќе од почетна. Еден месец непријавен и плата на рака е најферски од иста причина за евалуација, да види он колку ти знаеш и умееш, а и ти сам да видиш дали оваа захтевна работа вреди повеќе од тоа што го нудат или не. Ама чим шест месеци непријавен, тоа значи дека ќе те гураат уште шест месеци, дур не се откажеш, а они ќе најдат друг и така се у круг истиот процес. За реферал бонус, може да кажам само, какво лицемерие и иронија, човече... Ццц. Они не работат според закон и правила, а се оградуваат на некои нивни правила. И која е всушност улогата и работната задача на HR регрутерката? Она нема ниту правна обврска, не ни иде да те пријавува за придонеси, нема никаква законска должност, ако се земе фактот дека и она не е вработена според закон у фирмата. Нејзиниот збор вреди исто колку мојов прдеж. За платата веќе пишав горе дека просто ја фиксирал за да може да те краде на саатница, оти тој така го заработува профитот на саат и тоа околу 15-25$/саат, па сеа ти види. А и сам кажа дека се работи и прекувремено и за празници и во ниедно време оти клиентите се од странство и од други временски зони. Почитта мора да биде взаемна, инаку се вика покорност. Ако он не почитува закон и правила, зошто тогаш јас треба да ги почитувам неговите правила? Кажи му на другар ти да ги очекува деновиве УЈП. Ај поздрав
У право си за све што напиша, само гледам пак си имаат огласи секаде и на кариера, вработување, па и ФБ ми искочија. УЈП свесно замижува пред ваквите ''фирми'' додека без проблем даночи пари од студентите што биле на work & travel. За жал, верувам дека УЈП апсолутно ништо нема да им направи. Вака си врват од 2022ра, а како што гледам и уште многу натаму у иднина ќе продолжат.
Само да те исправам, во Србија има вакви фирми бидејќи прагот за плаќање данок е многу висок (годишно мислам дека е повеќе од 30 илјади евра), што значи дека ако зарботуваш помалку од тој праг, немаш обврска ниту да пријавуваш примања, ниту да плаќаш данок. Плус во Србија со наполнети 16 години можеш самостојно да си уплаќаш за стаж и пензиско осигурување и да стекнеш право на пензија, а да немаш ниту еден ден стаж во фирма, односно цел живот да го поминеш како фирленсер. Ние можеме да мислиме што сакаме, ама Србија е далеку посоцијална држава од нашава.
Zdravo na site, mene me povikaa na obuka vo ponedelnik za ovaa firma konkretno, sega po sevo ova shto go citam se dvoumam i dali voopsto da odam - da gi otkazam ili pak kraj kraeva da gi iskoristam jas tie dve nedeli na obuka da naucham neshto plus so bi mozela ponataka da go iskoristam.. Sovet, thankss
Фирмава со шеесет и кусур вработени, непријавени си работи турбо веќе неколку години??? Како бе така, зарем до сега некој не ги пријавил газдите, никогаш инспекција ли ги нема прочешлано. Ај еден, двајца, тројца непријавени е класика и тоа ми е неподносливо, ама шеесет и кусур??? А студентите требале данок да им плаќаат, сакаат луѓето двојно да ги оданочот, а вакви фирми си работат без проблем. Срамота дно од држава сме.
Тој што е газда е кумановец и не пријавува. Вероватно треба луѓето да си пријавуваат почесто во трудов и пазарен инспекторат да се исчешла тоа и да се види што е проблемот. Дали дава договор некаков итн. Согласно законот за ЗРО, не смее да држи не пријавени луѓе. Тој што почнува, треба да инсистира да биде пријавен од прв ден и да добие потпишан договор. Ако ќутат само колку да ја доијат работата, ќе има и искористување. Колку почесто инспекции се пријавуваат, толку побрзо ќе ги остварат луѓето своите права. И покрај тоа што граѓаните немаат доверба во институциите, не е исто кој ќе пријави некој. Еднаш, два пати, пет пати. КОлку треба, толку. На пример за 2025 година просечна нето плата била 23.000 а во 2024 била 27.000. Значи фирмата одела надолу кон неликвидност. Или пак нашле луѓе што ќе им работат за кикирики.
Нема 60 души, освен ако ги држи сите како хонораци - непријавени. Ни стаж ни здравствено ни бутур. Пријавени му се неколку души само.
Накај 60 души има вработено сигурна сум, ама фрапирана сум дека никој не е пријавен. А огласи фрчат, си се шират во Скопје…Страшно. Уште пострашно ми е што има толку многу луѓе на куп што би работеле непријавени.
Мислам дека дури и повеќе од 60 се како што пишува по огласите, сигурно многу пријавувале во текот на годините ама никој ништо не направил. Човекот си пере пари у велико и никој не го закача, стварно не знам у каква држава живееме, можеби па и е нечив син или роднина па затоа така си се провлекува низ годините, а за луѓето може и немале друг избор, огласите за вработување какви што се сега е страшно, најголем дел не викаат на интеревју или те гоустнуваат или пак ти кажуваат дека продолжиле со друг кандидат. Без пари дома не се седи особено кога требаат така да може затоа и работат така.
Имав и јас интервју. Истите услови ги нудат секому: 30.000 на црно, на рака. Не прифатливо, се разбира. Не сакам магарешки уши да си видам на главата кој ќе се погледнам во огледало како Том во цртанот Том и Џери.