La La Land(2016) После сите прочитани коментари, од филмов имав преголеми очекувања, and oh boy how wrong was I. Oд аспект на глума, костимографија, музика, сценографија филмот е неверојатен, и тука нема што да се коментира. Ема и Рајан имаат докажано одлична хемија, и убаво е да ги гледаш како пар. Ама лично, приказната воглавно не ми се допадна, освен крајот кој беше солиден. И знам некој го стави во типот на 500 days of summer, ама мене тој ми е далеку подобар филм. Не знам, можеби ми е до периодов, и не сум расположена за ваков тип на филмови, па имам одбивност сега, ама не ги достигна моите очекувања. Не викам дека е лош, само очекував нешто повеќе во приказната за да има толку номинации и награди. 7/10 Спојлер од мене има големо плусче што е многу обрнато внимание на деталите, колку многу сцени се поврзани со Казабланка, и плус кога двајцата стануваат несреќни престанува и пеењето. Тоа ми беше за пофалба.
И јас го гледав La la land. Убила ме туџа срамота, али плачев на филмот. На некои сцени де, и ПМС е крив. Филмот содржински не е ништо повеќе од филмчињата базирани врз делата на Спаркс. Не ми остави никаков впечаток, а уште помалку да биде номиниран за најдобар филм. Но, но. Никако. Костимографија, музика, глума ок. Ма музика одлична. Ама приказна досадна, веќе видена. Просечна лимонада филм. И кога веќе филмот е толку бајковит, требаше и крајот да биде таков, а не да плачам. Ок, плачев и кога Ема/Миа си замина, кога прекинаа. Оценка:Никако Оскар!!!
Znaci se na se film za klinki. Ic da ne se trudam da go baram! Nejkum knigi i filmovi od Nicholas Sparks.
Не е до толку лош, ама не е приказна за Оскар. Мене ми е веќе видена. Инаку од друга страна, имаш одлична музика, сценографија, костимографија, глумата е одлична. Мјузикал. Јас би го гледала, ама Оскар не му давам.
Ќе земе Оскар за музиката, има фин саундтрак филмот. Мене ми беше доживување целата приказна и не е така површен ко што го опишуваaт сите. Барем јас така мислам. Светлосни години далеку од Спаркс! Не е плитка P.S. I love you сторија, туку постои нешто многу повеќе и нешто многу посуштинско во нивната приказна; двојните животи кои ги живееја, џезот како појава и уметност, а на крај секако ги „плесна“ суровата реалност, мислам, живот сладок - не може да бидат бајковити сите врски, тоа сите го знаеме. Мене баш ме потресе онаа сцена при крајот, каде Себастијан ја препозна Миа во толпата и ми беше 'someone in the crowd' момент. Не е воопшто клише, баш е реално - во некоја хипотетичка ситуација, јас како голем емотивец, дури и да немам повеќе никакви чувства кои емотивно ме врзуваат за некого, би се скаменила на лице место доколку си препознаам некој кој ми значел онака како што Миа му значеше на Себастијан и обратно. Спомени. Да завршеа заедно среќни и весели со 5 деца...немаше да биде тоа тоа.
Ама не нова приказна. Значи веќе видено. Од содржински аспект зборувам, филмот не понуди ништо ново. Се е очекувано, па и крајот. Си ги остварија соништата, секој продолжи по својот пат. Рајан ми беше ептен допадлив во улогата. Неговиот сон, упорност ме воодушеви. И мило ми е што на крај успеа. Кога знаеш дека си добар во нешто, знаеш и дека ќе успееш. Добрата глума и одличната музика го прави филмот да кажеме за нијанса поинаков од оние на Спаркс и нему сличните. Во ред, ете немаше патетики, лигавања, ама просечна љубовна приказна преставена во мјузикал, изнесена од добра актерска екипа, па музика, сценографија и сл. И тоа го прави филмот поинаков. А и ствар на вкусови.
Сè е веќе некако видено во љубовта прикажана на филмското платно Јуле, а границата меѓу слатко и патетично кај ваквите филмови е многу тенка. Јас очекував дека ќе останат заедно, барем така мислев - дека ќе успеат некако да останат заедно, ама ќе бидат несреќни. Затоа можеби и поинаку ја доживеав приказната и затоа велам дека многу е реален филмот, па тоа некако драстично го оттргнува од лимунадестите Софи Кинсела приказни. Па и песните, закон!
Реален е. Секоја љубовна приказна е реална. Да останеа заедно, немаше да успеат да ги остварат соништата. Ама пак, ја жртвуваа љубовта. А имаа прекрасна љубов и хемија. И не знам дали вредеше. Јас од таков човек не би се откажала, како што беше Рајан во филмот.
Еве и тема. Се крена доста прашина за филмот, 14 номинации за оскар, и поделени мислења. Како што кажав, има простор за дискусија, се надевам ќе се вклучат повеќе членови кои го гледале филмот.
Го гледав по номинациите и искрено го замразив во моментот кога видов дека има купишта номинации. Ништо повеќе не ми беше мене од филмчињата на Спаркс, ако го изземеме фактот што е мјузикл. Љубовни филмови ми се далеку од омилени, сè е некако фејк и клише. И овој филм не се разликуваше. Особено кога се погледнаа во џез барот на крај и демек треба да врескаме од возбуда што тоа се случи. Како што кажав, поодбивен ми е бидејќи е номиниран за толку оскари, па луѓето се испотресуваат. Да не се кренеше толку фама, можеби подобар впечаток ќе имав. И сериозно, ова е најдобриот филм од 2016 па да е номниран?
Прво се мислев дали да го гледам у кино. Па се мислев дали воопшто да го гледам. Тотална утка е да правиш мјузикл со факинг ПОП песни.Рајан и Гослинг ми немаа некоја хемија. Ми се чинеше како да има голема возрасна разлика меѓу актерите а не е така. И двајцата немаат којзнае какви вокали али не е ни битно ако го земеме в предвид шармот на Рајан. Приказната ништо посебно но... ми беше ептен естетски pleasing... Шарен техноколор со силни бои. Читав дека посебно внимание и многу време е посветено на тоа. Не знам дали заприметивте дека дури и фустанчињата на цимерките се совпаѓаа со бојата на sидовите во нивните соби. Да, се согласувам со Мишелка дека најверојатно ќе земе Оскар барем за саундтрак, немаше толку силен одек за останатите номинирани. Мене сепак Whiplash ќе ми остане милениче.
Кога мислам на Ла Ла Ленд не се сеќавам како на романтичен, љубовен филм. Таков впечаток остана со мене. Кога мислам на Ла Ла Ленд имам некое смирено убаво чувство, како да се потсетуваш на некој дел од животот кога ти се случило нешто убаво. Не знам дали добро ќе се изразам, но така некако. За мене фокусот на филмот е сонот на еден музичар да отвори сопствен клуб каде ќе се свири музика по негова душа и на една млада девојка да стане актерка. И колку и да изгледа тоа лесно на филм, во животот навистина не е. Дека е можеби веќе видено, да. Дека нема некој особен емотивен хајлајт барем според мене, нема. Тоа што филмов го направи пријатен за мене, ќе речам пријатен затоа што спомнав погоре убави чувства ми остави, е комплетната изработка. Сцени, музика, глума, гардероба... За наградите што ги доби можеби е незаслужен, но според мене барем не го ставајте во иста категорија на филмовите работени според книгите на Николас Спаркс.
Како што пишав и во темата за рецензии, мене ми се допадна филмов - а романси не ми се најомилен жанр, уште помалку па сакам онакви апла лигави и клише љубовни филмчиња. Ми се допадна и ми го задржа вниманието затоа што и јас го доживеав на ист начин како што опиша Кравче. Можеби не е некоја оригинална приказна, но таа тема на амбиции и остварување на соништата на двајца уметници (што и мене ми беше хајлајт на дејството) беше многу добро претставена... а за разлика од клише романтики - на тоа паѓам Плус и од естетски аспект е прекрасно реализиран, музиката и тие неколку преубави сцени... Значи и според мене не е филм на годината, ама и далеку е од тоа дека е љубовна приказна од типот на оние на Николас Спаркс или пак дека како мјузикл е на ниво на High School Musical
Само што го изгледав па да споделам мислење. Апсолутно нешто поинакво од многубројните романтики,веројатно од таму произлегува номинацијата за оскар,не е воопшто плиток но сепак не би го сместила ни во оние длабоки срцепарателни приказни. Бајковита приказна од 2 часа што ми разбуди убави чувства,но морам да признаам дека на моменти ме фаќаше по малку досада . Олична сценографија, музика, правилно доловени моменти-пример Миа како што приметив не сакаше џез на почетокот, па потоа почна да ужива во него во име на љубовта спрема Себастијан, карактерот негов ме освои, упорен и цврст со силна верба во себе и во неа, dreamer . Некој имаше пишано погоре дека немало хемија меѓу нив, напротив, јас мислам дека баш си одговараа, се осеќаше некоја поврзаност .
Ne gledam mnogu filmovi moze zatoa i ne mozam da sfatam sto e tolku poseben filmov shto tolku prashina se diga za nego pa 14 oskari da dobie ili kolku i da bea
Се сложувам дека има убави сцени, музиката, сѐ тоа. Приказната и не ми беше ко оние на Спаркс, беше нешто пореална. Според мене, има голема утка, можело многу подобро. На моменти филмов ми беше толку досаден, што го загледував во позадина Васко Ефтов и десертот таканаречен Меланија. Мислам дека да не беше мјузикл и да беше направен на некој друг начин, ќе беше многу подобар.
Филмов го очекував со нетрпение да излезе и стварно ми се допадна. Посебно тоа што е мјузикл ми се допаѓа. Танцување и прекрасна музика. Добро сценарио,одлична сценографија, прекрасна костимографија. Особено важно добра комбинација на глумци. Искрено според мене треба да биде филмов за оскар ама не во 14 категории тоа е премногу.