Вака значи. Го гледав филмов на Валентајн со дечко ми во Синеплекс и можеби тоа ми беше најголемата утка. Сметам дека филмов требаше да го гледам сама, со голема кутија пуканки, за да можам да уживам во слободата на соживување со приказната. Искрено после сите позитивни критики и јас очекував многу повеќе, ама очекувањата се само мои, па се е до перцепција. Кога го коментирав филмот утредента, нешто не ми даваше мир да кажам дека е клише во целост, можеби затоа што има елементи кои јас ги имам преживеано па некако допре до мене. И како и на кравче, и мене ми беше смирувачки некако. Нежна, фина љубовна приказна. Вака од самото гледање нема некоја голема поука или поента, ама кога човек ќе прочита повеќе различни критики откако ќе го изгледа, ги согледува и убавите и не толку убавите моменти, па си креира свое мислење и си извлекува свои заклучоци а аналогно и некоја поука. Мене многу ми се допаднаа најпрвин филмските ефекти, глумата и музиката. Досадна ми беше промената на сезони, премногу време оставаа при натписите "пролет, лето, есен, зима". Исто така на еден момент приказната течеше нежно и некако суптилно, за веднаш после тоа да следи силен звук и брза промена, што не ми се допадна. И така, ништо не е направено без поента и поука, се е до нашата перцепција и како ние ја примаме пораката....
Го гледав пред неколку дена. Според тоа што има многу номинации за Оскар очекував да биде доста поинтересен. Глумците се фантастични, исто така и музиката и сцените, но нема некое дејство кое ќе те натера да се внесеш во филмот и да не ги тргнеш очите од екран. Mислам дека имаше доста подобри и повозбудливи филмови годинава.
Филмов е интересен само заради поинаквиот пристап.Ме потсетува на старите филмови,од златното време на Холивуд а и сакам мјузикли. Инаку приказната ми беше лимонада.Крајот беше убав,премногу млади беа,на почетокот на своите кариери за се да завршеше поинаку. Музиката,одлична.
Со оглед на тоа што три дена го гледав филмот со паузи е доказ за мене дека беше прилично здодевен. Како за филм со најмногу номинации и освоени награди очекувањата беа доста високи. Ме натера да се потсетам 2017год кои се беа номинации, Ема добитник за најдобра женска улога би рекла таа година и слаба конкуренција, Рајан за краток период без предходно искуство во свирење успеал да научи пијано, пофалби но пред него далеку подобри и Ч.Афлек (Манчестер покрај море-презаслужена победа и доста добра глума на Д.Вашингтон во Fences) доста јака конкуренција. Единствено што ми се допадна како целина беше нереален приказ и тек на настаните со доста реална содржина и завршеток.
Мене ми се допадна. Музиката ептен добра, си ја слушав. А всушност, кој филм доби Оскар таа година? Џабе проверувам на гугл, кога пак ги мешам.
Филмот е интересен и држи внимание, има позитивен вајб, концептот е оригинален, музиката и кинематографијата одлична за што има освоено награди во односните категории, има добиено исто така оскар за најдобра актерка, режија, продукциски дизајн. Во 2017 на 89 - тото доделување на оскарите - оскар за најдобар филм доби Moonlight (2016) на режисерот Бари Џенкинс, исто така Мархашала Али доби оскар за споредна машка улога за истиот филм и филмот освои исто така оскар во категоријата најдобро адаптирано сценарио. Во категоријата споредна женска улога оскар освои Вајола Дејвис за филмот Fences - Огради.
Многу е убав La La Land, и јас би ги доделила истите оскари. Жанровски дали го сместуваме во романтичен, дали мјузикл, филмот е нова класика. Јас прашував за главниот Оскар. Нели имаше збунка таа година, прво прогласија еден победник, па испадна друг. Е па оттогаш ги мешам и не можам да запомнам кој беше добитник. Можеби затоа што го немам гледано Moonlight.
Ла Ла Ленд е одличен филм, потполно се согласувам со се што напиша Во врска со грешката околу прогласувањето на победникот за најдобар филм точно е дека имаше замена на ковертите односно им беше даден погрешен коверт на Ворен Бити и Феј Данавеј како презентери кои требаше да го соопштат добитникот за оскар за најдобар филм, прво беше прогласен филмот Ла Ла Ленд па потоа се извинија и го прогласија вистинскиот добитник на оскар во категоријата најдобар филм - Moonlight (2016)
Moonlight заслужено доби награда за најдобар филм споредбено со La la land, иако двата филма се сосема друга, спротивна содржина и жанр, но Moonlight е филм со огромна тематска тежина
Се согласувам дека Moonlight e одличен филм кој е доста тежок за гледање, не е спорно дека оскарот е сосема заслужен но и Ла Ла Ленд е исто така одличен, жанровски се сосема различни но и двата филмови се исклучително квалитетни.
Феј Данавеј и Ворен Бити Е добро, белки овој пат ќе запамтам каков беше исходот за Moonlight и La La Land. Други филмови кои често се помешани со добитници на главниот Оскар: - There Will Be Blood, овој сигурно ќе освоеше да не постоеше No Country for Old Men кој уште повеќе го заслужи најголемото признание - The Revenant, таа година Spotlight беше во фокусот, исто така заслужено, ама The Revenant остана повеќе популарен (за мене овој филм е квалитетен rip-off на Legends of the Fall) - Brokeback Mountain ја изгубил трката од помалку познатиот филм Crash Иии верувале или не - Citizen Kane на Орсон Велс не го освоил Оскарот за најдобар филм, иако денес важи за еден од најдобрите филмови на сите времиња (не се малку тие што велат дека е најдобар) Како и да е, сите наведени се оскаровци наградени со статуетки во разни категории.