Сигурно ви е веќе добро познато ова мексиканско ресторанче, дали сте пробале од нивната храна и што ви се допаѓа најмногу? Според мене дефинтивно едно од подобрите места за take-away храна и тоа превкусна! Одамна сакав да пробам некое бурито, и конечно денес се почастив едно ролињо... прсти да излижеш колку е ДОБРО, едвај чекам да одам пак да пробам нешто ново. А тие што не биле, правец на кеј одма до Бела Виста нема да го утнете.
Стварно е прекрасно местенцево. Бев викендов и го пробав буритото гвакамоле, абе мераци е Со дечко ми имаме договор се да пробаме од овде. Вкусна храна и прилично евтино е
Гвакамоле ми е и мене омилено, авокадото му дава посебен шмек Иначе газдата на Ла Пуерта ми е долгогодишен пријател и од прва рака знам дека здравата храна му е приоритет, а и него од кога го знам (12 години веќе) цело време здраво се рани. Пилешкото го зема со некоја посебна контрола дека нема некои штетни адитиви (заборавив како се викаше тоа). Така што за тие што сакаат здрава храна ова е навистина добра опција. Ја имам осетлив желудник и кога јадам хамбургер или некоја брза храна после тешко ми е на стомак, ама од буритово ништо не ми е.
Јас ги имам пробано ролињото и фреш бурито, многу се добри! Првото е баш по мој вкус, со пилешко, карамелизиран кромид, сос од мед и сенф и зелка/морков салата... уууфф колку е добро а кошта само 90 денари. А следниот пат сакам да пробам чизи или криспи бурито... примамливо ми звучи.
Вчера бев пак во La Puerta и имаа ново бурито - пролетно ролињо се вика, го пробав и МНОГУ ми се свиѓа! Свежо и превкусно е, пробајте го.
Јас прв пат пробав од ла пуерта веге бурита и не ми се допаѓаа. Ама кога пробав од другите ммммммммммммммммногу вкусни пробајте