Прекрасни парфеми, премногу блиски со оргиналите, можам да речам дека разликата е во траењето,ако ставиш оргинал ќе трае 6-7саати, а овој 3 саат. Прекрасни се, моментално ги имам овие два
Копија е на јаболкото на Нина Ричи, само не сум сигурна дали на розевото или црвеното, ама мислам црвеното.
2-3 пати го имам земено овој, а тоа значи дека сум супер задоволна - да не се мислам колку пати сум прснала и да се штедам п.с. На зима го користев.
Јас го имам Madame in love Добар е, трае. А во една парфимерија кога гледав нешто со една другарка го мириснав и Cash, беше во комплет со дезодоранс и парфемот, околу 400 денари беше мислам, ама најверојатно оти беше околу 8ми март.
- Има во Ким во ГТЦ - Во уште неколку помали парфимерии во ГТЦ,ама име не ми текнува - Во рамстор маркетот неколку има, но не многу избор - Пазарче/Битпазар - Помали парфимерии - Џоана парфимерија ( има во Кисела Вода,и Драчево) - И во Бисер исто,Ким парфимерија
па и не би рекла баш и дека оргинал парфем трае 6-7 саати, може да се каже 6-7 денови, зависи до парфемот Hекои по 2-3 дена, а некои и цела недела.-секако ако си се прскала по облеката зборам,облеката мириса долго време Aма за 300 и нешто во ташна ќе си го ставам, абре ќе си се шприцам на 2-3 саата, мојот од LA RIVE толку трае, 2 саата, ама ете понапред пишаа дека и до парфемот е, некои подолго траат, како и да е убави се
Пред 2 недели го купив овој Ми се свиѓаше. Се осеќаше по неколку саати на мене. Но, последниве денови приметувам дека веќе го нема истиот мирис, и после 10 минути воопшто неможам да го осетам. Не знам зашто така се смени Баш ми е жал.
Си се навикнала на мирисот и затоа не го чувствуваш, не е до парфемот Многу пати ми се има случено тоа, после подолго користење на одреден парфем да мислам дека не се осеќа неговиот мирис, а повеќе луѓе да ме пофалат дека убаво мирисам, што значи тие го осеќаат, а јас не.
Ке ве молам да ми кажете во која продавница и по која цена го има chas-oт ама женскиот... На дечко ми му го најдов во парфимерија во Автокоманда 400 ден. Може ке најдев и поефтин ама во гужви бев и немав време да барам на др место...