Еднаш го имам пробано гелот од нив, ми го донесоа од Шведска. Чудо! Поубава кожата не ми била никогаш! Сакав да прашам дали ги има во Македонија? И дали некој има пробано некој производ од оваа француска колекција? http://www.laroche-posay.us/ http://www.laroche-posay.us/skintype-oily-acne-prone
Јас од La Roche Posay имам крема да ја наречам за мрсно лице што помага во врска со пори , акни , ја добив кремава на наградна игра од фејсбук и се уште не сум ја пробала , изгледа се користи нешто и ко прајмер , кога ќе ја пробам ќе пишам
Јас имам читано многу позитивни критики и доста е популарен брендов... Ефаклат дуо е крем кој многу го фалат за третирање на акни
За жал нема во Македонија, а ми е омилена колекција. Ги има во Србија, ете Коритсаки ги нашла во Грција, се надевам набрзо ќе ја донесат и кај нас. Многу е слична со Avene, а и тука негде е со цените.
Денес видов дека La roche-posay ги има и во Зегин на Бит Пазар(кој е во кампусот факултети нема да мора да оди до Капитол). Прочитав дека сте задоволни од Effaclar линијата и дали би можела да ја комбинирам кремата Effaclar Duo со Logona пената за лице или ќе морам да ја купам целата линија за да има ефект?
Па можеш и таа пена да ја користиш , потоа кога ќе ти се потроши можеш гелот да го земеш од истата линија и да ги комбинираш со кремата сигурно има подобар ефект
бутеркуп можеш ли да ми кажеш цени на ефеклер дуо+ кремот и гелот за миење на лице ..секако ако имаш прилика да одиш до аптеката зошто сакам да ги купам а не сум од скопје ...
Девојки по толку позитивни критики за ефеклер дуо+ ги земав кремата и гелот за миење лице,бидејки мака си мачам со масна т зона и црнки,меѓутоа приметив дека на образите знае да ми се појави како црвени точки и како да се засушени,по мое мислење мислам дека кремата ми го предизвикува ова бидејки неколку пати не ја ставав,само го користев гелот и немав такво нешто,и сега незнам што би можело да биде,имал ли некој вакви последици и дали треба да престанам да ја користам,скапо ги платив и баш се расочарав поради ова..
Женски сакам да земама крем за лице,овај мислам дека го фалевте во друга тема.За мрсна и проблематична кожа,се думам дали да го земам,дали вреди......и оваа линијата Effaclar е за мрсно лице?