Go baram jas niz Bitola ama zasega nigde go nema. Vo Eurofarm mi kazhaa deka zaradi pandemijata i situacijata so granicite nemale novi proizvodi od La Roche Posay vekje nekoe vreme.
Јас најдов други производи на La roche, ама 90% беа за мрсна кожа и кожа склона кон акни.. За нормална и сензитивна кожа многу мал избор. Здраво девојки, знаете кај има крема со заштитен фактор на La Roche?
Некоја од вас можеби ја пробала кремата во боја од линијата ефаклар? Барам нешто за потоплите денови здравје , дали го бива ова за масна кожа?
Јас ја имам оваа крема, одлична е за пролетен период. Покривноста е средна, изедначува тен и несовршености. Секојдневна е и лесна. Што конкретно те интересира? Јас имам користено се од ова, гелот премногу ми ја суши кожата, имам комбинирана но сензитивни кожа, а кремите ги користам секојдневно во зависност од пригодата и потребата. Сите 3 се одлични! Лосионот, бар за мене, ништо посебно.
Од овие производи ги имам пробано скоро сите (само не спф кремата и таа со нијансите) Ефаклар обичната крема да бидам искрена во врска со акните мене не ми помогна. Ако ти треба секојдневна крема за ден/ноќ , ок е. Лосионот е добар , а и гелот за миење лице исто е супер. Го имам пробано и синиот и зелениот Цените се околу 1000ка од производ(горе доле). Кремата неколку пати ја имам купувано од Зегин во ГТЦ , околу 820 денари беше.
Таа со спф е супер. Иста како обичната. Ми помагаше за флеки, но не и за бубуљици. Инаку, ја направиле 1200 денари. За тие пари не вреди.
Пред една недела го купов гелот за миење и кремата effeclar duo, и лицето ми се влошува. Не знам дали е нормална реакција или не ми одговара? Ми вади болни акни речиси секој ден, па не ги стискам и се сушат за неколку дена. Исто така и кожата на некои места како околу уста,околу нос и кај веѓите почнува да ми се лупи. Земав уште еден крем од истата линија на база на пантенол кој смирува и регенира, и не знам после колку време да очекувам резултати. Делот на лицето кој ми е прикриен со маска дури сум на работа, ми е во најблага форма кажано катастрофален!
Штом си земала Пантенол ти имаш сува кожа,а ефаклар е за мрсна кожа. Мене ми е одличен јас второ пакување користам.
Нормална до комбинирана кожа. После миење не ми е затегната кожата, ми одговара гелот. Сува не ми е, кремот со Пантенол го ставам само кај што ми се лупи кожата, моментално само околу уста. Приметувам дека ја регенерира кожата таму веќе. Мене прашањето ми беше, дали е нормално да ми излегуваат акни, излегуваат денес и после миење и нанесување крем, утредента ја нема, па нова ќе излезе.. Дали всушност тоа му е намената, да ми го исчисти лицето но со тоа што ќе помогне да избијат сите акни кои се спремале да излезат? Верувам нема после една недела да видам ефект којзнае каков..
@Chanell* не знам дали те имам прашано ако да, се извинувам. Дали си правела испитувања во врска со хормоните? Јас кремава кога ја користев немав проблеми со лицето, акни ми излегуваат една две само пред добивање...
На почетокот е тоа само, недела две максимум, потоа се чисти. Јас сум многу задоволна од нив, но ги користам само навечер. Преку ден користи ја само кремата со пантенол.