Ништо. Немам добиено циклус повеќе од 2години,породена пред една година. Верувам и ова игра улога. @Elence93 @buba4e89 Фала женски. Од сабајлево до сега еве, огромна разлика. Сабајле имав болни акни сега ништо, се смируваат и сушат. Навечер baume b5ја ставам, и убаво хидрира. Ма катастрофа комбинација на лице имам, и мрсни делови и суви, и чувствителна кожа склона на акни. А серумот сте го користеле? Видов има од истата линија ама не знам ни што му е намена..
Да да, секако дека игра голема улога и тоа што нема уште добиено, хормоните уште не се средени не се вратени во нормала сега те читам значи се сушат, од серум има од истата линија effaclar само тој го немам пробано. Го инав тој со витамин Ц и многу ми се допаѓаше само што имаат маана овие серуми со вит Ц, 3 месеци се користи од отворањето и потоа треба да го фрлиш. Јас ни до пола немав стасано и цело шише отиде во канта а богами не е евтин.
La roche effaclair линијата, гелот за миење лице во комбинација со кремата. А од Ординери помага ниацинамидот.
Може слика од кремата? Јас ја имам користено дуо + ама колку што се сеќавам немаше benzoyl peroxide. Ме интересира дали е истата крема.
Еднаш одамна ме интересираше кај нас кои се производи со benzoyl peroxide и знам дека исто наидов на оваа крема, но кога побарав во аптека, немаше benzoyl peroxide и си помислив дека не знам, кај нас и онака постари верзии се продаваат, па уште не е стигната новата верзија. Сега откако напиша Еленче, проверив пак, и навистина таа нема benzoyl peroxide. Што значи дека не се работи за истата крема, туку: - Effaclar duo има benzoyl peroxide - Effaclar duo (+) нема benzoyl peroxide. Мислам дека кај нас обичната Effaclar duo не се продава, затоа што можеби се третира како лек поради benzoyl peroxide и веројатно треба поголем процес за да се одобри за продажба, и тоа ако воопшто некој е заинтересиран да се замара со тоа. Вака мислам оти од La Roche Posay имаат и нивен производ со tretinoin, што како и сите tretinoin креми (заборавив како се викаше кај нас, порано се продаваше еден таков производ, мислам на А беше) се продава само со рецепта, односно се третира како лек. Па можеби и производите со benzoyl peroxide се третираат како лек за кој не ти треба рецепта, но сепак процедурата и трошоците за продажба на лек се сигурно поголеми отколку за козметика (како што всушност и се сметаат другите производи, иако се продаваат во аптека). Edit: Всушност и на самото пакување за едното пишува acne treatment/medication, на другото anti-imperfections: Спојлер
Да, имате право ова се сосема различни креми. Таа дуо обичната ја нема во Европа воопшто како што гледам
Девојки дали некоја има искуство при користење на козметикава поточно Ефаклар гел за чистење, Тоник и Ефаклар дуо + крем да се нафрли со големи црвени болни акни. Се мислам да не е (acne purging) нормално, или да прекинам со користење. Извини за таг, но ме интересира твое искуство, почнав да ја користам истава колекција и ми излегуваат мн болни црвени акни, како е кај тебе сега,се намалија ли,има ли ефект. Исто сум породена пред година време и лицето ми е катастрофа. Не сум сигурна дали да прекинам со користење или ова е само преодна фаза кон подобро.
@Zumbulche прво да провериш да не е некој проблем со хормоните. Да си бидеш сигурна дека не е до производите
Јас ги користам гелот и кремата од таа линија и искрено сум презадоволна. Сешто сум пробала низ годиниве и само тие ми се покажаа како спас. Можно е да ти излегува се на површина, па затоа. После две недели редовно користење ако не почне да ти се смирува тогаш пробај без тоникот, можеби тој ти ја пресушува.
Пред да останам бремена бев испитувала немав проблем со хормони, тогаш ми се средија акните со Акнефуг и Сона крема, но сега неможам да користам Сона бидејќи сеуште дојам. Сепак фала. Еве веќе месец ги користам. Првите две недели ги користев преку ден и како да ми се смири лицето, после тоа кога почнав секој ден ми се нафрли. Ќе го послушам твојот совет ќе престанам со користење на тоник па ќе видам дали ќе е подобро. Инаку кожата ми ја прават мн мека затоа очекував резултати.Дали може да ми кажеш после колку време имаше подобрување кај тебе. Фала на советот.
Година и нешто е долг период од пораѓај , па и плус претходно си проверувала , провери пак да не се сменило нешто во меѓувреме. Зошто вака џабе е што мачкаш ако проблемот е од внатре