Па не знам точно, али да речеме две три недели акните што ми беа поткожни како планини почнаа да спласнуваат и да се повлекуваат. Исто многу помалку ми се појавуваат пред циклус, за разлика од претходно.
Две недели траеше и се исчисти. Изгледа тоа му е намена првично, се да извади што треба да избие па да почне да го чисти лицето
Искуства со оваа крема , гледав многу позитивни рецензии дека помага за акни и обновување на површинскиот слој на кожата.
Благодарам , aко знаете препорачајте ми и некоj серум за флеки , гледав на eucerin dermopure triple effect серумот.
Ако мислиш на есенцијата, ја користам веќе два месеци и доста ми помогна, но околу флеките не ми помогна целосно. Поточно мене ми остануваат црвени флеки и повеќе имам флеки отколку акни .
Помага и за регенерација, мене ми го смирува и црвенилото исто и акни не ми излегуваат , освен кога јадам чипсови чоколадо тогаш нормално избиваат.
Мене ми беше добра. Не направи чудо ама не ми ни предизвика лоша реакција. Сепак на секоја кожа различно, обично ја фалат. Вреди да пробаш.
Кремата самостијно не знам, но во комбинација со гелот за миење од истата линија помага доста. Јас го користам плус и серумот, но е доста скап.
Еве од петок ја користам кремата, но почнаа да ми излегуваат акни малку болни на допир , дали е можно да е процесот на прочистување тоа , т.е да избие се на површина, чистење на внатрешноста на кожата?
Јас ја користам есенцијата и не ме исфрла ептен е добра. Серумот не знам каков е. Од кремата на ла рош само навечер ќе ставаш и помалце не премногу. Кремата е врв дади и шанса бар уште некое време ако приметиш нешто бетер да те исфрла тргни ја од рутината. Едноставно може и во таква фаза си моментално па случајно ти искочиле. Така беше кај мене на почеток кога почнав да ја користам ми се случуваше да искочи по некоја.
Не се премногу, ми имаат и порано излегувано, 4-5 акни од едната страна и од другата 2-3 , на челото не ми излегоа а обично нешто кога ме ми одговара ми излегуваат и таму и кога ќе го тргнам од рутината одма се повлекуваат. За 10 дена треба и да добијам може и од тоа е.. Не верувам да е од кремата ќе ставам уште една недела па да видам што ќе биде. Иначе двапати ставав пудра catrice true skin до сега ја немав користено незнам дали е можно од тоа ама кога ставив прв пат следните два дена не ми изби ништо.. А есенцијата е предобра јас ја користам два месеци и околу акните и црвенилото ми помага многу .